Химната на ВМРО и АСНОМ

Статус
Затворена за нови мислења.

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878




Повеќе од шест децении исчезнува една заборавена химна за Македонија, која државните власти од минатиот политички систем најстрого ја забранувале. Неа ја пееле учесниците во Втората светска војна, патриотите, иселениците, дури и делегатите на Првото заседание на АСНОМ, но комунистичките власти подоцна ја прогласиле за пробугарска и целосно ја забраниле.

Песната има наслов „Изгреј зора на свободата“, а во неа се пее за слободата на Македонија.

По Втората светска војна комунистите почнале да ја сметаат за бугарофилска, зашто била напишана со бугарски и со македонски зборови, така што оние што ја пееле ги сметале за сепаратисти, бугарофили или за македонски националисти, се потсетуваат нашите еминентни етномузиколози, историчари, поранешни политичари, политички затвореници и стари сограѓани.

Речиси сите ја паметат мелодијата и ден-денес можат да ја запеат „Изгреј зора“, но ретко кој се сеќава на целиот текст.

- Ја пеевме во војната во четириесеттите години, кога тука беа Бугарите, па и малку потоа. Беше песна за слободата на Македонија. Ја пеевме на бугарски*, ама по ослободувањето ја забранија и малкумина имаа смелост да ја запеат. Низ глава ми се врти дека некои и в затвор заминаа оти ги фатиле како ја пеат - ни раскажува 81-годишната Спасенија Б. од Скопје.

Вакво кажување за песната има и нејзиниот брат, Блаже Б. (78), пензиониран лекар, кој во минатиот систем бил затворен на Голи Оток.

- Комунистите почнаа да ја сметаат за пробугарска и затоа забрануваа да се пее и да се свири. Еднаш бев во Галичник, а таму тој ден свиреа некои зурлаџии и тапанџии. Покрај нив беше еден галичанец - учител и тој побара да му ја свират, но зурлаџиите се правдаа дека не ја знаат. Тоа беа педесеттите или шеесеттите години. Галичанецот им ја свиркаше со уста, демек да им помогне да се сетат, но тие се плашеа и не му ја отсвиреа - се потсетува Блаже.

Според домашните историчари и поети, „Изгреј зора“ е адаптација на една стихотворба со наслов „Марш на македонските револуционери“, која како македонска народноослободителна песна во 1943 година ја преадаптирал мистериозно загинатиот револуционер и голем македонски поет, Кочо Рацин.

Неколку професори од Факултетот за музички уметности во Скопје велат оти денес никој не се интересира за „Изгреј зора“, иако некои од нив во минатото ја проучувале. Еден од нив е Ѓорѓи Ѓорѓиев, етномузиколог од ФМУ. Тој оценува дека песната има борбен карактер и е мелодија за војнички марш.

- Песната е со борбен карактер и претставува марш. Имала пролетерска мотивација. Постои теза дека тоа што ние го сметаме за бугарска е всушност руска мелодија, која преку Бугарија била пренесена кај нас, а во Русија дошла можеби преку Франција. Тешко е да се каже чија е оваа песна. Песните немаат сајбија - потпевнувајќи објаснува професорот.

Но, некои негови колеги нервозно одбиваат да разговараат на оваа тема.

- Ајде момче, да не ја компликуваме работата! Никој ништо нема да ти каже за песната - рече еден наш познат етномузиколог, кој сакаше да остане анонимен.

По дузина прочитани историски книги, летописи и документи од времето на АСНОМ и од Втората светска војна, никаде не пронајдовме податоци за „Изгреј зора“. Единственото место каде што најдовме пишан доказ за химната беа неколку броја на весникот „Нова Македонија“ од 1944 и 1945 година. Во еден напис од 30 ноември 1944 година останало запишано: „...Пре негу што започна конференцијата со својата работа, хорот на Младинскиот сојуз, под раководство на другарот Гајдов ги испеа химните „Хеј Словени“ и „Изгреј зора“, кој бева стојејеки изслушани“.

Во друг напис од 3 декември 1944 година од Битола, се пишува: „...Меѓувремено музиката засвирва „Изгреј зора на Слободата“ и другарот Турунджиев го дава знамето со повик: Ова знаме на Илинденското востание Ви го предавам и верувам дека ќе го чувате (силни ракоплесканија)“.

Во една збирка од група автори, со наслов „Македонски народноослободителни песни“, од 1974 година, пак, се вели дека песната е најверојатно од источна Македонија.

Изгреј зора на свободата


Изгреј, зора на свободата,
Зора на вечната борба.
Изгреј в душите и срцата
на всички роби по света!

Тирани, чудо ште направим,
Ниј чуждо иго не трпим,
С јунашка крв ште ви удавим,
И пак ште се освободим!

Јунаци смели пак развиха
Окрвавени знамена;
Комити нови забродиха
Из македонската земја.

Тирани, чудо ште направим...

Ечат гори, полја, балкани
От бојни песни и Ура;
Сноват борците-великани:
Напред, готови за борба!

Тирани, чудо ште направим...

Нас ништо веч не ште уплаши,
И тиј живеем ден за ден...
Свештени са горите наши ;
Из тех свободни ште измрем!


„Изгреј зора на слободата“ била единствената официјална химна што се интонирала пред делегатите на Првото заседание на АСНОМ на 2 Август 1944 година во манастирот „Свети Прохор Пчињски“. На втората страница во весникот „Нова Македонија“ од 2 и 3 август 1945 година пишува за првата годишнина од АСНОМ и интегрално се пренесува атмосферата во салата.

„Иницијативниот одбор за свикуењето на Првото заседание на АСНОМ, бурно поздравен, си го завзима своето место на бината. По тишината која после тоа настапи, громогласно одекна химната „Изгреј зора на Слободата“. Панко Брашнаров, најстариот член на иницијативниот одбор, со тих и дрхтав глас го отвори заседанието“, пишува во весникот.

Химната се пеела и пред народни собири, седници, конференции и празници.



*Недоразбирањето е во тоа што баба Спасенија вели дека во бугарско песната била пеена на бугарски јазик, а не дека песната е напишана на бугарски. За волја на вистината говорот на Македонците во источна Република Македонија со тој на Македонците во Западна Република Бугарија е многу сличен. А тоа што Бугарите го заборавиле својот (татарски) јазик не е наша вина. Воопшто не значи дека ако нешто наше превземал некој друг дека ние треба да се откажеме од тоа. Кога сме на пример кај симболите тоа се златниот лав или шеснаестокракото сонце.
 
Член од
10 мај 2008
Мислења
364
Поени од реакции
13
Браво бе мЛадичу .. си го имаш фатот со работиве !! Тотална подршка :)
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
kolku si smotan samo be bugle...
site makedonci sosema dobro gi razbiraat istocnite makedonski dijalekti.
a gledam i ti si naucil..
 
Член од
25 мај 2005
Мислења
142
Поени од реакции
0
Смотан си ти, каранчо, ова не е на никаков источен македонски диалект, а на литературен б'лгарски. Ама ти од дека да ги знаеш тиjа работи...
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Тоа што ти го викаш „литературен бугарски“, по правило изгледа вака:

Basında ve mecliste зok partili siyasal sistemi savunan bir anlayış oluştu.

А овој сегашниов кој го зборите, е само дериват од Македонскиот јазик...Подарок од нас, Македонците, за напатените татарчиња без култура.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Смотан си ти, каранчо, ова не е на никаков источен македонски диалект, а на литературен б'лгарски. Ама ти од дека да ги знаеш тиjа работи...
Makedonskiot literaturen i bugarskiot literaturen jazik se mnogu pobliski eden so drug otkolku makedonskite dijalekti i bugarskiot jazik.

Toa e zaradi vklucenosta na istocnite makedonski dijalekti vo makedonskiot literaturen jazik.

Ama od deka da gi znaes ti tie raboti?!?

I toa nema vrska so himnata - sepak taa e samo MAKEDONSKA neli. ;)
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Па како се преведуваат сите други песни од Македонски дијалекти во Македонски стандарден јазик, превод на оваа песна не би значело дека нешто „НовоМакедонизираме“ (како што би рекле Татарите) ... Бог да се чува.
 
Член од
10 мај 2008
Мислења
364
Поени од реакции
13
ХАН говори литературен „Бугарски јазик„ (тој твој литературен јазик и сите јазици кои се зборат до Русија се со потекло од Солун а Солун...не ќе да е Бугарија ). Потекнуваш од државата Бугарија којашто карактеристиката ДРЖАВА ја добила заради уредувањето кои и ја дале татарите.

А воедно... и вашите племиња Анти НИКОГАШ немале контакт со Македоснките племиња кои живееле на Македонска Земја.

Аххх .... што се не ќе сторат комшииве наши за да докажат дека тие постојат а ние не ! :tv:

А тоа дали ние ќе ставаме Ј, Ќ, Џ, Ѕ, или било која друга буква е само наша работа бидејќи НИЕ ЗНАЕМЕ како се прави тоа, нема да ни е прв пат да направиме АЗБУКА за разлика од Бугарите коишто само НАСЛЕДУВААТ култура ( Да не почнам за фолклорот ваш „Бугарски“ да зборам )

П.С. Македонија секогаш дава, никогаш не зема, за разлика од вас!!
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Темата е хумната/химните. Секое отклонување води до картони и бан. ...
 
Член од
10 мај 2008
Мислења
364
Поени од реакции
13
1. Бугарски литературен јазик
2. Српски литературен Јазик
3 Руски литературен јазик
4. Хрватски литературен јазик
5. Црногорски литературен јазик
6. Босански литературен јазик
7. Словенски литературен јазик
8. МАКЕДОНСКИ литературен јазик

Ова се јазици кои настанале од јазикот и азбуката на Св. Кирил и Методиј од СОЛУН. Сите овие јазици потекнуваат од словенскиот јазик чија намена била да го шири христијанството во стилот на ЦРКОВЕН јазик.

Со тоа што разните дијалекти на словенскиот јазик подоцна биле унифицирани од независните држави го добиле и името во твојот пример Бугарски Јазик ( литературен ) Доколку ние станевме независни пред вас Бугарите, вие денеска ќе зборевте Македонски литературен јазик. Си ги погледнал ли некогаш вака работите ???

Нашите Револуцинери од Македонија студирале во Солун и во Софија, кадешто имало Француски и Бугарски образовни институции како резултат на вашата независна држава тогаш. Истото важи и за Грците и за Србите. И тие имале свои школи.
Ти велиш: Без значение е и тоа коj какво школо е учил.

Јас ќе ти кажам дека има значење кој какво школо учел, затоа што пред 100 години Србите Бугарите и Грците граделе СВОИ цркви и СВОИ училишта за да можат да го придобијат населението преку перење мозок во врска со нивната национална припадност и чувства. И повторно ќе кажам дека ВИЕ имате независна држава во тој период исто како Грците и Србите што секако им дава огромна предност во инсталирање на тие „образовни“ центри. Дедоми кој е Македонец додека учел школо во неговите документи пишувало дека е Бугар, бидејки Бугарските окупатори тогаш наредиле така да се пишеме! Се надевам ова ќе ти даде патоказ каква е вашата политика кон Македонскиот народ.

Следното што сакам да ти го кажам е ова: Ако во 1903 Македонскиот народ се сметал себеси за Горд Бугарски Народ .. тогаш кажи ми ти на мене зошто тој народ не издржал 45 години за после втората светска војна да основа Источна Република Бугарија во која ќе се пишат како Бугари ?!?!

Мора едно да разбереш ... Србите велат дека НИЕ сме Срби, Бугарите велат дека НИЕ сме Бугари, Грците велат дека НИЕ сме Словени !

Момче ... НИЕ сме Македонци и тоа ќе си останеме !

Ние не се осеќаме како Срби или Бугари, НИЕ не ве сметаме за наши!

Во Бугарија има огромен број Македонци коишто повеќе не се осеќаат како такви, јас за тоа не им се лутам.. ги разбирам под каков притисок биле последниве 100 години ...

Ама затоа ние Македонците тука ќе си останеме тоа што сме, кој сака да го смени нашето мислење ќе мора да не убие.


П.С. Македонците во Егејска Македонија не беа убивани од Грците зошто се Бугари, туку дека се Македонци.
 
N

n/a

Гостин
Bugarofilite od MPO den denes ja pejat taa pesna na nivnite sobiri, sednici, itn...

http://www.macedonian.org/Convention/default.asp
Ни тој што ја протежира тука не е поразличен.
:toe:

Инаку...таа истата е и химна на побратимската им партија у Бугарија, БНД. Кој сака нека им иде на сајтот и нека види дека е така.

п.с Кога викам јас дека некој сака да ме заебава со разно-разни Хундѕи и Мировци дур на дело ја бугаризира Македонија...
:tapp:

Аман чукнете ја пепелницата. После ќе биде касно.
 
N

n/a

Гостин
Изгреј зора на свободата


Изгреј, зора на свободата,
Зора на вечната борба.
Изгреј в душите и срцата
на всички роби по света!

Тирани, чудо ште направим,
Ниј чуждо иго не трпим,
С јунашка крв ште ви удавим,
И пак ште се освободим!

Јунаци смели пак развиха
Окрвавени знамена;
Комити нови забродиха
Из македонската земја.

Тирани, чудо ште направим...

Ечат гори, полја, балкани
От бојни песни и Ура;
Сноват борците-великани:
Напред, готови за борба!

Тирани, чудо ште направим...

Нас ништо веч не ште уплаши,
И тиј живеем ден за ден...
Свештени са горите наши ;
Из тех свободни ште измрем!
Ова вака како што гледам...
а бе на чист македонски испеано.
:pos::pos::pos:
Него да ти кажам јас на тебе нешто,по со време:
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
201
Поени од реакции
1
Автор на песента "Изгреј зора на свободата" е Александ'р Морфов роден в Пловдив 13.01.1881 год. подполковник от б'лгарската артилерија. След като излиза в оставка (1922 г.), се отдава на музикално творчество. Основна цел на музикалната му дејност е обновјаването на военната маршова песен. Подд'ржа идејата, че патриотичните и в'зторжени маршове укрепват бојнија дух и повишават силата на армијата. Автор е на около 30 маршови песни: “Ниј ште победим”, “Настанал е вече боен час” (“Проштален марш”), “Изгреј, зора на свободата” (марш на македонските револјуционери от ВМРО), “Срештен марш”, “Војнишки хор”, “Стјагајте се, момци храбри”, “Атака”, “Здравејте”, “На штрек”, “В'лшебнијат орлјак”, “Напред за родна чест”, “Родна заштита” (в с'авт. с Г. Атанасов) и много други. Автор е на голјама част от текстовете на музикалните си творби и на либретото на операта “Запустјалата воденица” от Г. Атанасов. Един от пионерите е на б'лгарската хорова песен. Популјарни са неговите песни “Дамјан танец води”, “Баба Минковица”, баладата “Сејмени” и много други. Умира на 19 април 1934 г. в Софија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom