Архивист
Ултрас
- Член од
- 10 мај 2007
- Мислења
- 2.926
- Поени од реакции
- 608
И 10 ПОГОДОКА БЕШЕ ЛОША РЕАЛИЗАЦИЈА
„ОСОГОВО“ - „ЗЛЕТОВИЦА ЦТТ-2008“ 10:0 (4:0)
Кочани. Стадион: „Никола Мантов“. Гледачи – 50. Главен судија: Стојанче Стојанов. Помошници: Крумислав Ѓорѓиев и Павле Темов (сите од Штип). Делегат: Јованчо Пилешков (Штип). Стрелци: С. Ѓорѓиев 3’ 23’ Митров 7’ 76’ Коцевски 32’ 75’ Данилов 51’ Дамески 52’ Белдедовски 80’ Постоловски 82’.
„ОСОГОВО“ – Лазаров, Коцевски, Постоловски, С.Манчовски, Шуманов, Белдедовски, С. Ѓорѓиев (Данилов), Митров, Коцев (Дамески), Паунов (Иванов), Цветанов.
„ЗЛЕТОВИЦА ЦТТ-2008“ – Антониев, Трајановски, Димитровски, Геновски, Ѓорѓиевски, Андонов (Арсеновски), Драганов, Тодевски, Тодоровски, Јордановски, Апостолов.
На отворањето на новата фудбалска сезона во Третата лига Исток се виде повторно дека во лигата ќе настапуваат екипи и рекреативни друштва. Минатогодишниот Шампион „Осогово“ добро ги „нагости“ гостите од Злетово, ги совлада само со 10:0, а доколку во нападот „жетварите“ беа посмирени можеше да постигнат уште двапати по толку погодока.
Уште со првиот погодок на Сашко Ѓорѓиев во 3 минута, беше најавено дека ќе има ревија на погодоци, а кога четири минути подоцна и Митров ја затресе мрежата на денес сепак најдобриот гостински играч, Антониев веќе беше сигурно дека злетовчани ќе доживеат вистинска катастрофа.
Гостите не покажаа ништо. Играа колку да пројде времето а и кога ќе добиеја топка гледаа што побргу да ја загубат. За деведесет минути не упатија ниту еден удар во рамките на голот на Лазаров. Головите што ги постигнаа домаќините беа плод на убави проигрувања. Се на се ако за ништо друго барем за десетте постигнати погодока вредеше да се биде на стадионот „Никола Мантов“.
![](http://www.forum.kajgana.com/images/tekst/11145os2.jpg)