Syn
https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 29.918
- Поени од реакции
- 44.923
Владимир Зујовиќ пред петнаесетина дена беше на проба во МЗТ Скопје, но сепак оваа сезона ќе го носи дресот на Работнички. Српскиот кошаркар не успеа да се договори за условите од својот трансфер во „Јане Сандански“, но далеку полесно пронајде заеднички јазик со управата на Работнички и денеска го стави својот потпис на договорот со најтрофејниот македонски кошаркарски колектив. Според информациите до кои што дојде ЕКИПА, станува збор за договор до крајот на оваа сезона, по што следното лето повторно би се седнало на преговарачка маса околу евентуалното продолжување на соработката.
Владимир Зујовиќ е 31-годишен кошаркар, висок 201 сантиметар кој што многу добро се снаоѓа на позициите два, три и четири. Токму универзалноста на српскиот интернационалец била главната причина поради која стручниот штаб на Работнички инсистирал на негов ангажман. По слабиот старт на сезоната, управата на клубот со трансферот на Зујовиќ, како и со ангажманот на српскиот центар Милош Павловиќ, јасно стави до знаење дека е решена да инвестира во тимот, се со цел што поскоро да биде пронајден излез од резултатската криза и Работнички да се врати на победнички патеки. За очекување е двете засилувања од Србија своето деби за новиот клуб да го имаат веќе в недела, на дербито во „Борис Трајковски“ против екипата на Торус.
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=2504&fb_source=message
Ако се покажат добро засилувањата и се вклопат во овој моментален тим, може да се каже дека во поглед на играчкиот кадар, направен е ( голем ) чекор напред од минатата сезона.
Останува уште да се крстиме во Србионвски и да се надеваме дека ќе ја оправда онаа доверба која му ја дава Марин и конечно ќе го покаже она што докторот го гледа во него а ние никако да го видиме на дело.