Higuain (08.01.11 – ida a Chicago): Сега имаме само еден напаѓач, така да треба што побрзо да се вратам и да помогнам, но треба и да внимавам на себе. Пред фудбалер, сум обичен човек. Одлучивме да се оперирам, иако не сакам операции воопшто, но тоа е најдобро за мене. Тоа е за да си ја обезбедам фудбалската иднина уште многу години. Сакам да продолжам да играм. Се надевам се ќе оди добро и ќе бидам подготвен да играм на крајот на сезоната. Заедничка беше одлуката да се оперирам во Чикаго, се друго што излезе по медиумите не вреди да се коментира.После операцијата ќе морам да работам до смрт, како кога дојдов во Real Madrid. Немаме точна дата за тоа кога би се вратил, но смирен сум. Потребно е големо трпение. Примив многу пораки за поддршка од колеги и од останатите луѓе и им благодарам на сите.