Фан клуб: Рафаел Надал

Член од
19 мај 2008
Мислења
1.929
Поени од реакции
500
По денешната победа мислам дека Рафа без проблем ќе си стигне до полуфиналето. За понатаму ништо не се знае:).
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.544
Поени од реакции
5.772
Најдобриот светски тенисер, Рафаел Надал, вчера со победата против Пабло Андухар (7-5, 6-3, 7-6)обезбеди пласман во третото коло на „Ролан Гарос“, но повторно не беше задоволен од својата игра. На отворањето на престижниот турнир во Париз, на Надал му требаа пет сета за да го победи Џон Иснер, а сега, иако славеше без загубен сет, Шпанецот смета дека со ваква игра нема да може да ја одбрани титулата од лани.

„Воопшто не сум задоволен (од играта во моментов). Имам некои добри моменти, но имам проблеми со конзистентноста. Не зборувам за резултатите, туку за играта што треба да ја подигнам на многу повисоко ниво, за да можам мирно да влезам во наредните кола, каде што ме чекаат посилни тенисери“, кажа Рафаел Надал.

Многубројни критичари и аналитичари сметаат дека неколкуте порази по ред од Ѓоковиќ во финалните натпревари сезонава, нанеле сериозен удар на самоувереноста на Надал. „Чувствувам дека во натпреварите влегувам по малку нервозен, што не е обично случај. Можеби тоа е причината што потфрлувам во работата со нозете. Инаку, на тренинзите можам да кажам дека одлично се чувствувам“, заврши Надал.

Рафа е бранител на трофејот од 2010 година, а во третото коло, односно утре, ќе игра со Хрватот Антонио Веиќ. Потешките натпревари за Надал треба да почнат од понеделник (ако го помине Веиќ), кога треба да се сретне со Љубичиќ или Вердаско. Од друга страна, Новак Ѓоковиќ нема никакви проблеми со формата, но го очекува незгоден дуел со Хуан Мартин дел Потро, кој исто така е во одлична форма.
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Ете убаво си изјавил и самиот, стварно е катастрофа ова што го игра он. Неможе со оваа игра да одбрани титула, а па до финале да стигне и тоа тешко едноставно мора да проработи најкасно после мечот со Љубо/Верда. Кога го гледав како се мачи со неговото најјако оружје Форхенд Спин ми беше веќе све јасно!!! Утре мора да го прегази Веич и да го крене нивото на играта барем за 2 степена, а ако стигне до 5 степен тогаш има да гази.:)
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.544
Поени од реакции
5.772
Јас, лично, дека овој Надал, до сега не мислам дека ќе стигне до четврт-финале, а камоли понатака... Но, ако заигра како што знае, тогаш може да стигне до финале... :)
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Кога ли ќе го видиме Надал од 2008???:( Сам себе се прегази Веич.:)

--- надополнето ---

Во Понеделник има да се изнамачи со оваа игра Надал ама ипак ќе си победи и после Љубо се сретнува со Симон/Содерлинг. Најверојатно во 1/4 ќе биде противникот од ланското финале.:)
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Летна Љубо набрзина но не беше вистинско мерило за Рафа,се надевам формата оди во нагорна линија и ќе кулминира во финалето.
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Задутре ќе гледаме во 1/4 ланското финале.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
тешко,тешко преслаба игра не ми се верува да го тепа Содерлинг кој игра добро а Надал игра катастрофално лошо подобро би било сега да одпадне или па против Џокович во финале пак..
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Што ли ќе се случи сеа со Содо, несакам ни да помислам на испаѓање иако шансите се големи.:confused:
 

Awake

б.
Член од
30 декември 2007
Мислења
3.198
Поени од реакции
2.628
Заедно со Федерер, дефинитивно најдобро облечени тенисери :)
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.342
Поени од реакции
2.235
Јас го сакам Џоковиќ во финале, нека го помине ама сакам да го згази таму, да дојде ред кога и на формата ќе и дојде крај, кога нема се да игре во оваа форма. Нека дојде во финалето нека го победи Надал, нека свати што значи Надал, па после уште многу дуели очекувам каде што ке се пресметуваат тие двајца. Федерер некако ми е избришен, а може да го изненади ништо чудно.

За облеката да не зборувам, најдобра спортска опрема има. =)
VAMOS, и со среќа понатака !!
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Иако тепаше 6-4 6-1 7-6 ова не е Надал кој го знаеме. Овој Надал цел меч го изигра дефанзивно и константо враќање на топчето само. Следен Мареј кој исто не игра некој тенис али и тој игра цел турнир само со враќање. Тоа е тоа, финале сакаме сите и одмазда на Ноле, а нормално и Надал сака само можностите со оваа игра што се никакви тоа е друго.:)
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Исто играат Надал и Мареј со враќање затоа го тепаат Федерер пошто он сака кратки поени и одма напаѓа а вие му враќаат и ќе згреши..ќе биде тежок меч но очекувам да победи Надал и да влезе во финале..
 
Член од
27 август 2009
Мислења
1.540
Поени од реакции
1.671
Го сакам стариот Рафа!!!
Знам дека повеќе е дефанзивен играч ама што беше ова денеска???? Содерлинг напаѓаше, среќа за Рафа и не толку прецизно а овој цело време враќаше. Ако сака да ја одбрани ланската титула ќе мора подобра игра.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom