Значи ова не е само за Зурла, оти гледам и други се бунат...
Тоа што Коперник го поставил Сонцето како центар на универзумот точно, не е нова идеа. Но доаѓа од сосем попрактични причини..
Земјата како центар околу кој се врти се, и дотогаш познато не бил одржлив модел, бидејќи немало ни логична ни математичка формулација за тоа. Црквата држела догматски, но и црковните астрономи се мачеле да го опишат тој модел.
За Коперник нема многу да навлегувам, ни знам, ни претендирам дека знам повеќе..
Ама знам за дотогашните епициклични модели, кои не само што биле екстремно комплицирани, туку потфрлале на повеќе места. Ако го поправат движењето на една точка, се расипувало движењето на две други, и така во недоглед.
Тек со доаѓањето на Галилео и телескопот се добиле емпириски докази за тоа што веќе подолго време го знаеле..
Земјата не е, и не може да биде центар околу кој се врти се!
Единствено нешто што им фалело, а телескопот не можел да им го каже, е дека речиси сите орбити се елиптични, а не кружни!
Тоа дошло малку подоцна преку Њутн(и Лајбниц) и математиката која ја откриле, Калкулус.
Ни се свиѓало тоа или не... хелиоцентричниот модел е најпростиот модел кој објаснува се. И најбитно од се, е математички поддржан и може да се пресмета секое движење унапред (па дури и илјадници години уназад).