- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 3.972
- Поени од реакции
- 6.445
Јас знам само за еден модерен филозоф кој се бави со т.н.Универзално преферирано поведение, аргуменитајќи дека новата моралност може да произлезе од логичката конзистентност и научниот метод.Tоа го направи Кант. Неговото етичко учење е веројатно единствениот лочички совршен морален систем базиран на разумот. На Ниче многу не му се допаѓале Кантовите етички учења, па тврдел дека иако на прв поглед неговото учење е базирано строго на разумот, се чини дека од зад грб се обидува да добие награда од небото.
Ниче сакал да направи нешто сосем друго, па ги поделил моралните учења на оние за слаби луѓе, како што бил на пример христијанскиот морал, и морални учења за јаките луѓе, за натчовекот. Трасимах, софистот во Држава на Платон, на почетокот кога го предизвикува Сократ на дискусија, го има сублимирано учењето на Ниче за моралот во една реченица (парафразирам по сеќавање): Подобро прегршт моќи, отколку вреќа со права.
Microsoft Word - UPB_A_Rational_Proof_of_Secular_Ethics_WITH_INDEX_AND_PAGE_BREAKS_FOR_LULU.doc (freedomainradio.com)
Ако имаш време разлистај и кажи ни мислење, јас мислам дека е прилично добра ствар.
П.С.Дали знаеш дека Ниче бил со полско потекло?