Режисерот на Cannibal Holocaust морал да докажува на суд дека актерите се живи и никој не е убиен за време на снимањето.
Џим Кавиезел бил удрен од гром додека бил на крстот во Passion of the Christ.
На Питер Селерс за Dr.Strangelove му било платено 1 милион долари или 55% од буџетот на филмот.
Виго Мортенсен не ни сакал да глуми во Lord of the Rings се додека неговиот син не го натерал.
Шон Конери одбил улоги во Lord of the Rings, Matrix, Jurassic Park, Indiana Jones 4 и Blade Runner.
Во Raiders of the Lost Ark Инди требало да се бори со арапот но бидејќи Форд бил болен, решил да го убие со пиштол.
Кога Нортон за првпат се тепал со Пит во Fight Club, од него било побарано навистина да го удри Пит.
Во познатата сцена со коњската глава во Godfather, главата и крвта се вистински.
ET и Poltergeist требало да бидат еден филм кој ќе се викал Night Skies.
Сцената во Departed кога Николсон вперува пиштол во Леонардо не ни била во сценариото, Николсон го смислил на лице место бидејќи мислел дека сцената не е доволно напната.[DOUBLEPOST=1517865933][/DOUBLEPOST]Повторно јас, ја открив темава и решив да ја оживеам бидејќи филмскиот свет е полн со интересни работи.
Џејмс Вудс го отпуштил својот агент откако дознал дека овој не му кажал дека Тарантино го сакал Вудс за улога во Reservoir Dogs.
Додека не се појавил Тим Бартон, скоро сигурно Бетмен ќе го глумел Бил Мареј.
Орсон Велс го режирал поголемиот дел од Citizen Kane во инвалидска количка бидејќи се повредил за време на снимањето.
За сцената со борбата меѓу Пит и Нортон во Fight Club Финчер го терал еден од каскадерите да паѓа 12 пати, првото паѓање го ставил во филмот. Педерски потег Финчер.
Вистинскиот Френк Абагнејл се појавува во Catch me if you can како француски полицаец кој го апси Леонардо.
Мишел Фајфер требало да ја игра главната улога во Silence of the Lambs, но таа ја одбила бидејќи и било страв.
Во Pulp Ficton сите часовници покажуваат исто време, 4:20.
90% од американските филмови снимени пред 1929 се изгубени и немаат никаква копија.
Брус Ли бил толку брз што морале да ги пуштаат неговите филмови побавно за да му се видат движењата.
Во филмот Годзила од 2014, Годзила се појавува само 8 минути.
Rocky од 1976 бил снимен за 28 дена.
Master Yoda од Star Wars е направен по ликот на Алберт Ајнштајн.
Временската машина во Back to the Future најпрво требало да биде фрижидер.
Шварценегер добил по 21.429 долари за секој збор што го изговорил во Terminator 2.
12 минути standing ovation е најдолго во историјата на оскарите, моментот кога Чарли Чаплин добива оскар за животно дело.
Шон Бин умира во 32% од неговите филмови, најмногу од било кој друг актер.
Двојниците на Том Харди и Шарлиз Терон за каскадерските сцени во Mad Max:Fury Road, се заљубиле на снимањето и после тоа се венчале.
Џеф Даниелс за првиот Dumb and Dumber добил 50 илјади долари, Џим Кери, 7 милиони. Ферски.
Познатата сцена од Shining кога Николсон ја крши вратата од вецето се снимала 3 дена.
Лиам Нисон ја одбил улогата на Џејмс Бонд во 1994 бидејќи не сакал да глуми во акциони филмови.