Фан Kлуб: Осогово

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
ВЛАТКО КОЦЕВ ГИ РАСТУРИ РУДАРИТЕ

ОСОГОВО - РУДАР 4:0 (1:0)
Кочани. Стадион: „Никола Мантов“. Гледачи: 150. Главен судија: Тоше Џамов. Помошници: Благојчо Лазаров и Спире Арсов (сите од Кочани). Стрелци: В. Коцев во 43’ 68’ 83’; С. Ѓоргиев 88’.
„ОСОГОВО“ – Лазаров, Данилов (С. Манчовски), Веселинов, НЃоргиев (С. Ѓоргиев), Б. Коцев, Арсов, Здравков, В. Коцев, Д.Манчовски, Иванов (Д. Ѓоргиев), А. Горгиев.
„РУДАР“ – Анѓеловски, В. Кацарски (М. Атанасов), Заков, А.Атанасов, Стојменов, Петковски, З. Кацарски (Јовчевски), Насевски (Кузев), Милев, Донев, Василевски.

Да не беше денес присутен на теренот расположениот за игра Влатко Коцев и постојаното бодрење од страна на „Сејмените“ тешко дека Осогово ќе можеше да ја совлада екипата на Рудар. Осогово поведе од единствениот удар во рамките на голот во првото полувреме. В. Коцев доби топка на петнаесетина метри од гостинскиот голман биеше од прва и топката од пречката се одби позади гол линијата и заврши во горниот дел од мрежата. До водството на домаќините ништо позначајно не се случуваше.

Во второто полувреме гостите играа уште дваесетина минути и застанаа. Во 68-та минута В. Коцев беше проигран на левата страна во шеснаесетникот на гостите, успеа да го мине голманот Анѓеловски и да пласира во празната мрежа. Во 83-тата минута слична акција како и при вториот погодок, само што овој пат се се случуваше на десната страна. Конечниот резултат го постави С.Ѓоргиев на две минути пред крајот од средбата, кога со удар од десетина метри го погоди небранетиот дел од мрежата.

„Рударите“ денес во Кочани лошо копаа. Имаа само два удари кон голот на Лазаров кој со извонредни интервенции успеа да ги исфрла топките од самите горни агли и не дозволи неговата мрежа да биде погодена.

Судиската тројка од Кочани немаше тешка работа бидејќи се играше фер и коректно, но и она што го имаа го отсудија мошне добро.

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
ЦРН ДЕН ЗА ФУДБАЛОТ ВО КОЧАНИ

3.јуни. 2009 година ќе биде забележан со црни букви во фудбалската историја на Кочани, а се поради самоволието на одредени поединци на кого им доверено да го водат еден од најстарите клубови во државата, фудбалскиот клуб „Осогово“.

Имено во средата на 3.јуни.о.г. во рамките на првенството на Третата лига Исток, лидерот на табелата „Осогово“ требаше да гостува на теренот во Виница на натпревар со „Слога Филип II“. Но сепак се случи преседан каков досега не памти фудбалот во Кочани. Осогово наместо во Виница да игра за бодови по нечие самоволие заминало за Штип на пријателски натпревар со Брегалница, иако во Виница отпатуваа службените лица.

Натпреварот требаше да го суди судиска тројка од Кочани, на чело со Горан Горгиев, како главен и Тоше Џамов и Марјан Митков како помошници. За делегат на натпреварот беше делегиран Серафим Анѓелов исто така од Кочани.

„Во Виница требаше да го судиме натпреварот помеѓу „Слога Филип II“ и „Осогово“. На теренот се појавивме во терминот за одигрување на натпреварот, 17,00 часот каде освен домаќините друга екипа немаше. Ги почитувавме пропозициите и чекавме до 17,30 часот. Откако и до тој термин осоговци не се појавија се повлековме во соблекувалната за да го составиме службениот записник. Домаќините ни ги исплатија сите трошоци кои се предвидени со правилникот. Како судија ретко сум сведок на ваков однос кога лидер на табела избегнува натпревар. Ова е преседан и голем срам за фудбалот во Кочани“ ни изјави Горан Горгиев делегираниот главен судија за натпреварот.

Сега се поставува прашање што ќе се случи и кој ќе презеде одговорноста за оваа бламажа доколку​

Сега се поставува прашање што ќе се случи и кој ќе презеде одговорноста за оваа бламажа доколку клубот биде казнет. Не сме во состојба ниту да претпоставиме за последиците, а би споменале само дека публиката и сејмените почнаа да се враќаат во се поголем број на трибините.

клубот биде казнет. Не сме во состојба ниту да претпоставиме за последиците, а би споменале само дека публиката и сејмените почнаа да се враќаат во се поголем број на трибините.

Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.775
Поени од реакции
23

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
ВО БАРАЖОТ: „ОСОГОВО“ – „ВЛАЗРИМИ“

На денот на одигрувањето на квалификациониот натпревар за Светското Првенство 2010 година помеѓу Македонија и Норвешка во присуство на претставници од победниците на шесте Трети лиги беа извлечени двојките за бараж натпреварите.

Претставникот на Третата лига Исток, екипата на Осогово од Кочани за противник го доби Влазрими од Кичево. Местото на одигрување на натпреварот дополнително ќе биде одреден.

Овие две екипи се имаат сретнато во првенството во единствената Втора македонска лига.​
 
OdMitico

Rajko Mitic
Член од
4 мај 2008
Мислења
1.381
Поени од реакции
328
A koi se drugite dve dvojki znae li nekoj?I po moznost kade ke se igraat natprevarite!
 
OdMitico

Rajko Mitic
Член од
4 мај 2008
Мислења
1.381
Поени од реакции
328
Ne morashe bash nash najteskiot da ni padne,ali dobro...Sto e tuka e..Ke bide interesno!:)
 
Z

ziko bt

Гостин
ФУДБАЛЕРИТЕ НА ОСОГОВО СЕ МОЛАТ ВО ЦРКВА

Со божја помош во Втората лига

Фудбалерите на Осоговоо од Кочани пред да заминат за Струмица на 17 јуни каде го играат бараж натпреварот за влез во Втора лига против екипата на Влазрими од Кичево ќе одат во црква да запалат свеќи за среќа и да побараат божја помош да го разбијат малерот кој ги бие веќе две години.
Имено, кочанци трета година по ред се прваци во Источната група на Третата лига Исток без да доживеат пораз. Но, не успеваат да влезат во Втора лига, бидејќи лани и преклани на дуелите со Локомотива и Металург (двете екипи од Скопје) беа елиминирани на пенали.
- Ништо не е чудно. Верници сме. Со квалитетот што го имаме и вербата во Господ сметаме дека конечно ќе ја дојдеме до Втората лига, каде по квалитетот со кој располагаме, припаѓаме -рече тренерот на "жолто-сините", Крсте Крстев.
Во среда, на 17-ти, осоговци наутро се во кочанската Црква, а потоа заминуваат за Струмица.
 
OdMitico

Rajko Mitic
Член од
4 мај 2008
Мислења
1.381
Поени од реакции
328
Pa se nadevam deka ke im pomogne gospod!Kocani zasluzuva ako nistod rugo barem 2 ligaski fudbal!!Se nadevam na uste edna pobeda na makedonska ekipa protiv Albancite!
 
Член од
5 април 2007
Мислења
1.609
Поени од реакции
298
Da se nadevame na vlez na osogovo vo vtora liga zasluzuva i poveke od vtora liga t.e prva liga ke ima li neso organizirano odenje navivanje.
 
P-S-G

ЃОРЧЕ НАД СЕ ДРУГО...
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.087
Поени од реакции
20
Највероватно Сејмени ќе одат !!???
 
sanos_a

www.autobusi.net/
Член од
12 декември 2008
Мислења
554
Поени од реакции
83
во среда (17,06,2009) ке се игра бараж натпреварот помегу осогово и влазрими во струмица. за сите заинтересирани сејмени кои сакаат да присуствуваат и да ги бодрат осоговци ке има организиран бесплатен превоз до струмица со поагање во 13 часот од кај градскиот парк во кочани. ке има 3 бесплатни автобуси за навивачите а ако има потреба ке има и четврт автобус.
 
acemetal

Сејмен
Член од
15 јуни 2009
Мислења
7
Поени од реакции
0
Апел до навивачите на Осогово !

На ден пред големиот натпревар за нашиот клуб со кичевскиот тим Влазрими за влез во втората фудбалска лига кочанските фанови на осогово масовно се подготвуваат за историскиот настан годинава за Осогово.
Радува фактот што Осогово има подобра гол разлика од Влазрими.

3. Македонска Фудбалска Лига - Запад

Табела (конечна)
1. Влазрими Кичево 26 21 1 4 70 27 43 64 Бараж

3. Македонска Фудбалска Лига - Исток

Табела 31. коло
1. Осогово 26 22 3 1 97 14 83 69

Од вкупно одиграни 26 натпревари имаме постигнато 97 гола и примени 14, за разлика од Влазрими кој погодил 70 пати и има примено 27 гола. Осогово има само еден пораз, а Влазрими 4.
Доколку сакате да бидете дел од овој голем спектакл ФК Осогово организира бесплатен превоз да навивачите и симпатизерите на истоимениот клуб. Поаѓањето ќе биде од градскиот парк во среда 17.06 во 12:30 часот.
Натпреварот почнува од 16:30 часот на градскиот стадион Младост во Струмица, враќањето е веднаш после завршувањето на мечот.
Со заеднички сили да го бодриме нашиот тим бидејки заслужува да игра во повисок ранг на натпреварувања.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom