Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.741
Неколкупати сум се зафркнал и со opensubtitles и веќе не ни барам таму, од истите причини како овој за The Commune.
Не ги отпишувај толку брзо.
И јас ги хејтав едно време најмногу затоа што додека да дојдеш до сабтајтлот треба 200 сајтови и реклами да ти се отворат.
Исто така често знаат и лоши преводи да имаат, како што си сретнал.
Сепак, понекогаш, особено за нови филмови и филмови од подрачје кое не е англиско, знаат да извадат океј превод, побрзо од сите други.
Не ги отпишувај.
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891
Coherence супер скоцкан филм. Јака атмосфера, глума и очи отворени цело време за запазување на сите детали. Бонус камерата. Ептен интересно одвлекувањето на фокусот на моменти од личностите кои зборуваа во тоа време, си додаваше самото тоа spooky елементи.
4/5 од мене. (y)
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
@MyloXyloto , кај најде subtitles за The Commune? Јас најдов еден, единствен, англиски вчера, го пуштив да го гледам и го исклучив по 5 минути - очи ме заболеа, ко некој од Свазиленд со основен курс по англиски да го преведувал. Само нафрлени именки и глаголи, смислата оди па пронајди ја.

И генерално, од кај симнувате преводи? Јас користам само podnapisi, titlovi и subscene. Неколкупати сум се зафркнал и со opensubtitles и веќе не ни барам таму, од истите причини како овој за The Commune.
До толку не можев да издржам да гледам, што го гледав со овој лошиов англиски. Не ми беше тешко да се снајдам во приказната. Но ете, некако ме разочара, интересна замисла, хипик општеството во Данска, ама некако не ме освои филмов. Со титлови никогаш не сум имал мака, така да најчесто од таму.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.107
Поени од реакции
37.569

Данска уште немаат избрано филм за Оскар, ама овој им е еден од трите кандидати. До душа, и ланскиот дански не беше којзнае што, па пак лапна номинација... Со Данците никогаш не се знае.
 
Мене искрено воениот Land of Mine повеќе ми се допадна од Commune. Вака од прва, многу просечна година за овие што ги пратиле за странски филм. Едино сум хајпнат за германскиот Toni Erdmann, романскиот Sieranevada, грчкиот Chevalier, босанскиот Smrt u Sarajevo и чилеанскиот Neruda. Ќе видиме, мислам дека ќе излезат скоро сите овие кога-тогаш, доста веќе ги има по торентиве.

Уште ништо од нашиот кандидат, ме чуде овој период да е толку тишина околу изборот.
 
Истите и јас, без грчкиот, + австралискиот Tanna и Julieta на Алмодовар. Tanna веќе го има, се мислам да му седнам деновиве.[DOUBLEPOST=1473974107][/DOUBLEPOST]А, да, и од финскиот и португалскиот имам високи очекувања.
 
Хулиета уште не ти е гледан? Две недели скоро го има по торентиве.

Мене ми беше стварно добар, мада не можев да му дадам осмица, душа ќе ми пукне да го ставам на исто ниво со Volver, Los Abrazos Rotos и La Piel Que Habito. Иако можам да кажам дека од поновиве, од 2010 наваки снимани овој ми е најдобар. Крајот беше фантастичен!

Едит: Кожата во коа живеам бил од 2011, така да се повлекувам дека е најдобар :D.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.107
Поени од реакции
37.569
Хулиета уште не ти е гледан? Две недели скоро го има по торентиве.

Мене ми беше стварно добар, мада не можев да му дадам осмица, душа ќе ми пукне да го ставам на исто ниво со Volver и Los Abrazos Rotos. Иако можам да кажам дека од поновиве, од 2010 наваки снимани овој ми е најдобар. Крајот беше фантастичен!
Не ми е уште. Од предложениве до сега единствено венецуелскиот Desde Alla лани што го гледав на Синедејс, и не ми направи мерак, иако е еден од фаворитите моментално и белгискиот The Ardennes што испадна солидно филмче. До душа почна одлично и ветуваше многу, ама како се ближеше кон крајот по малку го затепуваа, за на крај некако да ми спласне впечатокот. Ама сепак, солидно филмче го сметам, убава, напната, белгиска атмосфера, налик на тој The Treatment што го гледавме во клубот.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.183
Поени од реакции
10.185
Уште ништо од нашиот кандидат, ме чуде овој период да е толку тишина околу изборот.
Се чека мислам и на Златна петорка (премиера на 6ти октомври). Бетка по интервјуа најавуваше дека ќе може да се бира од четири филма. Досега премиера во 2016та и киноприкажување имале само 3 - Џган, Лазар и Ослободување на Скопје.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.107
Поени од реакции
37.569
Се чека мислам и на Златна петорка (премиера на 6ти октомври). Бетка по интервјуа најавуваше дека ќе може да се бира од четири филма. Досега премиера во 2016та и киноприкажување имале само 3 - Џган, Лазар и Ослободување на Скопје.
Не, баш Лазар не е eligible, а Три дена во септември е, зашто Лазар имаше премиера лани на Манаки (септември), а Три дена... на Синедејс (ноември), а дозволено е да се прати филм кој домашната премиера ја имал во периодот од 1 октомври 2015 до 30 септември 2016.

Да, и јас мислам дека веројатно Златна петорка го чекаат. Лани на 14ти септември го објавиле, а годинава нема ни трага ни глас, а еве веќе Виетнам е 48-ма земја која го објавува својот претставник.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.183
Поени од реакции
10.185
Не, баш Лазар не е eligible, а Три дена во септември е, зашто Лазар имаше премиера лани на Манаки (септември), а Три дена... на Синедејс (ноември), а дозволено е да се прати филм кој домашната премиера ја имал во периодот од 1 октомври 2015 до 30 септември 2016.

Да, и јас мислам дека веројатно Златна петорка го чекаат. Лани на 14ти септември го објавиле, а годинава нема ни трага ни глас, а еве веќе Виетнам е 48-ма земја која го објавува својот претставник.
Лазар имаше фестивалска премиера лани, а кино премиера годинава.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Бразилскиот Неонски бик (Neon Bull) го гледав вечерва. Интересна сторија за одгледувач на бикови, со пасија за дизајнирање облека. Прекрасна камера и кадри, воедно и самата интеракција помеѓу луѓето и биковите беше интересно прикажана. Секс сцената во последните минути ми беше предобра! Ми се допадна стварно, иако некако мислам дека Aquarius по би ми се допаднал, пошто претходниот филм на режисерот, Neighbouring Sounds ми беше одличен, но ќе видиме кој е најдобар помеѓу трите, со оглед на тоа што Little Secrets е нивниот кандидат.

Грчкиот Chevalier има многу интересна приказна, интересно е што Сакис Рувас исто има улога. :D

In the middle of the Aegean Sea, six men on a fishing trip on a luxury yacht decide to play a game. During this game, things will be compared. Things will be measured. Songs will be butchered, and blood will be tested. Friends will become rivals and rivals will become hungry. But at the end of the journey, when the game is over, the man who wins will be the best man. And he will wear on his smallest finger the victory ring: the Chevalier.
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Полека со новиот на Вуди Ален. Просекотина.
Не ни имаше очекувања дека филм од Вуди ќе биде нешто што отскокнува годинава or in general.
Сите такви му се нему, еве последниве години што ги извади не дека се нешто невидено или movie of the year material ама знае многу убав feel good амбиент да направи, и не знам друг режисер што тоа го постигнува како него. Додава некој unique artistic touch на филмовите, јас ни еден немам зажалено што го гледам, во сите сум уживала ама не можам да кажам дека заслужуваат невиден хајп да се крева околу нив.
 
W

wicked_1

Гостин

Вуди Ален има зад него залепено тагови како легенда, неповторлив, еден од најдобрите ever,.. во 70ти и 80ти најверојатно да.

Тие години избаци филмови како Ени Хол, Менхетен, Хана и сестрите & слично, сега изгледа како да е доста стагниран, нединамичен, репетитивен со паушални приказни. Овој последниов е жив срам, Вуди пробува Ајзенберг да го прави Вуди а ликот ужасно напишан.

Далеку е од Кјубрик, Хичкок, Копола, Спилберг, Тарантино, Скорсезе и остали меѓу кои е форсиран.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom