Не релативизирај...или тоа не важи за твоето псевдорелигиозно убедување?
Кроули навистина не бил бог, но земањето на неговите заблуди „здраво за готово„ како лично убедување, е исто што и религиозното убедување: „Не сум го видел, ама верувам дека е во право„.
Што рекле муслиманите за Христа Бога е битно колку што е битно мислењето од атеистите за Бог.
На христијанинот ништо и не му е битно, не знае да живее со различни од него. Не му се битни другите! Сите туѓи идеали за христијанинот се зло!
Го знам јас тоа - а и другите го дознаваат!
Ништо не може да земаш здраво за готово! И претходно неколку пати реков дека не може секаде да ја вметнувате христијанската идеја дека некој само верува во нештата, како што вие верувате, а не знаете...
Што си се фатил за Кроули како слеп за стап, не знам...
Мотото што Кроули го користел во системот на иницијација гласи:
The Method of Science
The Aim of Religion

Гледаш? Наука бре сине - НАУКА!
И денес без наука и практична примена на нештата - не вреди ништо ниту кажаното ниту расправањето околу тоа.
Вие упорно ни велите едно та исто: гледате ли, чувстувате ли... од кога сетилата на човекот се врвното мерило за било што? Умот ги трга превезите на Изида и ја разоткрива природата преку атрибуции т.е. формули кои даваат поврзаност на нештата!
А од друга страна како верници и христијани кои сте убедени дека во библијата е дадена историјата на човештвото и универзумот - верувате во догми и никој не ве прашува дали вие гледате или чувстувате ангели, богови и слично...
Двоен аршин - по дома, не тука да прашувате за науката, а од наука немате ниту јота прочитано, не пак разбрано.
НАСА ова цртало, Њутн бил сатанист, масоните гадови расипани управуваат со човештвото и измислуваат тука планети и науката да е подобра од религијата...
Каде со овие муабети? И како тебе или на било кој што не се разбира од наука да му се докаже било што? Видеа да правиме како овие рамноземјашите?
Тешко тоа - подобро е да научиш дете квадратна равенка да решава, отколку возрасни како вас задоени со догма да ги убедуваш дека науката е практична примена на физички закони!