Надал игра најдобро на земја, па трева и на крај, тврда подлога, нема тука дилеми.
Аналогно на тоа, игра најдобро во Роланд Гарос, Вимблдон, во Австралија не е толку лош, а секогаш најлош гренд слем му е УС Опен. (најлош условно кажано
)
Федерер, Мареј и Ѓоковиќ последниве неколку месеци се во сомнителна форма, минатата година многу подобро го изиграа овој период. Федерер изгледа се чувствува неподготвен бидејќи се пријавил да игра во Есторил, 250-ка турнир, каде што тој е единствениот пријавен тенисер од топ 10.
Вердаско и Содерлинг се многу слични, некогаш знаат да изиграат неверојатно, а некогаш да изгубат прилично лесно.
Дел Потро со повредата паузира прилично долго и ако треба да прави операција можно е сезонава за него да се завршена.
Давиденко исто имаше проблеми, не знам дали ќе се врати, уште не се знае во каква форма е, ама во минатото има покажано дека и тој е одличен на земја.
@Psyside
Теоријава дека некако се штедат тенисериве на мастерсиве ми нема логика.