Формула 1 - сезона 2015

Шампион за 2015 според Вас...


  • Вкупно гласачи
    71
  • Гласањето е завршено на .

JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.411
Поени од реакции
2.753
A da ja oatavea monca i da ja zamenea imola so nekoja druga od novive sto se tapa i dosadni, ama okej ajde pa ke se podnese klasika za klasika

Sent from my HTC Desire 610 using Tapatalk
Па според мене Италија сигурно ќе остане во Ф1 Календарот, но прашање ќе биде на која патека да се вози истата... Како што беше во текстот, на крај и Муџело влегува во можност..
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Па според мене Италија сигурно ќе остане во Ф1 Календарот, но прашање ќе биде на која патека да се вози истата... Како што беше во текстот, на крај и Муџело влегува во можност..
Мислам дека си во право. Во Италија има најдобра атмосфера од сите други патеки. Ќе биде преголем удар за Ф1 ако Италија загуби трка. Но сепак, на штета на Монца...
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.138
Поени од реакции
5.259
Не знам што да мислам за овој више, зашто тука вика сака да ја врати формула на старите патеки, тука неќе да ги врати легендарните трки и внесува во календар трки од блискиот исток, епа или ке зголемат број на трки што е тешко изводливо и за сите ке има место или ке бира помеѓу пари(кои може да ги снема во било кое време зависи на шеиците ако им пукне суратот толку од тие трки) и публика(претежно за европскиве трки за кои во најдобрите денови на Ф1 картите оделе како алва).
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.980
Поени од реакции
14.765
Состојбата со елементите од погонските единици после трката во Канада:

 

JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.411
Поени од реакции
2.753
Состојбата со елементите од погонските единици после трката во Канада:

Во Рено одлучија: Во Австрија ќе се користи и 5. мотор на двата болиди. Алонсо сигурно ќе има 5. мотор, За Батон ќе се одлучува утре...
 

Cuore |nter

inter4life
Член од
14 јануари 2010
Мислења
504
Поени од реакции
140
Parez ke ima nov motor vo avstrija.

Mercedes za kanada uspeale da spremat samo 6 update-uvano verzii na novata specifikacija taka sto samo Force India ne dobi novi motori
 
Член од
22 февруари 2013
Мислења
322
Поени од реакции
303
2015 АВСТРИЈА ГП: НИКО РОЗБЕРГ ФУРИОЗНО ГО ЗАПОЧНА ВИКЕНДОТ, ПОСТАВУВАЈЌИ ГО НАЈБРЗОТО ВРЕМЕ НА ПРВИОТ ТРЕНИНГ


Нико Розберг добро го започна тркачкиот викенд за Големата Награда на Австрија, забележувајќи го најбрзото време на првиот слободен тренинг. Луис Хамилтон беше за 3 десетинки побавен, а во рамките на една секунда уште и Кими Раиконен со Ферари, кој беше уште дополнителни три десетинки зад Британецот. Дождот е неизбежен декор на Шпилберг, па сесијата започна на студена и на места влажна патека, што можеби услови тимовите да не форсираат премногу ова предпладне.

Ако помисливте дека штом Кими е во најбрзите тројца, тогаш нешто се случило со болидот на Ветел, секако сте во право. Германецот е на последното место од табелата, а Ферари ПЕ на неговиот болид ја изгуби својата моќност во раните фази на сесијата. Нејзината поправка се покажа како комплицирана задача, и се уште се наоѓа во рацете на механичарите на Италијанскиот тим. Лоша вест за нив би била ако треба да се менува некој дел од моторот или менувачот, кој би донел казна и старт од пониска позиција на неделната трка.

Барајќи нешто поразлично од досега одржаните тренинг сесии во тековниот календар, тоа се изненадувачките перформанси на болидите на Вилијамс. Двата возачи никогаш не биле толку блиску до врвот на првите тренинг сесии, а својата сила ја покажуваа на саботниот тренинг и Квалификациите. Ако и на оваа трка се доследни на својата подготвителна програма, тогаш би требало да очекуваме дека навистина ќе бидат многу сериозен конкурент на Ферари за место на подиумот.

Добар настап на овој тренинг и за тимот на Ред Бул, а домашната патека како да им дава мотивација да ги извлечат и последните атом и на сила од своите болиди. Најбрзите времиња беа доволни за 6-тото и 7-то најбрзо време, и тоа Дањил Квјат пред Даниел Рикирадо. За разлика од нив проблемите на Мекларен никако да завршат, ги имаше премногу, па дури не успеаа да го испробаат новиот скратен нос.

Вториот слободен тренинг кој треба да ни донесе многу порелевантни времиња како показател за перформансите на болидите ќе започне во 14:00 часот.

ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
 
Член од
25 април 2012
Мислења
443
Поени од реакции
580
Мекларен страшно се поебаа со Хондава, или нека најдат некој асален европски поизводител на мотори, или нека се одкажат од Ф1. На толку фрлени пари една трка двата болида заедно не завришија. Само си бараат алиби со тоа дека се прва година во спортов и затоа немале резултати. Лани Мерцедес исто прва година во турбо ерата искинаа. Овие 3 години моторот го правеа и на крај ништо. Дур се средат старецот некои нови правила ке воведе. И за кој К Алонсо го плаќаат 40+ милиони евра годишно, имаат пари мозок слабо. Смешен тим.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Мекларен страшно се поебаа со Хондава, или нека најдат некој асален европски поизводител на мотори, или нека се одкажат од Ф1. На толку фрлени пари една трка двата болида заедно не завришија. Само си бараат алиби со тоа дека се прва година во спортов и затоа немале резултати. Лани Мерцедес исто прва година во турбо ерата искинаа. Овие 3 години моторот го правеа и на крај ништо. Дур се средат старецот некои нови правила ке воведе. И за кој К Алонсо го плаќаат 40+ милиони евра годишно, имаат пари мозок слабо. Смешен тим.
Мерцедес беа констатно во Ф1 уште одамна пред да почнат со нивен тим, така да неможеш да споредуваш. Прва сезона им е на Хонда, и треба да се има толеранција. Јас мислам дека куваат нешто ептен револуционерно, ќе видиме наредна сезона.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom