Фридрих Ниче

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.972
Поени од реакции
6.445
Tоа го направи Кант. Неговото етичко учење е веројатно единствениот лочички совршен морален систем базиран на разумот. На Ниче многу не му се допаѓале Кантовите етички учења, па тврдел дека иако на прв поглед неговото учење е базирано строго на разумот, се чини дека од зад грб се обидува да добие награда од небото.

Ниче сакал да направи нешто сосем друго, па ги поделил моралните учења на оние за слаби луѓе, како што бил на пример христијанскиот морал, и морални учења за јаките луѓе, за натчовекот. Трасимах, софистот во Држава на Платон, на почетокот кога го предизвикува Сократ на дискусија, го има сублимирано учењето на Ниче за моралот во една реченица (парафразирам по сеќавање): Подобро прегршт моќи, отколку вреќа со права.
Јас знам само за еден модерен филозоф кој се бави со т.н.Универзално преферирано поведение, аргуменитајќи дека новата моралност може да произлезе од логичката конзистентност и научниот метод.

Microsoft Word - UPB_A_Rational_Proof_of_Secular_Ethics_WITH_INDEX_AND_PAGE_BREAKS_FOR_LULU.doc (freedomainradio.com)

Ако имаш време разлистај и кажи ни мислење, јас мислам дека е прилично добра ствар.

П.С.Дали знаеш дека Ниче бил со полско потекло?
 
Член од
23 август 2024
Мислења
399
Поени од реакции
771

Не е вистина дека Ниче имал полско потекло. Тоа е приказна која како мал им ја кажувал на врсниците, дека има потекло од полски благородници. Не посои ниту еден историски доказ дека било кој од неговото семејство има полски корени.
 
Мислам и како постар тоа го кажувал, Грофот Ницки. Може најточно е да се каже дека бил апатрид?
 
Член од
23 август 2024
Мислења
399
Поени од реакции
771
Мислам и како постар тоа го кажувал, Грофот Ницки. Може најточно е да се каже дека бил апатрид?
Што се однесува до потеклото, сосем е сигурно дека бил Германец. Неколку генерации на негови претци живееле во Саксонија.

Што се однесува до националното чувство, Ниче го немал. Сметал како и Шопенхауер, дека патриотизмот е доблест на оние кои немаат други доблести. Живеел сосем неправилно во времето и просторот, заради неговото лошо здравје. Зимите ги поминувал во Италија, летата на Алпите во Швајцарија, каде е и закопан. Ако добро се сеќавам, местото се вика Силс Марија.

ПС. Испомешав, не е закопан во Силс Марија, таму ги поминувал летата. Закопан е во Röcken Churchyard, Lützen, Germany.

Инаку, на интернет постои снимка од Ниче како седи во столица, болен. Иако човекот на снимката невероватно потсеќа на него, не е Ниче, и снимката не е автентична.

Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom