Прочитав неколку совети како да одберете фармерки па решив да ги ставам и тука.
1.Издолжи ги кратките нозе
- Избегнувај фармерки со дезени кои ја прекршуваат твојата силуета и те прават да изгледаш уште пониска.
- Издолжи ги нозете со фармерки-панталони со штрафти и високи џебови напред.
- Побарај фармерки со вертикални шари кои формираат илузија на подолги нозе.
2.Обликувај ја машката фигура
- Избегнувај класични фармерки кои немаат никакви додатоци и шари. Тие можат само да ја истакнат твојата права силуета.
- Истакни ги колковите со фармерки со секси шари.
- Додај облини на твоето тело со светли фармерки без џебови.
3.Минимизирај ги широките колкови
- Заборави ги стреч фармерките со висок струк. Тие само ја зголемуваат ширината.
- Пробај фармерки со понизок струк, дијагонални рабови и ѕвонасти надолу.
- Скриј ги колковите со класични фармерки со широки ногавици кои ќе го избалансирааттвоето тело.
4.Намали го големиот задник
- Избегнувај тесни фармерки без џебови позади. Тие можат да направат твојот задник да изгледа уште поголем.
- Минимизирај го задникот со фармерки со низок струк. Џебовите и вертикалните ленти ќе направат да изгледаш послабо.
- Камуфлирај ја големината на задникот со фармерки кои имаат рабови позади. Така твоите нозе ќе изгледаат послаби и подолги.