Филмски факти и занимливости

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
23.978
Поени од реакции
33.936
Едвард Нортон. Ќе ги пукам ако не му дадат Оскар наскоро. Ќе ги пукам.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.260
Поени од реакции
17.940
Нортон и Пит....ќе дојде и нивното време.
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.370
Поени од реакции
1.980
Гoлема работа и ако не земат. Оскари-шмоскари не се замарам со тоа веќе.
И Мики Рурк нема земено Оскар, не гледам ни да го спомнува некој, па никому ништо :
Diner
Rumble Fish
The Pope Of Greenwich Village
Angel Heart
Barfly
Bullet
Sin City
The Wrestler
 

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
И Олдман нема.. :facepalm:

Па него би му дал оскар за секоја улога...
 
Член од
27 април 2011
Мислења
2.264
Поени од реакции
2.924
После премиерата на филмот "Kум" Италијанскиот мафијашки босс му се јавил на Марлон Брандо да му честита колку добро ја одглумил неговата улога и колку е доловена целата приказна во филмот.



Кога Квентин Тарантино отишол на психијатар му рекле дека ако не станел режисер најверојатно би бил сериски убиец.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
23.978
Поени од реакции
33.936
Две интересни работи за „Животот на Брајан

- Џорџ Харисон од Битлси, голем фан на Монти Пајтон, е еден од продуцентите на филмот и има кратко појавување во филмот. Имено, продуцентската куќа се премислила во последен момент, уплашена од содржината на филмот, и тој требало да се откаже. Но Харисон отворил продуцентска куќа и инвестирал 3 милиони фунти во филмот, или како што вика Eric Idle: „најскапата влезница во историјата на киното“. :)

- Филмот бил баниран во повеќе држави. Осум години бил баниран во Ирска и една година во Норвешка. Второто го искористиле Швеѓаните за да го промовираат филмот и да ги реметат комшиите. Филмот бил рекламиран со слоганот: '"The film so funny that it was banned in Norway" :pos:
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
11.312
Поени од реакции
16.815
Сценаристот на 50/50 Will Reiser има(л) рак.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.147
Поени од реакции
7.506
Режисерот на Cannibal Holocaust морал да докажува на суд дека актерите се живи и никој не е убиен за време на снимањето.

Џим Кавиезел бил удрен од гром додека бил на крстот во Passion of the Christ.

На Питер Селерс за Dr.Strangelove му било платено 1 милион долари или 55% од буџетот на филмот.

Виго Мортенсен не ни сакал да глуми во Lord of the Rings се додека неговиот син не го натерал.

Шон Конери одбил улоги во Lord of the Rings, Matrix, Jurassic Park, Indiana Jones 4 и Blade Runner.

Во Raiders of the Lost Ark Инди требало да се бори со арапот но бидејќи Форд бил болен, решил да го убие со пиштол.

Кога Нортон за првпат се тепал со Пит во Fight Club, од него било побарано навистина да го удри Пит.

Во познатата сцена со коњската глава во Godfather, главата и крвта се вистински.

ET и Poltergeist требало да бидат еден филм кој ќе се викал Night Skies.

Сцената во Departed кога Николсон вперува пиштол во Леонардо не ни била во сценариото, Николсон го смислил на лице место бидејќи мислел дека сцената не е доволно напната.[DOUBLEPOST=1517865933][/DOUBLEPOST]Повторно јас, ја открив темава и решив да ја оживеам бидејќи филмскиот свет е полн со интересни работи.

Џејмс Вудс го отпуштил својот агент откако дознал дека овој не му кажал дека Тарантино го сакал Вудс за улога во Reservoir Dogs.

Додека не се појавил Тим Бартон, скоро сигурно Бетмен ќе го глумел Бил Мареј.

Орсон Велс го режирал поголемиот дел од Citizen Kane во инвалидска количка бидејќи се повредил за време на снимањето.

За сцената со борбата меѓу Пит и Нортон во Fight Club Финчер го терал еден од каскадерите да паѓа 12 пати, првото паѓање го ставил во филмот. Педерски потег Финчер.

Вистинскиот Френк Абагнејл се појавува во Catch me if you can како француски полицаец кој го апси Леонардо.

Мишел Фајфер требало да ја игра главната улога во Silence of the Lambs, но таа ја одбила бидејќи и било страв.

Во Pulp Ficton сите часовници покажуваат исто време, 4:20.

90% од американските филмови снимени пред 1929 се изгубени и немаат никаква копија.

Брус Ли бил толку брз што морале да ги пуштаат неговите филмови побавно за да му се видат движењата.

Во филмот Годзила од 2014, Годзила се појавува само 8 минути.

Rocky од 1976 бил снимен за 28 дена.

Master Yoda од Star Wars е направен по ликот на Алберт Ајнштајн.

Временската машина во Back to the Future најпрво требало да биде фрижидер.

Шварценегер добил по 21.429 долари за секој збор што го изговорил во Terminator 2.

12 минути standing ovation е најдолго во историјата на оскарите, моментот кога Чарли Чаплин добива оскар за животно дело.

Шон Бин умира во 32% од неговите филмови, најмногу од било кој друг актер.

Двојниците на Том Харди и Шарлиз Терон за каскадерските сцени во Mad Max:Fury Road, се заљубиле на снимањето и после тоа се венчале.

Џеф Даниелс за првиот Dumb and Dumber добил 50 илјади долари, Џим Кери, 7 милиони. Ферски.

Познатата сцена од Shining кога Николсон ја крши вратата од вецето се снимала 3 дена.

Лиам Нисон ја одбил улогата на Џејмс Бонд во 1994 бидејќи не сакал да глуми во акциони филмови.
 
Последно уредено:
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.147
Поени од реакции
7.506
Сцената во Pulp Fiction каде Винсент ја прободува Миа со иглата е снимана обратно, Џон Траволта уствари ја вадел иглата од неа.

Рускиот рулет во Deer Hunter е сниман со вистински куршум во пиштолот на Де Ниро, причината била, сцената да биде понапната. :cuc:

Во Rocky 4 Сталоне сакал сцените во рингот да изгледаат што е можно пореално така што го советувал Лундрен како да го мава, но после еден удар во градите Сталоне бил на интензива 8 дена.

Позната сцена на таванот во The Birds, птиците биле врзани за актерката и истовремено фрлани други кон неа.

OJ Simpson требало да го глуми Терминаторот, но Камерон не го сакал бидејќи нема да биде сфатен сериозно.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
11.312
Поени од реакции
16.815
Цела втора сезона од The End of the Fucking World трае помалку од Titanic, од The Green Mile, од Magnolia, од The Wolf of Wall Street, од Schindler's list...
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
11.312
Поени од реакции
16.815
Christopher Lee was once driving through Italy with his wife when their car had a puncture. He went for help, but fell into a ditch and got covered in mud. He reached a house and knocked on the door. The owner opened it, shrieked and fainted. They’d seen a Dracula film the night before.
 
На врв Bottom