Фан клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата Бокица
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
2011-04-23-mou-01a.gif


Сакаш да го стигнеш Бензема а !? :pos:
 
Со кој состав и да играме , Мораме да постигнеме гол , а да не примиме гол , пошто е тешко на камп ноу да се брка резултат ...
 
Ramos (25.04.11 – realmadrid.com): Задоволен сум и горд на екипата која ја имаме. Мислам дека секој фан, секој мадридиста кој го гледаше натпреварот уживаше како играчите кои не играат често беа на терен и покажаа дека во нашата екипа не се важни само 11 или 12 играчи, туку дека сите сме важни и дека за сите има место на терен. На Mestalla ги видовме Kaká, Canales, Granero, Higuaín... сите со голема илузија и волја и покажувајќи го најдоброто на терен.
Фундаментално е да се стигне во најважниот период од сезоната со сите играчи, сите да добијат минутажа, со илузија и волја да се даде се на терен за екипата. Важна е екипата колективно. Единствени сме како никогаш порано, со многу голема желба да направиме многу важни нешта. На правиот пат сме и карактерот кој го покажавме на Mestalla е истиот кој го имаме и на тренинзи.
Повторно ја бараме поддршката од Bernabéu. Горди сме на сето она што го направија за нас оваа сезона, на онаа промена која ја направија и беа внесени во натпреварите со нас и со многу голема илузија. Се почна на натпреварот против Lyon, потоа Tottenham, па Barcelona во Liga. Публиката е таа која секогаш треба да го даде првиот гол и секоја екипа која гостува на Bernabéu да осети што значи да играш на терен како нашиот. За нас публиката е фундаментална и ако на некого треба да му се заблагодариме тоа е на нив.
Кога ќе се навикнеш на оној Bernbéu кој го видовме на последните натпревари не можеш да очекуваш помалку од тоа во среда. За нас е фундаментална реакцијата на публиката и нормално дека очекуваме Bernabéu да игра со нас, да навива до последната минута и да не се сомнева дека екипата ќе си ја остави душата на терен. Мислам дека секој фан тоа најмногу го цени. Тоа се вредностите кои ти ги инјектира овој клуб и ние мораме да ги покажеме.
Како екипа сме многу единствени. Сите живееме со голема илузија во овој момент. Играме во ЛШ, што е посебно важно натпреварување и сега е моментот кога треба да ја покажеме таа единственост.
Mourinho е многу смирен. Он е главниот. Ако нешто го карактеризира тоа е дека не ги менува својата филозофија, стил и навики. Има многу јасни идеи и ние ќе продолжиме да работиме на ист начин, нема да го смениме тоа само затоа што секоја недела играме против различен ривал.
Јасно е дека натпреварот во среда е важен, но не и одлучувачки. Имаме 180, не 90 минути. Го познаваме ривалот, работиме и ќе се обидеме да го направиме она што го направивме на последните натпревари. Но мора да остане јасно дека ова трае 180 минути.
Знаејќи ја одговорноста и големината на овие натпревари, полуфинале во ЛШ и против Barcelona, сакам да гледаме чисти натпревари, здрави, спортски, да нема театар, да имаме судија кој нема да и наштети на ниедна екипа. Последно што видовме беа критиките дури и на коректните одлуки на судиите во финалето во Купот. Но особено сакам сите мадридисти и оние кои го сакаат фудбалот да уживаат во оваа фудбалска забава.
И Real Madrid и Barcelona има големи играчи, кои се следени низ целиот свет. Ние знаеме колкава е важноста на овие натпревари и што значи да се бранат боите на нашиот клуб на еден ваков натпревар и јасно е дека мораме да дадеме се и да си ја оставиме душата на терен.
Воопшто не се сметаме за фаворити, тоа не не носи никаде. Стигнавме до тука само поради едноставноста, скромноста и работата и тоа се вредностите кои ги имаме.
 
Valdes: "Dependera mucho del arbitro
que podamos realizar nuestro juego"

:vozbud:

--- надополнето ---

1303711571_extras_portada_0.jpg

Ме интересира новата позиција на Пепе.

Дали е тоа тактика против Барселона или го има играно и на други утакмици на таа позиција.
 
Ме интересира новата позиција на Пепе.

Дали е тоа тактика против Барселона или го има играно и на други утакмици на таа позиција.

Тактика против Барселона иначе ретко игра во Реал на таа позиција. Во португалската репрезентација е почесто присутен на таа позиција.
 
На формацијата погоре и фали само Карваљо, али веке кога неможе нека не го тупи Мур, или нека го стави Гарај, или пак Пепе нека го врати. Неможам да го гледам пак Албиол. Тој или се усеруе до крај, или игра утакмица на сезоната.
 
Албиол ќе игра и ќе ја изигра утакмицата на кариерата и сите ќе го јадите :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom