Роналдо по подолго време повторно од слободен брцна голче.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Следната со алмерија очекувам да даде повеќе од 3 голови.
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
--- надополнето ---
Karanka: Игравме за 3 бодови, кои баш и не ни требаа но имавме и други мотиви како на пример оној на Cristiano, кој со своите два гола изедначи еден историски рекорд, голови кои не направија екипа која има дадено најмногу голови во првенството. Тие мали мотивации прават да ја завршиме сезоната на високо ниво.
Со вакви судии, кои те оставаат да играш, се играат најдобрите натпревари.
Имавме добро прво полувреме. Во второто имавме недостиг од концентрација, најверојатно поради резултатот. Villarreal го играше својот фудбал. За нас првото полувреме беше квалитет, второто работа. Villarreal имаше одлична сезона, веќе е на позиција која ја носи во ЛШ следната сезона. На Bernabéu ни зададе проблеми и сега повторно покажа дека е добра екипа со големи играчи.
Оваа сезона беше тешка и изгледа долга затоа што стигнавме до крајните фази во сите натпреварувања. Имаме уште еден натпревар против Almería и измеѓу оној во Лорка каде што одиме со задоволство.
Cristiano: Се чувствувам добро. Не очекував да дадам толку голови. Чест е да се достигнат двајца големи во фудбалот, но важна е победата која ја остваривме на тежок терен. Mourinho ни кажа дека мораме да ги добиеме натпреварите кои преостануваат, за да ја почнеме добро следната сезона. Останува уште еден натпревар против Almería, и важно е да победиме, не лажам, не ми е опсесија да направам нов рекорд. Можеби ова е мојата најдобра сезона, што се однесува до головите и задоволен сум поради тоа. Но не е најдобра за екипата, сакавме повеќе од тоа што го освоивме. Моите голови се резултат на добрата екипна работа. Јас не сум никој за да давам оценки. Мило ми е што во среда одиме во Лорка, Добро е да им се помага на тие на кои тоа им треба.
Pepe: Ако треба ќе му го дадам мојот гол од Anoeta на Cristiano. Задоволни сме поради победата и од натпреварот. Имавме добра сезона, како прва година од еден нов проект. Среќен сум и за голот на Marcelo, кој веќе го надмина Roberto Carlos во постигнат голови во една сезона.
Marcelo: Тешко е да победиш на овој терен. Знаевме дека нема да имаме лесен натпревар и дадовме максимум. Сакаме добро да ја завршиме сезоната и денес успеавме да играме многу добро против голем ривал. Сите сме среќни поради Cristiano, но особено поради екипата. Ни останува уште еден натпревар и очекувам Cristiano да даде уште некој гол. Кога си помагаме и работиме заедно способни сме за многу важни нешта. Сакав да го прославам мојот гол со Adebayor, затоа што е важен играч за нас и прекрасна личност.