Кака: Сакам да останам во Реал Мадрид
“Вистината е дека јас сум во Мадрид и сакам да бидам во Мадрид.” – рече Кака. “Мојата мајка ќе пристигне на конференција на свештеници во Лондон, но јас сакам да ставам јасно до знаење дека посакувам следната сезона да играм во Мадрид.”
“Нема да се вратам во Бразил ниту пак да се преселам во Премиер Лигата или пак Италија. Целта е да имам одлично првенство со Реал Мадрид.”
Кака потоа додаде: “Со Милан имам добар однос и горд сум што играв таму, но сакам да освојувам уште титули со Реал.”
“Задоволен сум од сезоната. Триумфиравме во Купот, стигнавме до полу-финале од Лигата на Шампионите и завршивме на втората позиција во Ла Лига.”
http://24fudbal.com.mk