Како функционираат овие фирми?
- Колку чинат (отприлика) од стан месечно трошоците за овие фирми?
- Што е вклучено во нивните услуги?
- Дали е потребно сите станари (100%), да се согласат за потпишување договор со некоја фирма или само домоуправителот?
- Што доколку некој не е редовен со месечните обврски за плаќање?
Совети/искуства?
И конкретно, препорака за некоја фирма во Охрид/Струга што се занимава со овие работи?
Фала ви....
Мора да имаш согласност од 51% од станарите за да се потпише договор со фирма за управување на зградата.
Од како ќе се потпише договорот плаќаат сите станови, т.е фирмата им фактурира месечно на сите сопственици. Обично трошоците се околу 400-500 денари месечно зависи од фирмата. Во цената е вклучено чистење 2 пати неделно мислам на влезот и скалите, струјата за влезот, заедничките простории, лифтот и слично, имаш 50 денари од стан што иде на посебен фонд како заштеда, и се користи за поголеми поправки во зградата, на пример треба лифт да се поправи или смени, се користат тие пари. Све што е надвор од ова, се смета за дополнителен трошок и се фактурира на секој станар. На пример промена на брава за влезната врата, коштала 100 евра се дели на сите станови.
Добрата работа е што нема идење по станови, па да собираме пари, па овој дал оној не дал, се скарале со претседателот на куќен совет не му плаќаат, не можат да соберат пари за да се плати чистењето и слични проблеми што ги имало порано. Тука работата е завршена, а тој што не плаќа си се тужи со фирмата што одржува, ти не се замараш за такви работи.
Лошата работа е што ако не ти се погоди фирмата, или ако сопственикот на фирмата е некој преварант може да ве влече за обични работи како промена на светла во влезот и слично, па да се нервираш зашто немаш светло во влез или по скали. Ако има земено повеќе згради да ги работи па не може да стигне секаде или нема луѓе да ги опслужи сите. Увид во парите немаш што се уплаќаат на таа заедничка сметка што се плаќаат по 50 денари секој месец, и не знаеш дали стварно ги собира или си ги користи во меѓувреме.
Тоа е од прилика, убава замисла која треба да функционира како што треба, ама бидејќи живееме во држава каква што живееме подложен си на многу малверзации и превари. Така да со среќа нека ви е во бирање на фирмата.