Архивист
Ултрас
- Член од
- 10 мај 2007
- Мислења
- 2.926
- Поени од реакции
- 608
ТРЕТА ЛИГА - ИСТОК
„РУДАР“ - „ОСОГОВО“ 1:2 (0:2)
Пробиштип. Градски стадион. Гледачи: 200. Главен судија:Марјан Гоцевски (Струмица). Помошници: Сашо Крстевски (Струмица) и Васе Вражов (Пиперево). Стрелци: Василевски 79’ (Рудар); Паунов 7’ Натков 21’ (Осогово). Жолти картони: Ампевски (Рудар); Паунов, Коцевски, Данев (Осогово).
„РУДАР“ – Марковски, Кралевски, Са.Донев, Ампевски, Михајлов (Атанасов), З.Кацарски, Јаневски, Насевски (Василевски), Милев (Кузев), Јовчевски, Спасовски.
„ОСОГОВО“ – Данев, С.Манчовски, Здравков, Горгиев, Коцев, Дамески, Натков, Шуманов (Постоловски), Д.Мачовски, Данилов, Паунов (Коцевски, Арсов).
ОСОГОВЦИ ГО ОДРЖАА ВЕТУВАЊЕТО
Како што најавија пред заминувањето за Пробиштип, така се вратија. Играчите на тренерот Крсте Крстев триумфално минаа низ „градот на рударите“ и со трите освоени бода над силната екипа на „Рудар“ ја задржаа предноста пред најлутиот конкурент „Тиверија“.
Осоговци поведоа во раната фаза од натпреварот што се покажа како пресудно за конечниот резултат. Во 7’ Паунов беше проигран во празно, и не му беше тешко да ја погоди мрежата на домашниот голман. Веќе во 21’ минута „жетварите“ го зголемија водството. По една нафрлена топка последниот човек од одбраната на домаќините киксираше, тоа го искористи итриот Натков распали од прва и молк на „Градскиот стадион“ во Пробиштип.
Домаќините намалија на единаесет минути пред крајот на средбата кога Василевски со извонреден удар најпрвин ја погоди пречката а потоа топката заврши зад грбот на Данев.
![](http://www.forum.kajgana.com/images/tekst/14458fud4.jpg)