Не бе чедо, ќе да е обратно; авторите на денес плаузибилните теории се во непрекидно исчекување на мометот кога природата, онака сама од себе, ќе почне да се прилагодува на самите теории односно на теоретските модели (купишта зборови+математички равенки)...Хелиоцентризмот е базиран на обзервации и модели кои се предиктивни за реалноста и се софпаѓа со физичката реалност. Се друго е погрешно.
А ако природата нејќе да „упадне„ во теориите, дотолку полошо за природата.
Туку, што велат обсервациите? Дали некој до денов денешен обсервирал „вртење„ на Земјава околу Сонцето и зашто не?...
Автоматски споено мислење:
Што изнапиша бе момак? Што мешаш баби и жаби? Рипаш од тема на тема (иако се неспоиви...) и очекуваш некој од членовите да ги чита твоиве нафрлања и да одговара на секоја твоја реченица одделно?...На христијанинот ништо и не му е битно, не знае да живее со различни од него. Не му се битни другите! Сите туѓи идеали за христијанинот се зло!
Го знам јас тоа - а и другите го дознаваат!
Ништо не може да земаш здраво за готово! И претходно неколку пати реков дека не може секаде да ја вметнувате христијанската идеја дека некој само верува во нештата, како што вие верувате, а не знаете...
Што си се фатил за Кроули како слеп за стап, не знам...
Мотото што Кроули го користел во системот на иницијација гласи:
Гледаш? Наука бре сине - НАУКА!
И денес без наука и практична примена на нештата - не вреди ништо ниту кажаното ниту расправањето околу тоа.
Вие упорно ни велите едно та исто: гледате ли, чувстувате ли... од кога сетилата на човекот се врвното мерило за било што? Умот ги трга превезите на Изида и ја разоткрива природата преку атрибуции т.е. формули кои даваат поврзаност на нештата!
А од друга страна како верници и христијани кои сте убедени дека во библијата е дадена историјата на човештвото и универзумот - верувате во догми и никој не ве прашува дали вие гледате или чувстувате ангели, богови и слично...
Двоен аршин - по дома, не тука да прашувате за науката, а од наука немате ниту јота прочитано, не пак разбрано.
НАСА ова цртало, Њутн бил сатанист, масоните гадови расипани управуваат со човештвото и измислуваат тука планети и науката да е подобра од религијата...
Каде со овие муабети? И како тебе или на било кој што не се разбира од наука да му се докаже било што? Видеа да правиме како овие рамноземјашите?
Тешко тоа - подобро е да научиш дете квадратна равенка да решава, отколку возрасни како вас задоени со догма да ги убедуваш дека науката е практична примена на физички закони!
Ако сакам да спојувам наука со религија, ќе отидам кај протестантите, не кај Телемитите...