Формула 1 - сезона 2014

Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.677
Многу ме интересира како ќе функционира тандемот Алонсо - Кими. Со оглед на тоа дека и двајцата имаат его како планина, а вториов ниту науката не може да го протолкува. Ја обожавам оваа ладна фацка. Останува да видиме какви промени има во болидот на Ферари. Сакам годинава да бидат покункурентни и да успеат да го бутнат Фетел.
Но ќе биде тешко, Фетел е во топ форма, тимот е доста добро спремен. Се надевам ќе има возбудлива сезона.

Како што функционираа во мекларен алонсо и хамилтон. Кими ако биде доминантен, овој на крај сезона ќе ги пакува куферите. Иначе јас очекувам една бурна сезона. Сакам да се вратат мекларен пак во игра, но со дрва како Батон (кој на среќа освои титула пошто имаше за секунда побрз болид од сите таа година.) тешко, а овој магнусен уште нема ни една трка во ф1 извозено.
Со оглед на тоа што ферари го имаат најјакиот тандем верувам дека можат да стигнат до конструкторската титула. Вебер да останеше не би ги ставил како фаворити, пошто беше искусен возач, а овој Рикардо којзнае како ќе се покаже.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
А кои се двојките?
Т.е. Рикиардо со Фетел е?
 
Член од
22 февруари 2013
Мислења
322
Поени од реакции
303
Распределба на постојани броеви за возачите е едно од правилата кое е добро прифатено од фановите и најважно возачите. ФИА ги контактираше тековните возачи и им кажа да изберат броеви кои ќе ги користат во текот на целата нивна Формула 1 кариера и кои ќе бидат многу повидливо обележани на болидите, а од наредната сезона и нивните кациги.

Возачите како одговор испраќаа по еден главен и два споредни посакувани броеви, за случај да има два возачи кои го посакуваат истиот број. Возачи биле информирани за нивните броеви во текот на оваа недела, а ФИА денес ја објави официјалната листа на Ф1 возачи и нивните броеви.

Светскиот шампион Себастијан Ветел ќе го има бројот 1 оваа сезона, но го избрал бројот 5, како негов постојан број, на кој ќе се префрли, кога тој нема да е веќе шампион. Пастор Малдонадо избра да се внесе "баксузниот" 13 број назад во Формула 1 шампионатот, кој традиционално се смета за несреќен во овој мотоспорт.

http://mkformula1.blogspot.com/2014/01/1_10.html
 

mickey mouse

Багабонти
Член од
5 септември 2011
Мислења
992
Поени од реакции
2.765
Па после неколку години доминација на Ред Бул Фетел оваа сезона Ферари и Алонсо ќе им ја прекинат серијата на титули
 
Член од
22 февруари 2013
Мислења
322
Поени од реакции
303
ФАНОВИ НА ФЕРАРИ!!! START VOTING!!!

Oд денес, можeтe да гласате за вашето омилено име од понудените пет опции: F14T, F14 Маранело, F14 Скудерија, F166 турбо или F616. Овој начин на избор се применува за прв пат во историјата на Ферари, името на болидот со кој Фернандо Алонсо и Кими Раиконен ќе атакуваат кон победи во Формула 1 2014 шампионатот да биде избрано од страна на фановите од целиот свет.

Името што ќе добие најмногу гласови ќе биде објавено на 24 јануари во 12:00 CET/MK, еден ден пред неговата официјална промоција. Презентацијата ќе започне на 25 Јануари во 14:00 CET/MK, a ќе биде пренесувана во живо и на интернет.

Фановите на Ферари, исто така, може да поставуваат прашања до Стефано Доменикали и двајцата возачи, со користење на #askStefano, #askAlo, #Kimi. По презентацијата на болидот тие ќе одговорат на повеќе интересни прашања во видео кое ќе биде објавено во сабота 25 јануари.

http://mkformula1.blogspot.com/2014/01/start-voting.html
 
Член од
22 февруари 2013
Мислења
322
Поени од реакции
303
Берни Еклстоун ќе се повлече од функцијата директор на Формула 1 управниот одбор, но тој ќе продолжи да работи во овој спорт.

Германските обвинители денес објавија дека Еклстоун ќе се соочи со судско рочиште во Минхен на крајот на април за да одговори на тврдењата дека тој го подмитил германскиот банкар Герхард Грибковски за време на продажбата на Ф1 во 2006 година.

http://mkformula1.blogspot.com/2014/01/1_16.html

ХРТ ГО ЗАМЕНУВА ХРД, ЌЕ ИМА ЛИ НОВ Ф1 ТИМ?

http://mkformula1.blogspot.com/2014/01/1_1784.html

Иднина на Мартин Витмарш како тимски шеф на Мекларен Ф1 тимот е доведена во прашање, со најавата дека неговиот претходник, Рон Денис, го замени како главен извршен директор на Мекларен групацијата!!!
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Па после неколку години доминација на Ред Бул Фетел оваа сезона Ферари и Алонсо ќе им ја прекинат серијата на титули

И јас исто мислам. Има добар тим за оваа година Ферари.
 

mickey mouse

Багабонти
Член од
5 септември 2011
Мислења
992
Поени од реакции
2.765
Па редно е после неколку сезони Алонсо и Ферари да добијат битка со Ред Бул, очекувам да биде најнтересна оваа сезона во последниве неколку сезони само од 10 до 12 трка беша инересни претходните неколку сезони
 

Kajgana Shop

На врв Bottom