Не иде тоа така ко шо кажуеш, а овој на клипов тресе глупости.
Прво, Аспергер не е дијагноза у ДСМ 5, сеа све е спектар на аутизмот. Дали постои Аспергер ко засебен феномен, не е јасно - ДСМ си ги мења класификациите според сумњиви критериуми.
Аутизмот не е новата форма на еволуирамиот уберменш. Тој е застапен кај ист процент од популацијата цело време, а и веројатно не е генетски пренослив - така што нема повеќе луѓе да стануваат аутисти поради тоа што ќе се адаптираат на новото доба без социјализирање. Причините за појавата на аутизмот се комплицирани, ама веројатно се комбинација од генетски, пренатални и други околински несоцијални фактори. Така што не се пренесуе генетски и природната селекција нема да напраи поише аутисти.
Даеладус бе. Таман човек ке те пофале ти одма укакаш. Дај биди краток и јасен.
Аутистите се соочуваат со потешкотии. Интернетот е прокси за социјализација во кое аутистите исто така имаат сериозни проблеми. И проблемите на луѓето со аутизам не се сведуваат само на социјализацијата, тие имаат палета од когнитивно афективни проблеми (зависно од тоа каде се на спектарот). Аутистите не се покреативни, ниту попаметни, ниту бутур. Повеќето студии го покажуваат спротивното и ова ти го пишав еднаш. Аутизмот не е некоја личносна особина на луѓе што лошо се социјализираат, ама се методични и паметни - туку е посериозно растројство.
Селективните примери што ги дава ликов, ајде што се предрасуди на потврдување, туку и не се знае дали сите што ги наброја биле аутисти. Ова е исто ко да речеш дека шизофренијата е еволуција на човештвото бидејќи сеа сите се параноични за COVID-19, а потоа да дадеш неколку примери за генијалци со шизофренија.
Мислам дека SJW од све успеваат да напраат некаква дарба. Психопатијата е дарба, ова е дарба, она е дарба. Сеа луѓето со растројства се само различни и ако кажеш дека растројствата не се добра работа, ти си само невротипичен шовинист кој, фуковски, се наметнуе како помоќен пошто е нормален.

И многумина денеска се идентификуваат ко аусис пошто прочитале на quora два параграфа у кои се пронашле и сакаат да се посебни снегулки - а не се. Ова само го кочи прогресот за наоѓање лек, подобар третман и слично. Тоа не значи дека луѓето со растројства треба да бидат потценувани и повредувани, ама немаат супермоќи и не се подобри од луѓето без растројства.
Не знам каква интелигенција ги тјуна гените. Природната селекција е слеп процес кој се одвива по алгоритам. Можда сето тоа е дел од размислите и волјата на некој пантеистички бог, ама не би знаел.
И ај да не го тупиме, темава е за Инста.