Ramos (25.04.11 – realmadrid.com): Задоволен сум и горд на екипата која ја имаме. Мислам дека секој фан, секој мадридиста кој го гледаше натпреварот уживаше како играчите кои не играат често беа на терен и покажаа дека во нашата екипа не се важни само 11 или 12 играчи, туку дека сите сме важни и дека за сите има место на терен. На Mestalla ги видовме Kaká, Canales, Granero, Higuaín... сите со голема илузија и волја и покажувајќи го најдоброто на терен.
Фундаментално е да се стигне во најважниот период од сезоната со сите играчи, сите да добијат минутажа, со илузија и волја да се даде се на терен за екипата. Важна е екипата колективно. Единствени сме како никогаш порано, со многу голема желба да направиме многу важни нешта. На правиот пат сме и карактерот кој го покажавме на Mestalla е истиот кој го имаме и на тренинзи.
Повторно ја бараме поддршката од Bernabéu. Горди сме на сето она што го направија за нас оваа сезона, на онаа промена која ја направија и беа внесени во натпреварите со нас и со многу голема илузија. Се почна на натпреварот против Lyon, потоа Tottenham, па Barcelona во Liga. Публиката е таа која секогаш треба да го даде првиот гол и секоја екипа која гостува на Bernabéu да осети што значи да играш на терен како нашиот. За нас публиката е фундаментална и ако на некого треба да му се заблагодариме тоа е на нив.
Кога ќе се навикнеш на оној Bernbéu кој го видовме на последните натпревари не можеш да очекуваш помалку од тоа во среда. За нас е фундаментална реакцијата на публиката и нормално дека очекуваме Bernabéu да игра со нас, да навива до последната минута и да не се сомнева дека екипата ќе си ја остави душата на терен. Мислам дека секој фан тоа најмногу го цени. Тоа се вредностите кои ти ги инјектира овој клуб и ние мораме да ги покажеме.
Како екипа сме многу единствени. Сите живееме со голема илузија во овој момент. Играме во ЛШ, што е посебно важно натпреварување и сега е моментот кога треба да ја покажеме таа единственост.
Mourinho е многу смирен. Он е главниот. Ако нешто го карактеризира тоа е дека не ги менува својата филозофија, стил и навики. Има многу јасни идеи и ние ќе продолжиме да работиме на ист начин, нема да го смениме тоа само затоа што секоја недела играме против различен ривал.
Јасно е дека натпреварот во среда е важен, но не и одлучувачки. Имаме 180, не 90 минути. Го познаваме ривалот, работиме и ќе се обидеме да го направиме она што го направивме на последните натпревари. Но мора да остане јасно дека ова трае 180 минути.
Знаејќи ја одговорноста и големината на овие натпревари, полуфинале во ЛШ и против Barcelona, сакам да гледаме чисти натпревари, здрави, спортски, да нема театар, да имаме судија кој нема да и наштети на ниедна екипа. Последно што видовме беа критиките дури и на коректните одлуки на судиите во финалето во Купот. Но особено сакам сите мадридисти и оние кои го сакаат фудбалот да уживаат во оваа фудбалска забава.
И Real Madrid и Barcelona има големи играчи, кои се следени низ целиот свет. Ние знаеме колкава е важноста на овие натпревари и што значи да се бранат боите на нашиот клуб на еден ваков натпревар и јасно е дека мораме да дадеме се и да си ја оставиме душата на терен.
Воопшто не се сметаме за фаворити, тоа не не носи никаде. Стигнавме до тука само поради едноставноста, скромноста и работата и тоа се вредностите кои ги имаме.