Фармацевтски факултет

Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Епа вака.....
Дипломирав на фармација во 2010 год. Дипломирав на време, се во рок и не паметам да сум била на испит, освен фармакогнозија нормално :D Тоа значи дека ако ти се учи и ако ти фаќа кликерот немаш гајле. Материјалот не е тешко совладлив, пак ќе кажам ако ти одат хемиите и биологијата. Значи се се учи. Голем плус е што редовно кој и да ти затреба можеш да го најдеш за време на консултации во неговата канцаларија, вклучително и деканот и да добиеш информација или помош која ти треба. Исто така колоквиумите/испитите редовно се достапни на увид па ако сметаш дека си оштетен на некој испит можеш комотно да одиш и да се увериш кај тоа си згрешил.
Точно е дека имаш два колоквиуми кои ако ги положиш ослободен си од испит и + завршна лабораториска вежба, која ако не ја положиш имаш поправна ако пак не положиш треба да го презапишеш предметот. Но тоа треба ептен труп да си за да не можеш да поминеш.
Се на се, среден и организиран факултет и ниту еден професор нема да те падне на испит ако не му ја купиш книгата. Најтешка е 3 година т.е 5 семестар, поради недостатокот од време за учење. Буквално од 8 до 8 си на факс и кога ќе се вратиш си утепан, а + и предметите во тој семестар се тешки медицински предмети (патофиза, патологија, микробиологија), но се издржува.
А да и некој праша дали вежбите влегуваат во отценка....ако се ослободиш од испит со колоквиуми влегуваат и вежбите во отценката, ако одиш на испит тогаш не.
И не се плашете за се ќе имате време и за излегување и за некој филм да погледнете и за се, нормално ако добро си го организирате времето. Јас не паметам викенд да немам дојдено во Тетово (седев во Скопје за време на студиите) или пак да немам излезено на кафе со другарките.

Сепак мислам дека маката не се исплати ако се остане кај нас во државава, бидејќи просечна плата на фармацевт е 18000 ден, со тоа што работиш и сабота и недела и празник и се. А дека тешко се наоѓа работа тоа е друг муабет (мислам на било која друга работа освен работа во аптека, каде многу мал процент од дипломираните ќе сакаат да работаат после факултетот)
Па среќно идни колеги(y)
 
Член од
20 август 2010
Мислења
149
Поени од реакции
16
Дали некој знае кога, каде и како се полага тој испит за фармацевтски техничари?
Тоа што знам е дека се иде (?) на пракса 6 месеци, или со други зборови бараш пријатели да ти соберат потписи. Јас мојата пракса си ја изработив, уште пред година и пол, ама од икс причини не полагав тогаш. Па се прашувам дали тие потписи ми важат и сега?
Друго, како е полагањето, писмено или усно? Стварно ти бараат знаење или чиста формалност (доволно е да ги уплатиш парите)? бај д веј, колку се плаќа? Порано беше 100 евра...

Ве молам, кој има инфо нека ми каже или упати :)
 

UniqueM

dreamer
Член од
30 јули 2014
Мислења
71
Поени од реакции
20
Ми требаат материјали за фармацевтска индустрија, што се работи кој е принципот на работа,ризици на кои се изложени вработените,и влијание на бензенот во производство и труења со бензен... Може.ли да ми посочите литература каде можам да најдам вакви материјали? Фалаа
 

Kajgana Shop

На врв Bottom