Верувањето (посебно во твојата категорија верување, во богови) не е практично применливо освен за осудување за туѓиот начин на живот.
Ти дава некоја сатисфакција како ти си најправедниот и најдобро веруваш. Глупости.
Во името на боговите, вие мразите наука и човештво и се што се труди човештвото да постигне и надмине. Едноставно се што не разбирате или треба знаење и читање и размислување, а оди контра верувањето во Исус (бидејќи реално и ти и другиот сте христијани и џабе се криете, муабетите ве издаваат, би умреле за боговите и би убиле за истите) вие ете глумите крстоносци - ќе го спасувате светот од наука бидејќи не може некој научник тебе да ти докаже физички закони... не гледаш дека ти и другиот сте неспособни и неуки за да разберете (намерно или не) туку маката е кај другите што не можат да ви докажат...
Многу бре вие разбирате однаука, вака ко верници - кај учевте наука? Средно техничко?
Се плашите од надминувања, се плашите од знаење - битно е само да верувате и да се надевате дека сте блажени и бедни по дух. И на секоја тема религиозно пристапувате и ги убедувате сите или ги навредувате како се е верување се е религија, креаторот ова креаторот она. Еми креатори распнува човештвото ако е за така, кога ќе претераат и тие со глупостите!
БИдете бедни по дух, верувајте во кој сакате бог, во која сакате религија, никој не ви брани, ама оставете ги другите што не веруваат во креатор и во останати религиозни сказни да си гледаат дворот

Не може религијата да ја опишува реалноста на светот - тоа е лага. Било лага, е лага и ќе биде лага! Доста со библии и куран и се останато кога зборувате за наука - инаку ништо не правиме. Ќе ви изгасиме струја и нема да летате со авиони - па плачете по манастирите на свеќа кај е светот и зошто така!
Реков, за „обичниот смртник“ многу мислите дека некој друг ви должи објаснување.
Не ви должи ништо бидејќи вие не барате знаење, барате да кревате врева со полуразбрани нешта и слушање на истормисленици кои снимаат видеа за пари и слава... но бидејќи ви ја задоволуваат вашата идеја за она што верувате - си терате религиозно-догматски сказни и се обидувате да ни докажете дека христијанството е вистинската наука за се - другите се сатанисти и го лажат светот.
Кај бре така, ве читам тука и добро е што сте во мистерии подфорумот. Кои глупости зборување напамет.
Не верувале во науката... еми кој те повика да веруваш? Не верувал другиот дека има гревитација... не знае што е маса, што е тежина и се му е исто...
Земете си крстот и терајте ајде, бидејќи ако не си земеш крстот, џабе кон Христос.
Ќе се прекрстев за малку од глупостите...