- Член од
- 26 март 2011
- Мислења
- 659
- Поени од реакции
- 667
Епа вака.....
Дипломирав на фармација во 2010 год. Дипломирав на време, се во рок и не паметам да сум била на испит, освен фармакогнозија нормално Тоа значи дека ако ти се учи и ако ти фаќа кликерот немаш гајле. Материјалот не е тешко совладлив, пак ќе кажам ако ти одат хемиите и биологијата. Значи се се учи. Голем плус е што редовно кој и да ти затреба можеш да го најдеш за време на консултации во неговата канцаларија, вклучително и деканот и да добиеш информација или помош која ти треба. Исто така колоквиумите/испитите редовно се достапни на увид па ако сметаш дека си оштетен на некој испит можеш комотно да одиш и да се увериш кај тоа си згрешил.
Точно е дека имаш два колоквиуми кои ако ги положиш ослободен си од испит и + завршна лабораториска вежба, која ако не ја положиш имаш поправна ако пак не положиш треба да го презапишеш предметот. Но тоа треба ептен труп да си за да не можеш да поминеш.
Се на се, среден и организиран факултет и ниту еден професор нема да те падне на испит ако не му ја купиш книгата. Најтешка е 3 година т.е 5 семестар, поради недостатокот од време за учење. Буквално од 8 до 8 си на факс и кога ќе се вратиш си утепан, а + и предметите во тој семестар се тешки медицински предмети (патофиза, патологија, микробиологија), но се издржува.
А да и некој праша дали вежбите влегуваат во отценка....ако се ослободиш од испит со колоквиуми влегуваат и вежбите во отценката, ако одиш на испит тогаш не.
И не се плашете за се ќе имате време и за излегување и за некој филм да погледнете и за се, нормално ако добро си го организирате времето. Јас не паметам викенд да немам дојдено во Тетово (седев во Скопје за време на студиите) или пак да немам излезено на кафе со другарките.
Сепак мислам дека маката не се исплати ако се остане кај нас во државава, бидејќи просечна плата на фармацевт е 18000 ден, со тоа што работиш и сабота и недела и празник и се. А дека тешко се наоѓа работа тоа е друг муабет (мислам на било која друга работа освен работа во аптека, каде многу мал процент од дипломираните ќе сакаат да работаат после факултетот)
Па среќно идни колеги