Фудбалски/трансфер дискусии

Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Секаде кај што работел имал успех. Во Мајнц, Дортмунд и ПСЖ. Кои успех имале Лампард или Оле, во споредба?
Мајнц и Дортмунд дојде после Клоп, рачунај наследи готова структура и утабана патека! Во ПСЖ, ако е успех со Мбапе и Неимар да изгубиш титула во Франција, Ок успешен е!
Земо, јас сум фан на тој Мајнц-Дортмунд клан, ми се допаѓаше таа игра. Реално Тухел сам на свој памет и способност бил само во ПСЖ, неговиот престој таму јас не му го ставам во категоријата на успеси!
Мое лично мислење, не тврдам дека е апсолутна вистина, ама не е далеку ;)
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.306
Поени од реакции
21.756

Не е проблем да имаме различни ставови. Мајнц не го презеде после Клоп туку после Андерсен, тим кој тогаш влезе во прва лига. На старт имаше рекорд и тимот одлично играше и ја задржи лигата беа 9ти. Потоа годината беа 5ти влегоа во Европа. 2014 беа 7ми и се квалификуваа за Лига на Европа. Респектабилни успеси.

Во Дортмунд наследи распаднат тим, Клоп едвај ја спаси сезоната каде на зимa беа последни. Нe би рекол дека наследи готов тим. Таму имаше две рекордни сезони по бодови и сеуште е тренер со најголем просек на бодови во Дортмунд. Освои куп и еднаш беше втор во куп, беше во 1/4 финале на ЛШ каде испаднаа после терористичкиот напад. Го избркаа оти е тежок карактер.

Во ПСЖ имаше јак тим, не викам не, ама шампион во Франција, шампион плус куп и финале на ЛШ. Поголем успех од сите пред него во ПСЖ. Покажа и дека знае да води тим полн со диви.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.419
Поени од реакции
17.044
Секаде кај што работел имал успех. Во Мајнц, Дортмунд и ПСЖ. Кои успех имале Лампард или Оле, во споредба?
Еден успех во Псж, титулата во лигата не му ја рачунам таму и јас да одам моментално со Псж ќе освојам титула.
 
Доста со овие муабети. И така за Пеп викаат со оној Барса и Меси секој ќе успеел па никој не го оспорува.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Не е проблем да имаме различни ставови. Мајнц не го презеде после Клоп туку после Андерсен, тим кој тогаш влезе во прва лига. На старт имаше рекорд и тимот одлично играше и ја задржи лигата беа 9ти. Потоа годината беа 5ти влегоа во Европа. 2014 беа 7ми и се квалификуваа за Лига на Европа. Респектабилни успеси.

Во Дортмунд наследи распаднат тим, Клоп едвај ја спаси сезоната каде на зимa беа последни. Нe би рекол дека наследи готов тим. Таму имаше две рекордни сезони по бодови и сеуште е тренер со најголем просек на бодови во Дортмунд. Освои куп и еднаш беше втор во куп, беше во 1/4 финале на ЛШ каде испаднаа после терористичкиот напад. Го избркаа оти е тежок карактер.

Во ПСЖ имаше јак тим, не викам не, ама шампион во Франција, шампион плус куп и финале на ЛШ. Поголем успех од сите пред него во ПСЖ. Покажа и дека знае да води тим полн со диви.
Да, Андерсен го изумив! Како и да е, јас Тухел више го гледам како наследник на Клоп во Ливерпул него на било кое друго место! Сепак работи кои се проверени не треба да се мењаат :D
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Секаде кај што работел имал успех. Во Мајнц, Дортмунд и ПСЖ. Кои успех имале Лампард или Оле, во споредба?
Каков одговор. Секоја чест. Срамота би било да не биде подобар од споменатите после толкаво искуство. Јас те прашав зошто би бил добар за Челзи и што би направил конкретно подобро од Лампард.

И за какви успеси зборуваме? Титула во Франција со ПСЖ? Кој седна, освои. Во што се состои успехот во Дортмунд и Маинц поточно? Сигурно сум бил во кома скоро една деценија.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.337
Еден успех во Псж, титулата во лигата не му ја рачунам таму и јас да одам моментално со Псж ќе освојам титула.
Ако гледаме реално Тухел направи најголем успех од сите тренери кој биле во ПСЖ, титулата никогаш во Франција не им висеше и ги донесе до финале ЛШ. Не дека е некое ептен големо тренерско име, ама па тука на форумов го правите како Мојс да е.
Другите тренери се бламираа. секогаш испаѓаа во рана фаза во ЛШ, Анчелоти изгуби титула од Монпеље, а Емири од Монако.

Челзи ништо не губи ако го донесе, подобро со него да пробат него ли да заглават со Лампард само зошто е легенда на клубот. Или Тухел или Алегри, тие се слободни, нема нешто голем избор.
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.306
Поени од реакции
21.756
Каков одговор. Секоја чест. Срамота би било да не биде подобар од споменатите после толкаво искуство. Јас те прашав зошто би бил добар за Челзи и што би направил конкретно подобро од Лампард.

И за какви успеси зборуваме? Титула во Франција со ПСЖ? Кој седна, освои. Во што се состои успехот во Дортмунд и Маинц поточно? Сигурно сум бил во кома скоро една деценија.
Сакаш опширни тактички анализи или што? Тухел е докажан тренер со долгогодишно искуство со мали и големи тимови. Знае со звезди и со притисок да раководи. Секако дека би бил добра опција ако одлучат да го сменат Лампард. Тоа беше цел муабет. Има и други кандидати кои би биле не викам не. Ме подсеќава на муабетите кога Клоп појде во Ливерпул сомнежи дали ќе успее, итн. Иначе ако е до мене нека дојде во Дортмунд али за жал тешко пошто со управата се раскарани што не гледам да дојде до некое помирување.

И пак со ова титула во Франција. Па и тоа е титула или не е? Многу подценувачки муабети се овие. А верувал или не, има и тренери и тимови кои се успешни и без да освојат ЛШ, све е прашање на перспектива.
 
Ги оставам другиве работи настрана околу титулите, ПСЖ и перспективите.

Да, отприлика. Која е неговата филозофија, тренерски печат? Како се справува со големите ѕвезди? Бидејќи знам Нејмар дека глумеше повреда за да оди на роденден кај сестра му и по карневали, па тоа не ми изгледа како добар мен-менаџмент. Доколку си авторитет, нема на ум да ти падне такво нешто, ретзцимо.

Знае ли со млади фудбалери? Кој играч го ,,измислил", интегрирал во прв тим. Затоа што јас сметам дека е коректен тренер, ама не сфаќам зошто ,,секогаш е Тухел опција и решение за некаде" и зошто кога се зборува за него се зборува како за прајм Клоп, кога очигледно тоа не е.
 
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.614

Како е докажан ? Во германија има само 1 куп освоено. Ова титуливе во франција на 10 пати поголем буџет од другите па и не е нешто wow. Никој не вика дека Тухел е лош ама не е ни ништо посебно ко што се обидувап да го прикажеш.
 
А зошто ми стисна тогаш не ми се допаѓа на мојот пост за него кога и ти го делиш истото мислење ?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Ги оставам другиве работи настрана околу титулите, ПСЖ и перспективите.

Да, отприлика. Која е неговата филозофија, тренерски печат? Како се справува со големите ѕвезди? Бидејќи знам Нејмар дека глумеше повреда за да оди на роденден кај сестра му и по карневали, па тоа не ми изгледа како добар мен-менаџмент. Доколку си авторитет, нема на ум да ти падне такво нешто, ретзцимо.

Знае ли со млади фудбалери? Кој играч го ,,измислил", интегрирал во прв тим. Затоа што јас сметам дека е коректен тренер, ама не сфаќам зошто ,,секогаш е Тухел опција и решение за некаде" и зошто кога се зборува за него се зборува како за прајм Клоп, кога очигледно тоа не е.
Бонус на ова и што знае да се истрча и во јавност да ја коментира политиката на клубот. Знам дека летово си направи проблеми со тоа што јавно коментираше дека Тиаго Силва и Кавани си заминале за без пари што не било во ред. На крајот од краиштата ти си менаџер, не си финансиски директор, ако решил некој погоре дека ризикот да си одат без паричен надомест е исплатлив, нема што да се коментира вакво нешто во јавност.
 
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.614
А зошто ми стисна тогаш не ми се допаѓа на мојот пост за него кога и ти го делиш истото мислење ?
Па прочитај си што напишала па може ќе ти стане јасно. Има разлика од мислење дека Тухел не е нешто Wow и негово деградирање на толкаво аматерско ниво дека и ти ако седнеш на клупа на ПСЖ ќе освојуваш титули.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.419
Поени од реакции
17.044
Па прочитај си што напишала па може ќе ти стане јасно. Има разлика од мислење дека Тухел не е нешто Wow и негово деградирање на толкаво аматерско ниво дека и ти ако седнеш на клупа на ПСЖ ќе освојуваш титули.
Па и ти истото го напиша, дека не е некое големо достигнување со тие играчи да освои во Франција, јас само на понекултурен речник го напишав, тоа не значи дека јас сум поголем тренер од него и дека навистина би освоила титула во нивната лига.
Муабетот ми е дека кој и да оди во Псж со онај состав и таа мртва конкуренција ќе освои титула на крајот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom