Фотографија (општи дискусии)

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.911
Поени од реакции
31.226
Може ли некој од вас подобро да ми го објасни правилото на третини во фотографирање( ако не се вика така, не ми се смејте... :oops: )...???
:)
Имаш и кроп кој понекогаш може да те спасе ако си љуфнала
 
MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
11.445
Поени од реакции
5.422
Јас го земав во Pix Plus исто немаше кабелчиња ама гледам и на јутјуб еден го одпакуваше и истото што беше таму во кутијата беше и во мојата

Сигурно фабрички оди без кабелчиња ,а некои во нивните продавници додаваат и кабелчиња само колку кај нив да се продава што повеќе
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.371
Поени од реакции
2.508
Инсталирав Photoshop light room...
На прв поглед изгледа едноставно, но не е така...Мене ми е доста комплицирано да работам со сите тие вредности, алатки и опции кои ги нуди програмата... :(
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
12.533
Поени од реакции
5.013
Немам користено Адоб Лајтрум, ама од она што имам гледано видеа по јутјуб поедноставен е од Адоб Фотошоп.
Еве ти еден Јутјуб канал http://www.youtube.com/user/JaredPolin од кој можеш да украдеш некоја финта.
 
MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
11.445
Поени од реакции
5.422
Немам користено Адоб Лајтрум, ама од она што имам гледано видеа по јутјуб поедноставен е од Адоб Фотошоп.
Еве ти еден Јутјуб канал http://www.youtube.com/user/JaredPolin од кој можеш да украдеш некоја финта.
Ги пратам тие видеа на јутјуб и се чудев која е програмата со кој ги обработуваат сликите,мислев дека е некоја програма слична на Фотошоп

баш сега ќе ја симнам ,можеби мене ќе ми биде полесно на таа верзија
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
12.533
Поени од реакции
5.013
Па и Фотошоп и Лајтрум се софтвер на Адоб. И двете се добри за обработка на фотографии. Разликите се во тоа што Лајтрум е концентриран на фотографија, додека фотошоп има уште еден куп други можности.
Јас користам фотошоп CS3 бидејќи е оптимален за компјутерот дома и за компјутерот на работа, а и пуста навика да се користи еден ист програм (го користам уште од Фотошоп 7 (претходник на CS1).
 
MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
11.445
Поени од реакции
5.422
баш приметив Лајтрум е сконцентриран на обработка на фотографија ,добар е ќе го користам тој за фото обработки пошо froknowsphoto.com го користат па подобро ќе ми биде кога црпам од кај нив идеи од нивните видео туторијали

и да прашам дали го посетувал некој нашиот македонски сајт за фотографија? fotograf.mk ме интересира што се деси со тој сајт кога влегувам пишува дека се работи на него но веќе три месеци немаат абер да го активираат пак
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
940

Мрза ги фатило изгледа :)

На македонскиов веб простор подфорумот на кајгана за фотографија е најобилен со информации. Што е жалосно да нема еден асален портал за фотографија.
Ако има ентузијасти тука сум да помогнам технички во негова реализација
 
MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
11.445
Поени од реакции
5.422
Мрза ги фатило изгледа :)

На македонскиов веб простор подфорумот на кајгана за фотографија е најобилен со информации. Што е жалосно да нема еден асален портал за фотографија.
Ако има ентузијасти тука сум да помогнам технички во негова реализација
еве им го нивниот фејсбук http://www.facebook.com/pages/fotografmk/265584258551 ако сакаш контактирај ги ама незнам кој е одговорен за сајтот
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.911
Поени од реакции
31.226
Што мислите за студиово на човекод (има некаде вакво во мк?) http://www.youtube.com/watch?v=VYkNKP96b84
Не сум многу по студиска фотографија, али за вакво студиио треба да живееш од студиска фотографија. За мои потреби имам еден рефлектор 200 вати снага и едно осветление со дифузен чадор со 800 вати снага се ставено на стативи од 1,9 метри, (вкупно неои 1000 вати) и заедно со блиц клаен на апарат, ми е доволно за сликање во домашни услови или за импровизирано студио.. планирам уше некоја ситница да набавам. Кога би живеел од студиска фотографија и микросток фотографијам, би инвестирал пари и во позадини и блиц глави и софт боксови и светломери ... овде барем во битола нема многу работа за студио, оној кој живее живее од сликање на настани, свадби, крштевки, родендени... нешто шо се покрива со добар објектив и блиц.

То шо видов низ МК се помали студија, мнооогу помали, останати од времиња кога немаше ддигитални апаратчиња и луѓето се сликаа по фотографски дуќани, значи доволно за портрети или одвај за една фамилија да се настега пред апарат, 2-3 блиц глави со чадори и толку, во београд имав прилика да влезам во поозбилно студио али и тоа не беше на овој ранг но сепак можеше да се направи фотосесија на музички бенд (на тоа присуствував)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom