Фото берза [помош при избор на фотоапарат]

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.263
Поени од реакции
2.260
Споделувам сега работи што ги наоѓам, оти ќе му се најдат и на некој друг. Гледајќи како одат цените кај соседите, истиот од погоре Никон Д5600 во Грција во Плесио е 750евра со плус 70-200мм објектив. Само објективот да се купи додатно инаку кошта 650 евра, ова за 750 се добива телото, плус кит објективот плус овој 70-200. Да не се затворени границите ова е многу исплатлива опција, па можно е и да почекам неколку недели.
 
smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.698
Поени од реакции
288
Споделувам сега работи што ги наоѓам, оти ќе му се најдат и на некој друг. Гледајќи како одат цените кај соседите, истиот од погоре Никон Д5600 во Грција во Плесио е 750евра со плус 70-200мм објектив. Само објективот да се купи додатно инаку кошта 650 евра, ова за 750 се добива телото, плус кит објективот плус овој 70-200. Да не се затворени границите ова е многу
исплатлива опција, па можно е и да почекам неколку недели.
1. 70-300 е објективот - и сама да го купиш чини 399 еур. 18-140 мислам дека е поквалитетен објектив, прогуглај.
2. Од Plaisio зимоска купив ствар. ДДВ-то демек го враќаат на трансакциска откога по мејл ќе им пратиш скениран печатиран формулар - никогаш не ми го вратија, не ти препорачувам.
3. Во Солун ќе одиш во Repella - и да немаат нешто на сајт пиши им на мејл ќе ти вратат цена , дечкото се вика Константинос (сè од фотографска опрема што постои во Грција можат да ти набават за ден-2 од Атина од централните складови на импортерите), некогаш цените во продавница им се пониски и од сајтот (сајтот поретко го апдејтираат со нови цени), од кај нив ќе купиш сосе ДДВ, на граница на формуларот ГР цариник ти удира печат и следно враќање во Солун кај нив во продавница ти го враќаат целото ДДВ до цент во кеш, 100 пати сум го правел ова. Постои и fotomarket.gr исто во Солун ама од таму немам купувано, они почесто ги апдејтираат цените ама бидејќи не сум купувал од кај нив не знам како иде процесот на поврат на ДДВ од кај нив.

Ако те интересира уште нешто слободно пиши.
 
Јас до сега 2 пати од Плесио имам вратно данок, исто така со пратен маил и за 10тина работни дена ми легнувале парите на сметка. Еднаш беше телефон од 500 евра каде ми вратија 70 евра ако добро се сеќавам, а вториот пат беа помали работи (100тина евра) и исто ми вратија.
 
smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.698
Поени од реакции
288
Епа си имала среќа, јас немав и веќе од кај нив не купувам.

Здравје периодов планирам да идам до Репела, ем имам за враќање ДДВ ем ќе пазарам уште еден објектив.

Во февруари кога го купував апаратот во Репела беше 30 или 50 еур (не се сеќавам точно) поефтин од Плаисио (и други продавници), зашто и како не знам.
 
Последно уредено:

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.263
Поени од реакции
2.260
Епа си имала среќа, јас немав и веќе од кај нив не купувам.

Здравје периодов планирам да идам до Репела, ем имам за враќање ДДВ ем ќе пазарам уште еден објектив.

Во февруари кога го купував апаратот во Репела беше 30 или 50 еур (не се сеќавам точно) поефтин од Плаисио (и други продавници), зашто и како не знам.
Ако не ти е проблем да ми донесеш еден објектив и мене :)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.785
Здраво!
Ми треба помош малку :)

Сакам да купам дслр/мирорлес, кој ќе го користам 99% за фотографија, видео способности не ми се важни.

Буџет имам околу 1000 евра, и дефинитивно апаратот треба да е купен од кај нас.

Неколку опции гледав, Canon 80D со EF 18-135 USM е околу 72 000, но би добила попуст, а можам да го земам 77D за некои 50-100 евра помалку со истиот објектив.
Во Нептун мирорлес ја имаат само M50, а M50 со бејзик кит + некој објектив ми доаѓа поефтино дури од 80D.
Друга опција од Нептун ми е Nikon Z50 + Z DX 16-50mm f3.5 - 6.3 VR и плус ќе треба да докупам објектив за макро фотографии.

Јас до сега не сум имала подобар апарат од P&S и очигледно камера на телефон (note9 моментално) и ова би било мој прв фотоапарат.

Сакам да сликам природа, претежно блиску/макро, а сакам и ноќно небо да сликам. Сликам и животни доста.
Луѓе, свадби, рандом улична фотографија не.
Не очекувам да станам про, туку да се "унапредам" и да правам подобри слики него што може било кој смартфон да ми понуди.

Па ако може совет, што би било добро да купам? :)
 
Член од
20 јули 2010
Мислења
909
Поени од реакции
2.228

Ако мора да е ново, јас би одел вака:
Тука имаш ленс за се. Е сега неможиш да очекуваш нешто wow, ама е супер според мене.
На старо можи да заштедиш некој денар, или да купиш некој подобар објектив, на пр. се наоѓа никон д3500 скоро нов за 300 евра, сигма 17-50 за 200/250 евра, нова е 400, наместо 18-55, микро 40мм за 200 евра, и 70-300 или 55-300 за 200/250 евра.
Е сеа имаш опција и на ново и на старо, еден подобар апарат со еден подобар објектив, ама тогаш ќе речиш, ех да имав и таков ленс.
1000 евра за фото опрема, се ништо пари. Среќа се разбудив навреме, ќе ми летнеа 4-5000 евра за хоби. Си сликам сега само со д3400 и 50мм 1,8.
 
Знам дека е фотографијата е многу скапо хоби, затоа и сакам да почнам со некоја "златна средина" без да вложувам од одма пари во поспецијализирани објективи. Оти сега сликам само со телефон и за landscape немам забелешки многу, но портрети, или макро се проблем за било кој телефон, а макро ми е желба :) но можеби со апарат во рака и друго поинтересно ќе ми стане. Па ќе оставам на времето да ми каже во кој правец да инвестирам и дали воопшто да инвестирам.
Затоа барам тело+објектив all around добри.

Ќе ги видам предлозите, инаку дефинитивно основниот сет сакам да е на ново, после + опрема кога ќе почнам да сфаќам што е што и ќе се "образовам" на темата, може и на старо.
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015

Точно фотографијата е релативно скапо, но прекрасно хоби. Убаво ти има кажано членот пред мене.....за старт не летај по скапа опрема.
Одлична опрема се наога на старо, има и речиси нови тела со shutter count -10,000 а издржливоста на Никон кроп сензор телата е докај 150,000.
Никон ДСЛР серијата 3xxx е почетничка, но сепак јас би ти предложил нешто од 5xxx серијата.
Јас имам Д5100 и Д3200....сепак има разлика....не се летај по мега-пиксели...билборд нема да печатиш.
За објективи понатаму....прво пронајди се дали и како ти лежи, стигни до моментот кога ќе преминеш во М (мануелен) мод на фотографирање па после ќе размислуваш за понатаму.
Кит објективот 18-55 е така-така (слабо оштар) но за почетник ќе ти брка работа, понатака мој совет да се надградиш со еден фиксен објектив пр. 50мм, каде што оштрината е на завидно ниво.
Набави си трипод, далечинско и постепено навлегувај во техники.
Ако се ти оди супер и брзо напредуваш понатаму можеби ќе преминеш и на фул фрејм тела секако доколку финансиите ти дозволат....тоа е поскапата игра во фотографијата, поради цената на телата и објективите за нив.

ПС Најди некој што разбира од опрема.....разгледајте по реклама5, пазар3 или фото берза групата на ФБ и сигурен сум дека ќе најдеш одлично зачувана и неамортизирана опрема.
Јас 3200ката ја купив за смешни пари бидејки човекот што ја продаваше го зезнал бајонетот на кит објективот и мислел дека е се за во канта, јас го средив за 10$....апаратот е нов со 1600 експозиции (го чувам како второ бекап тело).
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.862
Поени од реакции
23.263
Ајде фотографи помагајте.
Познавања во камери еднакво на нула.
Буџет 500-600€
Да купувам, или да присоберам уште нешто за поскапичок?
Ги гледав овој, овој и овој.
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
Ајде фотографи помагајте.
Познавања во камери еднакво на нула.
Буџет 500-600€
Да купувам, или да присоберам уште нешто за поскапичок?
Ги гледав овој, овој и овој.
Од овие три што си ги навел јас би 250Д. Слабо сум упатен во Канон......за Никон не си?
Никон во тој буџет би купил (доколку гледаме за на ново)
ПС од 2011 сум со фотографија (хоби....аматерска) и сум заљубеник во Никон.....не дека Канон не чини.
 
Последно уредено:
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.862
Поени од реакции
23.263
Од овие три што си ги навел јас би 250Д. За Никон не си?
Немам никакви преференси према некој бренд. Прав дудук сум за дигитални камери, а сега идам на одмор во Септември па се мислам да купам еден чисто да штракам. Последни 2 одмори немам ниту една слика зашто ми се поеба телефонот.
Овие ги наведов затоа што се во мој буџет а и не видов Никон воопшто да продаваат овие Intercomp.
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
Немам никакви преференси према некој бренд. Прав дудук сум за дигитални камери, а сега идам на одмор во Септември па се мислам да купам еден чисто да штракам. Последни 2 одмори немам ниту една слика зашто ми се поеба телефонот.
Овие ги наведов затоа што се во мој буџет а и не видов Никон воопшто да продаваат овие Intercomp.
Поима немам за продавници во Малта.....еве нешто гоогле што ми најде

Би одел со 5600ката....на одмор сликај на сцени или на ауто, па после навлегувај подлабоко во фотографијата :).
 
Член од
20 јули 2010
Мислења
909
Поени од реакции
2.228
Ајде фотографи помагајте.
Познавања во камери еднакво на нула.
Буџет 500-600€
Да купувам, или да присоберам уште нешто за поскапичок?
Ги гледав овој, овој и овој.
Поарно купи на старо нешто, со менвање објективи до кај 200-250е. Ако ти е за на одмор, поарно купи си нов телефон со уба камера, пикаш в џеб и тераш сегде и сликаш кај стигниш. Апаратот е поголем, потежок, влечкаш поголем товар. Не секогаш го носиш со тебе, а баш излегла прилика за добра слика.
Е сега, ако те влечи фотографија со апарат и си спремен на сите предности и недостатоци тогаш лупај пари на апарат, ако имаш кеф, то е то :D
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.862
Поени од реакции
23.263
Поарно купи на старо нешто, со менвање објективи до кај 200-250е. Ако ти е за на одмор, поарно купи си нов телефон со уба камера, пикаш в џеб и тераш сегде и сликаш кај стигниш. Апаратот е поголем, потежок, влечкаш поголем товар. Не секогаш го носиш со тебе, а баш излегла прилика за добра слика.
Е сега, ако те влечи фотографија со апарат и си спремен на сите предности и недостатоци тогаш лупај пари на апарат, ако имаш кеф, то е то :D
Не бе друже, да било за телефон добар ќе пишев во темата за телефони. Никако телефон.
Најдобриот телефон кој сум го имал бил ајфон 6ка пред 2 години и тој ми се поеба. Претходно имав некој самсунзи, и тие се поебаа...една слика не ми остана од сите тие телефони. Тоа ми е поентата на купување апарат, да зачувам слики од одмори, родендени, крштевки, свадби итн. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom