Многу ми се допаѓа темава . Ја читав пред да се регистрирам на форумот . Морам да дадам поголем придонес на оваа тема, бидејќи досега ја несвесно ја занемарував.На оваа тема за феминизам, посебно ќе дадам нагласок на феминокомунизмот. Феминокомунизам или феминистички комунизам е подвид на феминизмот (токму затоа овој пост не го пишувам во темата за комунизам) што има за цел да ги прикаже материјалната основа за угнетувањето на жените, врските меѓу начините на производство и статусот на жените и да ги примени теориите за жените и класите во семејството. Само синтеза на марксизмот и на феминизмот може да ги еманципира жените. Оваа подидеологија на феминизмот посекако има основа од марксизмот и влијание од Комунистичкиот Манифест на Карл Маркс. Во 1884 Енгелес го објавил делото за потеклото на фамилијата , приватната сопственост и државата. Според Енгелс смената од феудализам во приватна сопственост на земја имало голема влијание врз статусот на жената, нејзината слобода и сексуалност. Поединците кои не поседуваат земја се во ситуација која Енгелс ја споредува со ропството, физичкото и сексуалното. - тие мора да работат за земјопоседниците со цел да може да живеат во системот на приватна сопственост.
Енгелс тврди дека подреденоста на жената не е резултат не нејзините биолошките предиспозиции, туку на опшествените односи и напорите на мажите за контрола на женскиот труд и сексуалност што во патријахалното опшество на приватна сопственост постепено станале институционализини. Низ перспективата на феминокомунизмот се анализираат инструментите за женското угнетување како моралот, "фиксација на женската невиност", потикнување на казни за женското неверство и опшествени барања за подреденост на жената кон мажот. Овие инструменти за женска опресија феминокомунизмот ги гледа во ексклузивната контрола на приватната сопственост на растечката патријахална и машка робовладетелска класа и во желбата тие да се осигураат дека нивното наследство ќе се пренесе само на нивните сопствени деца. Бидејќи само овие инструменти им гарантираат на мажите од владеачката класа пристап и контрола на женската сексуалност и репродукција . Како таква половата опресија е тесно поврзана со класната опресија и врската помеѓу мажите и жените е слична со врската помеѓу пролетерите и буржоазијата. Во овој контекст женската опресија е во функција на класната опресија. Се шири и опшествено продлабочува (исто како расизмот) затоа што им служи на интересите на капиталот и владеачката класа. Ги дели мажите наспрема жените привилигирајќи ја машката работничка класа со цел да обезбеди подршка за себе. Она што е многу битно, слично во атеофеминизмот е дека носителките на овој правец се нарекуваат феминокомунистки и се залагаат жените следбенички на оваа идеологија чесно да се нарекуваат (како што заслужуваат) во женски род - комунистки.