Ниче, инаку, ја има прифатено волунтаристичката и песимистичка филозофија на Шопенхауер.
Негови главни дела му се ‘‘Така зборуваше Заратустра‘‘ и ‘‘Волја за моќ‘‘.
Поврзувајќи ги ирационалниот волунтаризам со дарвинизмот, ги величи нагоните и инстинктите, во кои нагонот за моќ зазема централно место.
Со својот нихилизам, го урива целокупниот морал создаден дотогаш, сметајќи го за грубо лицемерие и ги отфрла сите дотогашни вредности на своето време.
Смета дека секоја индивидуа има неограничено право да се афирмира, а тоа право никој и со ништо не може да му го скрати.
Смета, како и комшииве Џедаи, дека секој човек треба да си изработи своја вистина, свој морал, свој начин на живеење и дејствување.
Ја осудува секоја појава на догматизам!
За него, вистината е само перспектива, агол на гледање на работите, она што допринесува за потврдување на животот. Понекогаш, за него, поисправно е да бидеме и во заблуда, ако таа ни служи за потврдување на животот и волјата за моќ.
Како што реков, тој е против секој морал, збир на правила кои и се налагаат на личноста и ја врзуваат, ја уништуваат нејзината слобода.
Особено остро го критикува христијанството, против кого го пишува делото ‘‘Антихрист‘‘. Него го смета за обичен инструмент со кој слабите, кои ги има многу повеќе, ги држат во ропство силните, смелите и талентираните личности. Со тоа, државата ја налага својата волја преку религијата!!!
Затоа, СИЛНИТЕ треба да се безобзирни и немилосрдни кон масата, треба да ја слушаат само својата волја за моќ и да не запираат пред молбите, солзите и страдањата на слабите. Слабите, треба без жал да се потиснуваат, со што се помага да се создаде НАДЧОВЕК, уберманш, силна личност, владетел на телото и духот, ‘‘русокоса ѕверка‘‘ која квалитетите ќе ги потврдува во борба и војна!?!?
За морално, надчовекот го признава само она кое му помага да си ја потврди својата личност, така што- се му е допуштено!
Тој е против која и да е колективна теорија, социјализам, комунизам, демократија, ројализам...