Формула 1 сезона 2010

Ф

Фил Ајви

Гостин
Утре не станувам у осум макар Шумахер тепал.
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
2.955
Поени од реакции
1.349
Снимка ќе има подоцна или ...:jaj:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Утре не станувам у осум макар Шумахер тепал.
во 7 треба да станиш... и да си го поместиш часовникот за 1 час понапред :)

Да немаме забуни, времето ноќеска се помесува за 1 час нанапред, така да во 2 часот по полноќ ќе биде 3.

Инаку очекувам Vettel да дојде до победа сезонава. Мада и Webber ако победи нема да ми биде криво. Остатокот, ќе го гледам утре :)
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
У пм, заборавив дека се менувам времето и дури сега почнав да ја гледам трката. А сум пропуштил интересна трка, само 14 болиди се останати на стаза, а има уште 13 круга до крајот. :smir:

Фетел, повторно како лидер ја напушти трката. :toe:
 

INVINCIBLE

MUFC
Член од
9 декември 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
434
Ауу каква трка... Многу поинтересна од првата... Ај одам да догледам.
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
ц ц ц не ми се верува леееј. Кога и да им иде на мекларен секад има некој да им сјебе работа.
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
2.955
Поени од реакции
1.349
Фетел пак несреќно отпадна...
Алонсо и Маса беа добри 3 и 4 позиција не се лоши.
 

INVINCIBLE

MUFC
Член од
9 декември 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
434
Лузери на денот Ред Бул. Фетел не заврши, Вебер девети, а беа на првите 2 позиции на стартот...
Добра трка за Ферари, посебно за Алонсо, кој после извртувањето беше меѓу последните позиции, на крај стигна до 4. Маса трети, а стартот му беше ѕверски.
Се на се, одлична трка, многу престигнувања, излетувања, инциденти, возбудувања... Многу поинтересна од онаа во Бахреин.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Трката беше закон, најинтересна трка што ја имам гледано во последниве 2 сезони. Престигнување колку сакаш. Глупост направиа во Мекларен со Хамилтон и екстра пит-стопот. Кубица му беше пречка само за да дојде до втората позиција. Ама и вака е добро, Батон со одлуката за промена на гумите си победи заслужено. Патем одлуката била чисто негова :).

Добро бе, малерот на Раиконен да не се префрли на Ветел? Мене така некако ми делува, дечкото едноставно нема среќа. Вебер нема ни да го кометирам, месечар, сам си се заеба.
 

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Хамилтон сигурно имаше некој проблем со деградација на гумите при крајот по две секунди му намалуваше на алонсо за потоа кога се залепи да неможе да изврши напад а требаше како воз бандера да го помине :vozbud: .
И едно прашање до тие што мрчеа дека не го бива Алонсо дали го имат истот мислење сеуште ???
 

Schhh87

schhh...
Член од
3 февруари 2009
Мислења
356
Поени од реакции
16
Добро бе, малерот на Раиконен да не се префрли на Ветел? Мене така некако ми делува, дечкото едноставно нема среќа. Вебер нема ни да го кометирам, месечар, сам си се заеба.
Остај и мене како ми е криво. Баш за тие шо сум то им се случува. Абе до мене да не е :D
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Остај и мене како ми е криво. Баш за тие шо сум то им се случува. Абе до мене да не е :D
хаха, ај навивај и за Ферари успат штом таква била работата.

Шала на страна, Ред Бул е прилично млад тим, околу 5 години е во F1 така да и овај нивни успех е огромен. Погледни ги Форс Индија, Саубер и компанија, пол позиција немаат видено никогаш, а се со каде каде поголем стаж во Ф1. Времето на Ред Бул допрва доаѓа.
 

Schhh87

schhh...
Член од
3 февруари 2009
Мислења
356
Поени од реакции
16
хаха, ај навивај и за Ферари успат штом таква била работата.

Шала на страна, Ред Бул е прилично млад тим, околу 5 години е во F1 така да и овај нивни успех е огромен. Погледни ги Форс Индија, Саубер и компанија, пол позиција немаат видено никогаш, а се со каде каде поголем стаж во Ф1. Времето на Ред Бул допрва доаѓа.
И јас се надевам. Него мене ми е побитно времето на Фетел. В срце ми влезе детено. Единствено Кими ме бендисуваше мн ама си замина.Добро е шо има некој да го наследи (само то да не биди во малерот :D ). И други има добри ама се нешто им најдувам маани :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom