Фрчкоски кандидат на СДСМ?!

Статус
Затворена за нови мислења.
G

grande-juve

Гостин
Се очекува и СДСМ вечерва дефинитивно да одбере кој ќе биде претседателскиот кандидат. Како што сега стојат работите, тоа најверојатно ќе биде Љубомир Фрчкоски, зад кого застанале и дел од општинските комитети.
До последен момент во игра беа и Илинка Митрева и Ѓорѓи Спасов.
Но, раководството на опозиционата СДСМ сметала дека Фрчкоски како непартиска личност би можел најдобро да се носи со против-кандидатот што ќе го одбере ВМРО-ДПМНЕ.
Вечерва во СДСМ ќе се одржи состанок на кој треба да се утврди дали на претстојните избори ќе се формира опозициона коалиција или партиите ќе настапуваат самостојно.
Од средбата ќе зависи и поддршката за кандидатурата на Тито Петковски за градоначалник на Скопје.
Претседателскиот кандидат на СДСМ ќе биде избран на утрешната конвенција.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Сликата кажува 1000 зборови

 

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
аууууууууууууууууууу СДСМ и дефинитивно отиде во вечните ловишта ,ако сето ова е вистина!:pop:
 
Б

Бат Елохим

Гостин
ауууууууууу што дочекавме.... црни ние...:nesvest:

хахахахахахаха нормални ли се????? ц ц ц ц ц
ајде... овој шовинистички шизофреничар ако стане претседател јас ќе го испљукам со непозната течност како таа тетката Киро на Илинден....немаат памет и немаат бе! тоа е!
Никогаш во животов не сум гласала за СДС...и дефинитивно никогаш нема да гласам!!
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Дали да се смеам или да плачам.Стварно ако го стават овај к*роглавиов за председателски кандидат се распадна партијата.Јас стварно не знам што да кажам СДСМ партија беше бре.Е сега колку добро а колку лошо, имаат направено за оваа држава тоа е друг муабет.Него овај бре, леле, дај реков да прочитам некоја колумна дали стварно е тоа што го велат за него.После дочитувањето ми се стемни.Разбирам да си против оваа влада и нејзината политика, ама зошто плукаш по сопствениот народ и неговата историја.Тоа е тоа.
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
Koj budala ke glasa za frcko nemie jasno:(nedaj boze da stane predsedatel.Tek togas ke ja snema Makedonija i Makedoncite. A ovie od sdsm bogami vo golema kriza se.:toe: ISKRENO KRADEMARULI BI IMAL POVEKJE GLASOVI.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Особено во втор круг ќе земе гласови од Албанците
Може Тачи и Руфи Османи ќе го поддржат. :tv:
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
687
Поени од реакции
662
Изгледа самоубиствениот месија кога рече дека фрчко ќе биде претседателски кандидат на СДС пред неколку дена не се шалел.:pos2::pos2::pos2:
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.685
Поени од реакции
48.874
Добро бе и вие не изводете,шо мислите СДС сака да го кандидира овој сапрофит...кога си на дерџе да си топовски месо и никој да не ти прифаќа кандидатура ќе се фатиш и за ваквов болесник од немајкаде.
Никој со амбиција да стане политичар не им се нафаќа,поразот е флека на резиме вакви дотраени пицајзли во вакви ситуации нема што да изгубат.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.975
Поени од реакции
5.590
Ако е ова вистина, СДСМ ќе биде забетониран наредниве избори..Уште шеф на изборен штаб нека го стават Милчин, а негов заменик Геровски, и тоа ќе биде како она српското сам себе субио!!!
 
P

Princ

Гостин
Колку се имам смеено на оваа вест, појма немате. Како може бе Фрцко кандидат за претседател? Ваууу, не ми се верува :pos2:
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Убаво пишал Горан во колумната вчерашна во Вест
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Внимание, внимание. Овој викенд не излегувајте од дома. Или, ако веќе морате, маскирајте се со капи, шалови, чадори, бради, мустаци... Или, правете се помлади од 40 години. Постои голема опасност некој да ве препознае на улица и да ви понуди да бидете претседател на Македонија.
На ВМРО-ДПМНЕ му треба уште некој што ќе се јави на конкурсот до утре. Или што ќе го поддржат група интелектуалци. Колку за да биде изборот на Ѓорге Иванов уште подемократски.
А на СДСМ му треба кој било. Не треба поддршка ни од интелектуалци. Кој било. Само да не мора пак да биде само Бранко.
Откако Срѓан Керим не се вклопи во идејата да извлече барем чесен пораз на СДСМ, и лепи Заев мораше да распише демократски конкурс како ВМРО-ДПМНЕ. Да се најде некој лепи Цане или бела Рада.
А Бранко како вообичаено, секогаш кога е густо не е дома. Оди во странство за кога ќе се врати да не восхити со некое решение. Овојпат го избра Рим. Оти од вечниот град треба да се врати вечниот претседател. Со вечната амбиција да остане претседател. Кога веќе нема кој, мора да биде жртва.
Тој веќе еднаш рече дека нема да се кандидира. Ама овој пат ќе има две причини за тоа. Ем за народот, ем за партијата.
[/FONT]
целата колумна

За греота, стварно, дај да донесеме од Пичкесиматеристан некој чоек, очигледно немаме тука асолни луѓе за претседател.
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
Ако го стаат овој за кандидат до избори нема да се оди на факултет... Ќе вришти правен... на тие што Фрчко ги заебава/л ќе гласаат за Иванов, а тие што имаат проблеми кај Иванов ќе гласаат за Фрчко...
метематиката вика дека има појќе паднато кај Грчко и го колнат тро-дупло више него Иванов доаѓаме до заклучок дека во оваа борба Иванов тепа

среќа што меѓународно не ми предава Грчко
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom