Постојат апарати кои се поотпорни на временски непогоди, апарати кои се херметички затворени па не им пречи дожд, снег... мојот не е така и не љубам да го користам многу надвор на лошо време, aли немав проблем да не работи или не пали на ладно време, можеби има и разлика од апарат до апарат од модел до модел кој како се понаша на пониски температури, тоа со екранот да знаеш дека ЛЦД екрани се најосетливи на ладно и општо на температурни промени, батериите исто трајат пократко на ладно. Постојат некои обвивки, навлаки за апарати и објективи за лоши временски услови али немам користено до сега такви. И јас имам батерии со полнење, едни се некакви Xenergy 2500 тие брзо ојдоа, сега ги користам само како резерва пошто не држат и нагло паѓаат на нула а имам и јас од тиее CFL само од 3000 и задоволен сум ги имам мислам веќе 3 години доста се користени, не се како порано во капацитет имаат попуштено али сепак држат долго време (за блиц кажувам пошто апаратот си има негова посебна батерија)
Овие се некои од фотографиите кои ги направив, сигурно беше испод нула и немав проблеми само знам дека после не го внесував апаратот одма диркет во топла соба