- Член од
- 6 мај 2018
- Мислења
- 1.140
- Поени од реакции
- 2.734
Ае сеа седни и размисли една секунда. Ама не посегнувај по тастатурата колку да истипкаш и да ми вратиш, туку контемплативно постави си ги прашањава:боже петра. ало се сликаат за да се курчат, тоа нема врска со предизвикување на мажи. Колку е наивно да си мислиш дека на жена само темата маж и се врти во глава.
Јас велам се сликаат за да се покажат, за да глумат филм дека се кул, дека живеат јак богат живот, дека се поубави од некоја трета (ова го прават често), можеби и за да привлечат некој маж узпат оваа опција не е исклучена, ама е последна во листата наведени причини. Некои се сликаат и за кариера и пари од инфлуенсерски статус и брендови за гратис (ова ќе да е прва причина). Да бе изгореа овие за ебење па се слекоа да предизвикаат мажи. Поооооо каква глупост.
Зошто луѓето сакаат социјален статус, слава, пари, моќ и добар физички изглед? Зошто таа сака да е поубава од нејзините пријателки? Зошто некој сака да е поубав од своите пријатели? Зошто некој сака внимание?
Луѓето како и сите живи организми на планетата Земја преживуваат и се размножуваат. Скоро секој психолошки модул во нашиот ум е дериват на генот у склоп со околината. Универзалните модули што не зависат од културолошките и други фактори постојат пошто некако ја зголемуваат шансата да опстанеме и да се размножиме. Луѓето се комплицирани и многу работи во нашиот ум денеска не ни изгледаат како нешто што ќе ни помогне да опстанеме и да се размножиме. Ама свесно и несвесно твојот и мојот ген „го користат" нашиот организам за да се размножат.
Ти не знаеш дека сеа пишуеш на кајгана за да си кул, да добиеш социјален статус и да се осеќаш добро за да се размножиш и да опстанеш. Ако си саркастичен, тоа го правиш бидејќи сарказмот ти го пуни егото со самодоверба и чувство на супериорност, па тоа ти ја зголемуе шансата да опстанеш и да се размножиш. Таа што сака да е поубава од другарките тоа го сака за да има најголем социјален статус у племето и да може да одбира најмногу мажи за да си напраи убав плод со асална генетика - била свесна за истото или не.
Нам не ни се допаѓа да го редуцираме човекот на биокибернетски систем што се реплицира. Звучи дехуманизирачки и тоа е сосема разбирливо. Ама нашата потреба да се доживуваме како свесни суштества и да емпатизираме со другите постои бидејќи тоа го зголемуе опстанокот.
Што поблизок ни е некој, толку повише се грижиме (Хамилтоновото правило удира на најјако).
Така што, да, таа сака внимание за да најде маж. Јас ти го пишуем ова бидејќи мојот ген „мисли" (фигуративен говор, не е стварно свесен) дека ова некако ќе му помогне да се размножи.
Како? Не знам, ваљда несвесно/свесно те патронизирам и испаѓам посупериорен, овде добивам социјален статус - а со тоа мојот глуп ген се самозалажува дека ќе добијам поише ресурси пошто сум вреден за групава. И тој мисли дека со овие знаења ќе ти помогнам и на тебе да се размножиш, а со тоа и самиот тој ќе се размножи (у исто племе сме, па генетски сме послични. Ако ти се размножиш, дел од мојот ген ќе се размножи преку прокси).
Мојот глуп ген не конта дека у модерно доба со интернет џабе вложуем интелектуални ресурси на форумов бидејќи ја и ти не сме у исто племе и размената на овие информации нема да ни помогне да преживееме/да се размножиме.