Мислам дека Роналдо никогаш не се пронајде во Јувентус.
Ја спука со Перез и реши да замине, Јуве имаа најконкретна понуда, Jeep, скроз нова лига за него, аплаузот при маказите, му се поклопуваа некои работи за да се реши да оди тамо.
Но мислам дека никад не беше а и не се приврза он со Јуве како што треба.
Колку и да не е веќе тој шо беше ко млад, сепак кај Роналдо сеуште голема улога има емотивниот аспект врз неговиот перформанс (под тоа го сметам и неговиот его-буст систем и тоа е дел од емоциите).
Јунајтед е сосема друга приказна. Еден од неговите три животно омилени клуба, клубот кај што стана најдобриот, каде што го обожаваат, каде што сеуште татко му Фергусон влече конци. Инстантно ќе се претвори во суперсајонец штом ќе го чуе приемот од навивачите на Олд Трафорд.
Апсолутно НИШТО не губи Јунајтед со овој трансфер. Најмалку комерцијално а па уште помалку дури и играчки. Како би му наштетил на клубот? Ќе го закочи развојот на вечниот талент Марсијал? Ќе нема место ради него за камбекот на Џеси Лингард? Ќе се запалат покрај него Гринвуд, Џејмс и Рашфорд уште повеќе да се покажат. Прочитајте ги само реакциите на играчите на Јунајтед за неговото враќање, сите се испозапалени, од староседелци, преку јуниори, до Варан и Санчо како новодојдени.
Не беше Јунајтед тим кој има изградена филозофија и стил на игра, па сеа ќе дојде Роналдо и ќе го наруши концептот. Не е Јунајтед клуб кој беше фаворит за освојување на ПЛ и ЛШ па сеа доаѓа Роналдо и нема да освојат, па тоа ќе биде неуспех. Напротив, сите ги сметаа како клуб што од втор план може да се замеша за титула, сеа само добиваат дополнителен буст.
Одличен потег на Јунајтед, ова може лесно да им стане најдобриот трансфер рок што го имале во последната деценија.
Вива Роналдо, ќе ти ебев жената сислеста ако заминеше кај ќелавата превара.