Филмови кои ве подигнуваат, Инспиративни филмови

Член од
31 март 2008
Мислења
2.504
Поени од реакции
1.721
Баш сега го изгледав Things Fall Apart, главна улога фифти сент. Не е филмот од тие неговите предходни со пукање, тепање, крадење и такви ми ти ефтини сцени.

Филмот е неверојатен! Зборува за човек, кој е здрав и прав и е најголемата фудбалска ѕвезда во школото, но открива дека е болен од тумор кој се наоѓа веднаш до срцето.

Наеднаш целиот живот му се променува за 360 степени. Мора да престане да игра фудбал, губи од својата популарност кај девојките, губи половина од својата телесна тежина, болеста до толку го напаѓа што со месеци само е на терапија и спие.

Односите во неговото семејство се влошуваат, неговите се разделуваат, караници околу пари, нема за терапија... со еден збор, се се свртува против него.

Тој е изгубен, не знае друго ништо да прави во животот освен да игра фудбал. Но кога ќе се најде на дното, ќе открие и некои други вредности кај себе. Ќе добие самодоверба и ќе се бори против болеста, иако сето тоа оди многу тешко...

Да не го прераскажувам филмот, гледајте го. Мене од вечерва ми е омилен филм и дефинитивно сватив некои многу важни работи од него. Тие што имаат некој сличен проблем во животот, дефинитивно треба да го погледнат.

Еве ви го и торентот

Ако не ве мрзи пишете некој филм кој ваква содржина, личности кои биле на дното, цел свет да бил против нив но сепак на крај успеале да се издигнат од калта.
 
Член од
10 февруари 2011
Мислења
894
Поени од реакции
398
Со ова што го раскажа на почетокот филмот сигурно вреди !! сега ке го симнам !! :)
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Сеа ја си симињам едно филмче, откако ќе го изгледам ќе си го пуштам вој со фифти ме заинтересира (y)
И фифти многу се измачи за вој филм, требаше многу да ослабне за да ја добие ваа улога :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.335
Поени од реакции
57.916
Баш сега го изгледав Things Fall Apart, главна улога фифти сент. Не е филмот од тие неговите предходни со пукање, тепање, крадење и такви ми ти ефтини сцени.

Филмот е неверојатен! Зборува за човек, кој е здрав и прав и е најголемата фудбалска ѕвезда во школото, но открива дека е болен од тумор кој се наоѓа веднаш до срцето.

Наеднаш целиот живот му се променува за 360 степени. Мора да престане да игра фудбал, губи од својата популарност кај девојките, губи половина од својата телесна тежина, болеста до толку го напаѓа што со месеци само е на терапија и спие.

Односите во неговото семејство се влошуваат, неговите се разделуваат, караници околу пари, нема за терапија... со еден збор, се се свртува против него.

Тој е изгубен, не знае друго ништо да прави во животот освен да игра фудбал. Но кога ќе се најде на дното, ќе открие и некои други вредности кај себе. Ќе добие самодоверба и ќе се бори против болеста, иако сето тоа оди многу тешко...

Да не го прераскажувам филмот, гледајте го. Мене од вечерва ми е омилен филм и дефинитивно сватив некои многу важни работи од него. Тие што имаат некој сличен проблем во животот, дефинитивно треба да го погледнат.

Еве ви го и торентот

Ако не ве мрзи пишете некој филм кој ваква содржина, личности кои биле на дното, цел свет да бил против нив но сепак на крај успеале да се издигнат од калта.
Торенти никако.
Бидејќи го немам гледано наведениот филм, да прашам: дали мислиш на филмови со инспиративни приказни?
 

NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Баш сеа го зборев филмот, па само ќе го ископирам муабетот:
"Вчера го гледав "Yes Man" (2008) со Џим Кери и уште толку ме размрда. Филмот е ништо посебно (не е лош), идиотски/детски хумор во многу наврати, лоша глума, идејата/поентата изџвакана и голтната од сам почеток, згора имплементирана во розев свет каде работите тежнеат кон тоа се' да е супер, ама битното е - поентата е ГОЛЕМА (не дека некој не ја знае, ама некои ја забораваат). И така, размислував за секое кажано "НЕ" - за тоа колку опции/шанси сум си ускратил и за тоа дека уствари ја чекам среќата со затворена врата, а се курчам што не доаѓа."
Инаку, лично, слабо стојам со позитивни гледишта, ама у блиско минато го изгледав "The Fighter" (2010) и тоа како добив boost на моралот. Приказна за двајца браќа, боксери - постариот, Dicky Eklund (Christian Bale) го допрел врвот, но паднал и се препелка во калта, а помладиот Micky Ward (Mark Wahlberg) е некаде на средина, заглавен во сенката на постариот, трпејќи ги сите последици од неговите постапки. И додека навидум, во преден план е животот на животот на Мики, двете приказни се одвиваат паралелно, испреплетувајќи се, а главната порака е "во позадина", пренесена преку ликот на Дики, барем според мене. (имињава ко Биди и Бади :P) Во секој случај, еден од ретките филмови што без размислување сум ги оценил со 10/10. Филм за многу нешта, а најмалку за боксот.
Друг таков филм е и "Mr. Nobody" (2009) (џабе и да се пишува за него, мора да се гледа), а овде морам да ја спомнам и најтазе трилер/драма/фантазија-та Македонија - Литванија, за прв пат прикажана на фестивалот "Eurobasket 2011". (y)

Има уште многу, ама не ми текнуваат во моментов..
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.504
Поени од реакции
1.721
Торенти никако.
Бидејќи го немам гледано наведениот филм, да прашам: дали мислиш на филмови со инспиративни приказни?
да, да, инспиративни, позитивни, подигнувачки... се извинувам за торентот, не знаев дека не бива да ставам
 

Opsessive fangirl

Безнадежен интелектуалец.
Член од
14 декември 2009
Мислења
291
Поени од реакции
137
A Beautiful Mind. Повеќе пати го имам спомувано форумот, затоа што вреди да се спомне. Базиран на вистинска приказна, зборува за генијалниот математичар Џон Неш, неговиот живот со параноидната шизофренија и како конечно открива дека всушност сите оние личности кои му влијаеле во животот и на неговата работа се всушност дел од неговата имагинација. Сепак, тој за љубовта кон семејството и работата успева да се издигне над болеста, да научи како да живее со неа иако таа никогаш не може да исчезне. Од таа борба произлегува и неговото најзначајно дело кое му ја носи Нобеловата награда за економија. Инаку, тој сеуште е жив и иако има скоро 90 години, не и потклекнува на болеста.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.335
Поени од реакции
57.916
Cinderella Man (2005)
Биографска приказна за Џејмс Бредок, човек кој се подигнува од самото дно.

It's a Wonderful Life (1946)
Моментот кога Џорџ Бејли ќе го види животот од еден поинаков агол...

Good Will Hunting (1997)
Ловот на добрата волја :pos:

Другпат други. Во овој дел има еден куп спортски филмови кои знаат да инспирираат со приказна како онаа од Литванија. Можеби преку 20-ина ми паѓаат на памет.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
A Beautiful Mind. Повеќе пати го имам спомувано форумот, затоа што вреди да се спомне. Базиран на вистинска приказна, зборува за генијалниот математичар Џон Неш, неговиот живот со параноидната шизофренија и како конечно открива дека всушност сите оние личности кои му влијаеле во животот и на неговата работа се всушност дел од неговата имагинација. Сепак, тој за љубовта кон семејството и работата успева да се издигне над болеста, да научи како да живее со неа иако таа никогаш не може да исчезне. Од таа борба произлегува и неговото најзначајно дело кое му ја носи Нобеловата награда за економија. Инаку, тој сеуште е жив и иако има скоро 90 години, не и потклекнува на болеста.
:cuc:
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
The Pursuit of Happyness

Обично не ме интересираат вакви филмови, но се деси по некоја случајност филмов да се најде на мојата торент листа.
Дефинитивно 11/10 за приказната. Глумата е оставена на Вил Смит и неговиот син (вистинскиот) која ја доведоа до перфекција.

Нема да дробам, погледенете го филмчето... ќе изнуди барем една блага насмевка ако ништо друго.
 
Член од
1 јули 2010
Мислења
138
Поени од реакции
22
Одлична е темава,еве еден филм и од мене
Leap Year 2010.Филмов нема некој голема оценка на IMBD,ама дефинитивно вреди да се погледне.Целиот филм е исполнет со прекрасна природа-Даблин,Ирска инаку филмот е романтична комедија и кога ќе го изгледате ве остава со едно убаво чуство,барем мене ме остави :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom