Eве го бе
Di Stéfano (22.04.11 – колумна Marca): Белите војници ја изедоа Barça
Да, бев таму. Од двете ‘ел класико‘ дуели кои се играа до сега, второто го набљудував од сцената на која се играше. Имам изиграно толку многу натпревари, многу други сум ги водел, милиони имам гледано на телевизија или на некој стадион, но посебно среќен бев кога во средата седнав во ложата, како да е првиот натпревар кој ќе го гледам, како кога бев дете и татко ми ме носеше да го гледам River.
Ми беше страв кога доаѓав на Mestalla. Морав да пешачам некои си 300метри меѓу луѓето или да ме возат во инвалидска количка. Си го отворив патот како можев со моите 84 години, убеден дека можам да го поминам тој пат со мои нозе без никаква количка на тркалца.
И влегов на Mestalla со сопствени нозе. Потоа морав да седнам на количката за да ме однесат до моето место во ложата. Кога веќе бев во ложата и седнав, се свртев накај мојата придружничка и ја видов цела во солзи од емоции, затоа што успеав сам да го поминам патот до таму меѓу сите фанови на Real Madrid и Barcelona. Јас ја буткав мојата количка, која ми помагаше да се задржам на нозе и поминував покрај сите тие луѓе кои извикуваа ‘La Saeta Rubia’.
Сите беа многу љубезни, ми ја покажаа својата љубов и почит кои не знам дали ги заслужувам, но сум им многу благодарен. На момент помислив “како да ќе играм јас“. Они ми го отворија патот, ми направија коридор се до влезот на стадионот со голема поддршка и почит.
Мојата желба беше да бидам присутен таму и ја остварив. Утрото станав во десет до седум и во осум бев во колата на пат, со шоферот и помошничката како сведоци. Со беџот со грбот на Real Madrid на моето сако, со мојата кобрата Real Madrid на врат и со моето бело срце кое ја посакуваше победата.
Си го земав и мојот среќен камен и не знам зошто. Можев да ја помирисам победата, тоа и го кажав и на Norma Duval, кога ја поздравив во хотелот, еден час пред почетокот на натпреварот.
Barça не направи ништо. Не сфатив што сакаа да направат. Толку многу им значеше да си подаваат да на крај се изгубат. Од друга страна, моите бели војници, им зададоа главоболки, но онака како и треба, со трпение, сигурност, сопирајќи Каталонците еднаш и уште еднаш со својот ѕид од илузија и борбен дух, затоа што набрзина се средуваат само лошите торероси.
Толку многу сакаше Barcelona да се закити со ексесивната контрола на топката, што им излезе куршумот од другата страна. Во фудбалот најважни се головите. “Ако нема пари, нема голман“ викаше еден мој поранешен соиграч секогаш кога преговараше за неговиот договор.
Real Madrid никогаш не престана да верува во своите можности, иако минутите поминуваа. Оваа екипа беше физички и психички подготвена за да игра колку и да е потребно само да ја земе титулата.
Раката на Mou
Пример за храброст и смелост, апетитот за триумф на Real Madrid не е нешто што се активира со еден прекинувач, туку е резултат на работата која ја предводеше Mourinho откако дојде во клубот, во кој очекувам да остане уште многу сезони.
Тој гол на Cristiano беше психички удар во темнината безбројни пасови на ривалот. Во тој натпреварувачки контекст, нашите движења на терен имаа додатен ефект на изненадување. Еден гол, со објективно моќно движење, прекрасна акција која ја видов многу пати до сега.
После натпреварот и уживањето во средата, вчера попладне се вратив во Мадрид, убеден дека имам големи пријатели во Шпанската фудбалска федерација кои ми го направија реалност сонот да присуствувам на ова финале.
Ми се допадна: Целосноста на Real Madrid, борбеноста и желбата за успех. Вистински дух.
Не ми се допадна: Оние навредувачки извици за Shakira. Колумбијанката е вистински артист и добра личност.
За Рере: Real Madrid треба да ги игра следните натпревари со истата сигурност, контролирајќи ги нервите и желбата.