Diesel фармерки и панталони.Тоа е мојот избор.Долго време носам фармерки од нивниот бренд и сум презадоволен ,го следам нивниот развој и можам да кажам за сите оние што сакаат да се чуствуваат удобно,да бидат среќни носејки ги ,тие се вистинскиот избор.
Ексклузивната соработка меѓу престижниот бренд Diesel и ISKO најдобриот светски производител на фармерки, го инспирира создавањето на новиот Turbotech.
ISKO ја патентира Turbotech технологија за правење џинс кој еволуира и се прилагодува на движењето на телото, адаптирајќи се според стилот на живеење на оној кој го носи.Jа преземa формата на новчаник, МP3 плеер, клучеви и се друго што носите во џеповите од вашите фармерки - правејќи ги навистина уникатни и единствени!
Со специјалниот индиго процес на боење, парчињата брзо добиваат износен ефект, изглед кој постојано ќе се менува. По неколку перења тие избледуваат и започнуваат да го рефлектираат уникатниот отпечаток на оној кој ги носи.Внимавајте - фармерките ќе откријат кој сте вистински!
"Овој неверојатен,иновативен материјал, развиен во соработка со ISKO, овозможува џинсот да живее и да се менува во за зависност од вашиот стил. Тоа е навистина втора кожа - уживајте".
Кај нас за среќа има отворено од скоро аутлет бренд продавница која е до зградата на европската унија спроти НЛБ банката на самата раскрсница,во која има интересни модели за добри цени ,а некои од работите можат да се погледнат и на нивната њеб страница
http://brandsoutlet.mk