...На Киро му беше жежок асфалтот на патот
знаеме како се деси на Борис атентатот
сепак усти со лепак, секој си го крие вратот
секој по своето, но местово е мало...
...За се што поднесовме зборевте почеток нов ќе донесе,
живот полесен десет години после пак доле сме,
пак сме на исто, во исход без единство
ниво мисловно ниско блиско до исток,
следејќи ги трендовите од запад ќе испаднеме од мапа,
а кога падна клапа сите од иста мака патат,
видов, едни се чудат, други лудило глумат,
нема култура на нула, трула правна структура,
сум го осетил на кожа па можам да зборам
не треба да претераш во примање на пораз,
влези во кругот и нема друго, работна рака со тумор,
не се исплати трудот чекаме чудо,
од каде пропалици како син ти е зависник,
што друго со празен паричник кажи ми дали си размислил,
пак истите проблеми, ниски сме со цени, што ќе дадат земи,
доволно реми само време се смени нели?
Уште го држи кешот мала група луѓе,
ко да немаме наше се палиме по туѓо ѓубре,
реноме на редовен сме феномен,
константни промени,
прв народ во светот кој сам себе се победи,
некој друг е виновен, следи нов судир мировен,
наивно, по туѓ памет, за друга корист воден,
ваљда знаеш не зборувам за замислен предел,
можда е време да си помогнеме самите на себе...