Јас не можам да ти кажам конкретно за смерот во детали бидејќи студирам историја, но имам земено предмети од таму, конкретно Старогрчки, а од следниов месец почнувам и со Латински. Доколку си љубител на оние класични дела, те интересира митологија, животот во антиката, споредби, сличности и разлики на тогашниот човек со денешниот и влечење искуства од минатото за да ги примениш во сегашноста, смерот е многу интересен. Професорите се стварно кул, многу интелигентни и навистина знаат многу работи кои можат да те научат. Како на секој факултет, така и ова си бара труд и посветеност, но не е толку тешко доколку ти идат ваквите работи. А доколку ти идат ваквите работи, ти лесно можеш да се истакнеш. За работа сега не знам, не сум навлегувал толку во тоа бидејќи сепак не ми е примарна сфера на интерес, но знам дека доколку те бива, професорите може да соработуваат со тебе и да направат иден класичар, односно да те направат како нив со цел да ги наследиш, бидејќи навистина си ги ценат студентите. А класичарите се ретки денеска, но сепак нивните квалитети се прилично многу ценети, особено во културата (башка размисли еве, колку се ретки луѓето кои зборуваат старогрчки и латински, па види каква доблест е да ги познаваш јазиците). Така што ете, јас апсолутно би ти препорачал да се запишеш доколку те интересира она кое тие го изучуваат, нема да згрешишЗдраво,има ли некој тука што студира класични студии?Планирам тоа да се запишам вгодина,некој совет,како предметите,што може да се работи,има ли работа ?
Касно палам али нека. За ИНИ прашуваш или на ФЗФ?дечки некој што е на постдипломски на историја ,да ми објасни што како? поздрав
za na fzfКасно палам али нека. За ИНИ прашуваш или на ФЗФ?
Полагаш пет испита од кои еден е методологија, а останатите од насоката што ти е изберена. Потоа избираш и пријавуваш тема и тези и ако ти ја одобрат почнуваш да го спремаш трудот. Simple as that. Вкупните трошоци ке ти излезат некаде околу 2000е што можеш да ги плаќаш на рати.za na fzf
планирам да запишам на среден век,ама има времеПолагаш пет испита од кои еден е методологија, а останатите од насоката што ти е изберена. Потоа избираш и пријавуваш тема и тези и ако ти ја одобрат почнуваш да го спремаш трудот. Simple as that. Вкупните трошоци ке ти излезат некаде околу 2000е што можеш да ги плаќаш на рати.
Совет од мене. Размисли убаво каде ке запишеш. Пример Стар век е подобро на ФЗФ (имаш три института за бирање: класични јазици, археологија и историја) . Од друга страна ако сакаш турско средновековие обавезно на ИНИ, на ФЗФ никој од професорите не знае османо-турски јазик што е голем недостаток. За преродбенскиот период и МРО квалитетни ментори имаш и таму и таму, иако постои разлика во пристапите кон пишувањето историјата. Ако ти е само да имаш м-р пред името и презимето ништо од ова што го пишав погоре не важи