- Член од
- 21 септември 2008
- Мислења
- 14.615
- Поени од реакции
- 14.488
Касиљас - Денеска имаше повеќе работа отколку обично, за првиот гол мислам дека можеше нешто повеќе да направи, за вториот не, останатото го одбрани без некои поголеми проблеми.
Рамос - Центаршутите денеска не му одеа, во второто полувреме се пресели на позицијата меѓу Албиол и Карваљо, и таму беше многу посигурен отколку во првото полувреме.
Албиол - Во првото полувреме тотално изгубен, во второто многу посигурен. Неуиграноста со Карваљо е главниот проблем.
Карваљо - Ист случај како и Албиол, но во второ полувреме беше оној Карваљо кој се научивме да го гледаме - сигурен и без грешки.
Марсело - Многу борбен денеска, неверојатна желба за игра, многу добро си ја вршеше работата и во одбраната и во нападот.
Лас - Играше само првото полувреме и тоа што го одигра го одигра лошо, се надевам од наредниот натпревар нема да го гледаме веќе во прв состав.
Чаби - Не може се сам, во првото полувреме очаен, во второто одличен, после излегувањето на Албиол сам ја држеше цела средина и помагаше во одбраната.
Озил - Мислам дека денеска највеќе претрча, неверојатно брз но без некоја идеја, но добро е што трча, се труди, учествува и во нападот и помага во одбрана кога има потреба, денеска само добар.
Ди Мариа - И овој доста трчаше, но денеска ништо не покажа, премногу влегуваше во дриблинзи, премногу себичен во некои ситуации, дефинитивно треба да заборави на овој натпревар, многу лошо.
Роналдо - Во првото полувреме ги менуваше страните, постигна два погодоци, додека во второто не направи ништо се до 78 минута кога постигнува фантастичен погодок, подоцна и одлична асистенција за Кака, нема што за мене најдобар играч на светот, жално е ако на крајот на сезоната ваквиот скор на Роналдо не биде крунисан со некоја титула на Реал. Ми се чини дека може уште многу, многу повеќе, ме нервира кога не се враќа назад, но пак, не можеш да му замериш кога постигна три гола и асистираше за еден.
Бензема - За разлика од натпреварот со Леванте и Гетафе, денеска сепак многу повеќе трчаше, во второто полувреме многу поагресивен и со поголема желба за гол, но голот едноставно не го сака и не го сака.
Кедира - Влезе на местото на Лас, ја превзема неговата задача која сосема добро ја одработи, и ни покажа зошто е донесен во Мадрид.
Кака - Со неговото влегување тимот отиде на се или на ништо, фул офанзива, постигна гол и го најави своето враќање. Се гледа неговиот напредок од натпревар во натпревар а овој гол дефинитивни ќе му ја подигне самодовербата.
Гаго - Доста добро ја затвораше средината откога влезе, но тоа е се што можеше да се виде од него во тие 10 минути.
Магија на Бернабе, конечно се докажа за каква сила се работи во овој тим. За силата за која ние навивачите долго чекавме. Секоја чест за Мурињо кој повторно ја покажа својата умешност и во второто полувреме на терен извади сосема нови играчи. Очигледно е дека тука се работи за уникатни тренерски квалитети. За остварување на неговите идеи заслужни се играчите а потоа и навивачите. Некои играчи на Реал денеска баш немаа ден за памтење (Ди Мариа, Лас, Албиол), но Роналдо сигурно има. За мене дефинитивно играч на натпреварот. Посебно ме воодушеви со својот трет гол, кој иако можеби беше офсајд, сепак беше ремек дело за памтење. Долго време не сум видел такво нешто. После тешката позиција од која Диего Лопез му одбрани, брзо станува, го престигнува одбранбениот играч на Виљареал, му ја одзема топката со десна нога и при свртувањето со лева нога во голманската лева страна, милиметарски точно. Совршено, едноставно совршено. Секоја чест.
Уште еден добар натпревар за подигнување на самодовербата на тимот. Драго ми е што во првиот натпревар на Бернабе оваа сезона победивме и ја продолживме серијата победи на домашен терен. Иако не игравме совршено и натпревар беше неизвесен до самиот крај, покажавме поголема желба за победа од противничкиот тим. И тоа беше она што пресуди.. Да не беше онаа пожртвуваност на Роналдо во 78 минута, кој знае како би завршил овој натпревар. Но далеку од тоа дека оваа победа не ја заслуживме. Повторувам, не игравме совршено, нити овој натпревар беше лесен и без нервози, но треба да се памтат трите бода, трите гола на Роналдо, и враќањето на Кака во голем стил.
Би ги издвоил и навивачите кои постојано навиваа и го бодреа тимот. Можеа да се видат шалови, транспаренти, знамиња. Конечно амбиент каков што сите посакуваме..