Струмица го губи епитетот спортски град
Ако до пред само неколку години градот Струмица важеше за спортски град, во последно време работите драстично се менуваат, и тоа во негативна насока. Неодамнешните случувања со кошаркарскиот клуб Струмица, чија гола егзистенција е доведена под голем знак прашалник, се само капак на серијата лоши резултати што струмичани полека но сигурно ги оставаат без можност да следат врвен спорт.
Граѓаните на Струмица веќе подзабораваат на успесите на фудбалскиот клуб Беласица, сега второлигаш, кој не толку одамна играше дури и во УЕФА-купот. Сега струмичани ако сакаат да гледаат врвен прволигашки фудбал ќе мора да отидат во Турново за да ги следат мечевите на тамошниот нов прволигаш Хоризонт. Ракометот одамна е на најниски гранки, а постојат сериозни шанси следната сезона Струмица воопшто да нема тим во овој спорт ако се остварат најавите за расформирање на некогашниот прволигаш Зоми мак М.
Во моментов единствени членови на елитата во некој екипен спорт се одбојкарите на новиот заеднички тим на Македонија Џио и на Струмица, како и одбојкарките на Македонија макс. Сепак, и двата тима се далеку од врвот на табелата, што покажува дека струмичани и нема премногу да се возбудат за нивните настапи.
Распаѓањето на кошаркарската екипа, која само пред две сезони беше шампион на Македонија, се уште е топ-тема меѓу струмичани, кои не можат да сфатат дека преку ноќ ќе останат без својот миленик. Струмица остана без спонзор, без можност за настап во БИБЛ-лигата, а и ги отпушти сите играчи што беа под договор.
Кошаркарот на минатиот век на Струмица, Бошко Георгиев-Бизнис, смета дека не треба да се дозволи да згасне кошарката во овој град и дека треба да се најдат сили да се обезбедат минимални средства за продолжување со работа.
- Важно е да опстане клубот и да има тим што ќе се натпреварува за следната сезона, макар биле и на дното. Имаме млади деца, кои со две-три скромни засилувања ќе можат да ја продолжат традицијата и да обезбедат опстанок на клубот, а со тоа и на струмичката кошарка. Верувам дека членовите на собранието на КК Струмица нема така лесно да дигнат раце од овој клуб - вели Георгиев.
Нова Македонија.