Касиљас - Што можеше, фати.
Арбелоа - Солиден, стандарден. Неам замерки.
Рамос - Одличен.
Пепе - Со Рамос одличен тандем, супер ротација кога го нема Карваљо.
Марсело - Еден од најдобрите, како денес, така и цела сезона.
Чаби - Даде 4-5 долги пасови од својата на туѓата половина, доста прецизно како што знае тој.
Лас - Кога спомнував дека играчов вреди многу повеке одколку што сите мислите, ме преаеа некој будала овде. И Кедира е солиден, барем така покажа против Барселона (кога играше) али Лас, човече момаков е Макелеле 2 дел.
Кака - Ич не ми се свиѓаше. Колку само лошо ја прима топката(не мислам на приемот, туку на поставеноста) Одма противникот негов го става во позиција да тргне во насока на која ке му биде одземена топката. Кога и да гледам во главата увек ми доаѓаат идеи... што со топката(јес да вака многу полесно е само да замислиш), но Кака е далеку од тоа, почнувам да си потврдувам дека тој е застарен материјал веке. Па види го Озил бре човече, мозок.
Озил - Во секоја акција тој беше или асистентот, или носителот и креаторот на акцијата. Во сите голови имаше некакво учество. Вистински мајстор од кој Кака може само да учи. Кака може многу повеке, но тоа што сега го прикажа беше ужас слободно може само да се угледа од другиве.
Роналдо - Нема што да се коментира, не истрча ни 3 км а си постигна 4 гола. Целиот тим гледаше тој да постигне гол. Браво.
Бензема - Се најде у шанса две кој не ги искористи. Неколку пати делуваше како минатата сезона и знаеше по 10-15 мин скроз да се изгуби и да подзаборавиме на него. Иако сеа нема конкуренција, догодина ке му биде страшно тешко(како и почетоков) за да се избори за загарантирано место. Тоа нека го има секогаш на ум
Од измениве, Адебајор - ништо не видов, освен пар скокови и фаули. Албиол изгубен у свемир, на лето трансвер што е можно подалеку. И Гранеро си покажа нешто, колку толку. Некој пас направи, имаше еден слалом wrong way

. Шала на страна, не беше за фрлање. Колективно беше тоа добар натпревар во кој знаевме што треба да правиме и кога беше најпотребно ја контролиравме играта. Исто помина и Валенсија. Браво и за Мурињо, супер замисла има. Само нека бара решение како најлесно да се извлече противникот(кој игра бункер) за да се створат повеке шанси во напад, каде Бензема / Игуаин ке реализираат како што најдобро умеат. Честито уште еднаш триумф и Hala Madrid.