Феноменот: "Дете од фамилија"

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Не знам што наслов да ставам на ваква тема, некако овој ми е најсоодветен зашто гледам најчесто го користат.
Мислава ми е следна: Добро бе мајке му кога ќе пораснат духовно и психички овие комунистички истренирани умови? Зборувам за феноменот Дете од фамилија, меѓу народов се уште многу популарен. Цели семејства се засегнати од тоа од чија фамилија доаѓа девојката/ дечкото кое ќе се зема со нивна крв. Разбирам дека секој се грижи за своето дете, ама се ми се чини дека овој претеризам и буткање нос не оди на арно. Слушам коментари од типот: татко и работел тоа и тоа (пиши некоја професија што ја сметаат ко недостојна, т.е се што не е доктор, адвокат, директор) , родителите му се разведени, сиромашни се и цели врски се растураат зашто иако дечките се сложуваат на родителите не им прави ќеф што тој и тој не е дете од фамилија. Како тргнало 2% народ ќе остане "достоен".

Прашањето ми е: Сте се соочиле ли со ваков проблем и дали сте нашле решение за ова? И нормално дали партнерите потсвесно и сами ги класифицирате така?
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.612
Поени од реакции
2.235
Мене како зет(хипотетички зборам не забегавајте) ме боли таквото од која фамилија ке земам невеста. Не ме интересира што работат родителите, каква националност се...
Но проблемот се родителите. И сам си кажа оснало комунистичкото во нив.
Јас не сум се соочил(рано ми е де, мојт ке се соочам) но има случаи и секогаш ке ги има. Многу се тврдоглави(да неречам глупави) стариве, останато е она комунистичконо во нив, нетрпат различно мислење. Ти им викаш небото навечер е плаво, а они ти се смеат и те убедуваат дека е црно, и ненормален те праат(не ми текина друга споредба, овај го прочитав скоро зато го лупнав:D)
 
С

сашенко

Гостин
Далеку сум (по годините) од такви ситуации, ама до сега врските мои не биле дома тема на разговор а верувам и дека нема да бидат во иднина.Знам врсници кои прават муабет дома со нивните муабет за девојките и неможам да го сватам тоа никако.Мене ми е чудно и глупаво.Имам братучед кој е постар од мене доста и знам за него дека тој од 15-16 години ги има тие муабети дома, пе гледајки сега со какви ситауции се соочува поради тоа што премногу и дозволи на мајка му no thanks :D..Моите дома ме научија каков сум и јасно им е дека нивното мислење не ми игра некоја голема улога и дека на крај пак ке си ги направав работите како што јас сакам, па по тоа знам дека кога ке дојде време нема да трошат време и енергија да истражуваат која е и каква е пошто таа ке биде :pos:
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Мислам дека овој "феномен" полека умира, како што умираат бабите и дедовците.
Не е точно, напротив зема поголем замав и не само родителите туку и младите се интересираат. И тешко дека некогаш ќе се искорени.
Да многу е битно тој/таа да е дете од фамилија тогаш родителите па и самите тие ќе се горди и сосема ќе се занемари фактот дека тој/таа иако деца од фамилија не се тоа што се очекува да бидат (има многу такви примери).
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Не знам што има тука за бунење.Се знае кои бракови се најсреќни оние кај кои и машкото и женското имаат сличен социјален статус.Неможе некое девојче било малце поубаво да му замачка очи на дете од фамилија.Со кој памет тие фирмашите би седнале со другиве да наздрават за своите деца, или кога ќе одат едни кај други.
Замисли како би било тоа девојче растено во такво семејство одма на коњ да се качи,какво ќе се однесува,дали нејзе ќе и пријатно таа да живее таков а нејзиното семејство друг живот.
Сега знам ќе се нафрлите застарени мислења ова она,ама мислам тоа е реалноста.
 

Waffen ss

[Finest Сasual Dating Authentic Damsels]
Член од
29 ноември 2009
Мислења
32
Поени од реакции
9
Најмногу на ова внимаваат високо образовани луѓе и луѓе кои имаат троа повеќе пари од другите.За нив понижување му е пример синот поткнува од добра богата фамилија и да го земи некоја само заради парите мислам дека до некаде држи вода, или некоја високообразована личност да земи некоја или некој кој одвај името не можи да си го напиши или некојси пијаница и не знам што друго.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Со една од Драчево што се бафтав (пред 156 години) ми рече дека дома и рекле „од кај сакаш фаќај дечко, само немој од Драчево“. Јбг... секакви има. :)

Инаку, ако дозволувате вашите да ви се мешаат во врските и да ви кажуваат со кого да бидете или со кого да не бидете, подобро седете си дома и бидете само со вашите.
 
V

Vollstandig

Гостин
Јас сум ЗА за ова да се гледа што фамилија е, поради причината што децата се огледало на родителите. Многу добро е малце да се распрашаш, отприлика кој се мајка му татко му, дали мајка му е по 15-ти пат мажена, и има 10-тина вонбрачни и пдобрачни деца, дали ќерката што ќе ја земиш е добро воспитана или не , татко и дали скапал по затвори или си работел како треба. Зошто?

Да земеме пример, дека некоја жена, мажена еднаш бремена останува незнај кој кога и се качил, па остаена па мажена со 2 деца итн итн.Еве сеа ќерка и пораснала она не оти знај кој и е биолошки татко, значи мајка е на времето била подрастурена, и фактички самото тоа укажува дека мајка е нејзина немала добро воспитање, а како ќе го воспиташ детето во такво ќе израсти.
Таткото е исто битен фактор, дали штедел работел собирал пари , дали се коцкал пиел, лупал по кафани ред други работи, што значи не е добар пример за семејството. Ако мајка му си се подебнувала наоколу, татко е скитал што знам што правел, сигурно ќерката што ќе ја земи незнаен јунак, во прво време би била океј, али сепак би била истата, со тек на време, пошто нели домашното воспитање е значаен фактор за развојот на децата, и начинот на кој живееле тие во својата фамилија е исто многу битен кој начин на живот ја има замислено момето младо:)
Ова е исто, кога ќе купува некој куче, не го интересира кучето, колку што му се битни родителите и крвна слика и историја на прародителите, од кучето значи се оди дури неколку колена уназад.

Така да,сеа се движи по малце друг принцип, “Незнам на кој ни се истера детево вакво“, или некој ја бендисал цурата, па запнал да ја земи оти имала симпатични црти, па за воспитање мисли оти ќе ја превоспита по негов тек на работите, али то малце тешко оди само расправии разводи и ништо нема да бидни од тоа. Затоа некогаш луѓето се женеле по класи, сиромашен со сиромашна, будала со будала, богаташи со богаташи, пошто на сличен начин на живот си живееле и лесно се прилагодувале. Не било за џабе останато од одамна, не е западот толку кул како што изгледа:)
 
Член од
6 ноември 2008
Мислења
1.115
Поени од реакции
1.372
Си трае уште бе само што не е битно кои се какви се туку да се материјално поткрепени... 95% од случаите...
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Мислам дека овој "феномен" полека умира, како што умираат бабите и дедовците.
Камо да беше така. Работата е што има полошо од комунистички настроени родители - транзициони родители. Засега од нив полоши не сум видела и тие се највиновни за вакви нус појави и врски на мои блиски кои отишле во неповрат заради неодобрување.
 

El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
943
Многу влијаат турските серии по народов, очигледно.
За интересирање, нормално(онака уз муабет), но да забранат ?! Не знам за такво нешто, немам слушнато барем.(во блиско минато)
Според моите родители, не е важно родителите од друга страна дали биле директори или "обични" луѓе. Важна му е мојата среќа, и заедничката љубов и разбирање со партнерката. Доколку некогаш се случи некаква "забрана"(советување) од страна на моите или нејзините родители, тоа ќе биди само заради самите нас(какви сме ние самите), во никој случај заради тоа од која фамилија е. Но секако верувам дека има сеуште такви кои луѓето ги ценат според нивните предци а не според самата личност.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
На времето и ја бев против ова кој од која фамилија е и како на мајка ми никој не и чинеше за мене. Ниедна фамилија не беше на место според неа. Арно ама, сега откако пораснав и увидов што-како, сфатив уствари дека мајка ми била во право за се што кажала. Не мора да значи дека ќерката ќе биде иста како мајката или дека синот ќе биде како таткото ама сепак гените се наследни, не за џабе се рекло крушата под круша паѓа, така што колку и да бев против сега и ја го гледам истото.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Куче да е сортно да е, а пак не друго :icon_lol:.

Или за полжавот кога ќе излези од куќа ги покажува роговите, а друго суштество кога ќе влези в куќа тогаш ги покажува :icon_lol:.
 
I

indigo child

Гостин
Не знам у кој смисол е ова кажано. Дали е во смисла „од богата фалмилија“ или „од морална фамилија“?

Според мене многу е битно дали партнерот што ќе си го земеш е од морална фамилија (добро воспитан, образован, без татко пијаница, мајка без срам и останато)...И ја би се мешала кај син ми или ќерка ми утре ден за ваква ствар.

Ако е за богата фамилија...„Мамо...иди убиј се, си се земам со детево...“
 

Kajgana Shop

На врв Bottom