Феминизам!

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.414
Поени од реакции
87.006
Па и веб-страна направиле направиле со тоа име:pos:[DOUBLEPOST=1410892666][/DOUBLEPOST]Патем.... ЗДРУЖЕНИЕ :icon_lol:
 

Pro Femmina

Профеминче
Член од
7 мај 2014
Мислења
116
Поени од реакции
133
Валери, кого го лажеш бе маче? Ги знам сите од Здруженска.
Ајде пиши ми ПП која си може се знаеме. Ова е анегдота од многу раните почетоци, кога во Здруженска членуваа мал број на жени.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.886
Поени од реакции
25.168
Од далеку осеќам смрдеа на фејкер! Престани да го сквернавиш феминизмот! Горе - долу ги знам ставовите на сите од Здруженска и знам дека ниедна од таму не се влажни на Валери Соланас.
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: DL5

Pro Femmina

Профеминче
Член од
7 мај 2014
Мислења
116
Поени од реакции
133
Од далеку осеќам смрдеа на фејкер! Престани да го сквернавиш феминизмот! Горе - долу ги знам ставовите на сите од Здруженска и знам дека ниедна од таму не се влажни на Валери Соланас.
Мислам дека ти имам еднаш веќе кажано не сум фејкерка. Незнам што ти смрди, отвори прозор или уклучи бољер. Ако ме читаше добро ќе прочиташе дека само на почетокот кратко членував во Здруженска. Ја подржувам организацијата но немам време за активизам.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
200
Поени од реакции
97
Нема проблем сестро. Јас го знам како феминокомунизам или комунофеминизам , поретко во феминистичката литература што ја имам читано сум го сретнувала како социјалистички феминизам или социо - феминизан. Има и социјален феминизам ама тоа е друг поттип на феминизмот. Така, јас сум повеќе феминокомунистка и атеофеминистка. Се разбира дека знам за Здруженска, на кратко и членував . Другарка моја е една од основачките , иначе за тие што незнаат Здруженска е организација за јакнење и развој на женското движење во Македонија, компетентно во поглед на човековите права на жените и прашањата за родовата еднаквост, во согласност со глобалните залагања и потреби на овој план. Основна определба на организацијата е да ги јакне знаењата, вештините и способностите за идентификување и одговор на специфични потреби на Македонија во поглед на родовата еднаквост. Има една анегдота што често ја кажувам за Здруженска. Како што напишав погоре моја другарка е една од основачките така што добро ми се познати почетоците на организацијата. Уште пред да се формира се разговараше како да се именува организацијата, повеќето беа договорени да се вика женско здружение. Ама јас веднаш ги опоменав дека здружение не е во женски род , не може име во среден род кое што не е женско да се користи како име за женска организација и ги советував повеќе да бидат родово освестени за имињата на организациите. Па така од женско и здружение направивме кованица во женски род Здруженска.
Може ли малку поопширно да ги објасниш нивните ставови? Ја виде ли пораката што ти ја пратив?
 
Член од
4 септември 2014
Мислења
142
Поени од реакции
129
Машините за перење направија многу повеќе за жените отколку филозофските пишаници... Али неда бојже да спомнеш некаква критика за тие филофски пишаници кои ги нарекуваат феминизам одма ќе си ожигосан како шовинист. За во темава зборувам. Во реалност и онака не е битно.
[DOUBLEPOST=1411283684][/DOUBLEPOST]И за крај предлог за сите феминистки од темава. Да не остане на зборови феминизмот еве покажете се на дело. Сигурно се наоѓа по некоја куќа каде што уште немаат машина за перење. соберете средства и ослободете ги тие жени и мажи. Купете им машина за перење. Или за миење садови-тоа не верувам баш секаде да го има. Ослободете ги жените(а и мажите пошо и за нив има бајаги работа кога се нема машина за перење) да имаат повеќе време за други работи.
 
Последно уредено:

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148

Интересен говор од Ема, вистинската насока во која феминизмот треба да се движи. За жал, луѓе како луѓе, и жените како луѓе нели, повеќе гледаат можност да го искористат ова движење не за еднаквост, туку за надмоќ на едниот пол врз другиот, поткрепено дали од омраза, притиснати чувства во минатото, испран мозок, слаб карактер врз кој влијае општеството или може и само некаков комплекс од типот на "аха, сеа ќе им покажеме ние нив, доста трпевме ние, они се на ред", нешто на кое се почесто сум сведок ко што изминуваат годините и навлегувам in the life of the grown ups. Лично се залагам за еднаквост на половите (не активно, меѓутоа како еден од моите идеали и веќе оформени размислувања), меѓутоа во многу дискусии со личности од спротивниот пол, константно налетувам на жени и девојки кои се како претходно-наведените, нешто што не можам искрено ни да го разберам, па веќе и се откажав пошто ако им се спротивставиш на ставовите ќе те направат женомразач, па нејзините другарки во онлајн дискусија ќе и стегаат лајкови, а во дискусија во живо ќе ти упатуваат осудувачки погледи, и покрај тоа што самите не веруваат во тоа што го поддржуваат, ама го прават најверојатно за да не го "изневерат" полот, па самите придонесуваат кон движењето во погрешна насока. Мило ми е и што, колку и да се ретки, познавам и некои кои навистина се залагаат за ова за што збори Ема, и таквите имаат моја неизмерна почит. Феминизмот не треба да биде движење за надмоќ на женскиот пол, туку движење за еднаквост. Се додека се почести примерите каде оваа граница се надминува, феминизмот ќе биде гледан како движење со негативни последици. Па сега на овие за кои зборев останува да го променат тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom