Фан клуб: Работнички

C-13

Лудо маало
Член од
7 декември 2010
Мислења
260
Поени од реакции
60
Значи чим викаат дека е Марин , Марин ке биде до полусезона сигурно(Така барем пишува). Се надевам ке ви текне што направи за Македонија и нема да го мавате со рачки од тапан повторно.
Абе и злато да освоеше марин си е марин,ПИЧКА БУГАРСКА!!!!
така да не верувам дека ке јаде рачки сезонава,очекувам нешто повеке......
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Абе и злато да освоеше марин си е марин,ПИЧКА БУГАРСКА!!!!
така да не верувам дека ке јаде рачки сезонава,очекувам нешто повеке......


Не вредиш тој аватар да го имаш на форумов, зашто Марин е еден од најзаслужните (ако не и најзаслужен) за тоа како игравме како тим на Европсково. Веќе збогтисавме од вакви глупи навивачки изјави. Знам дека е тренер за екипа исто ама респектот е друга работа. Мрази го тимот но луѓето кои те направиле среќен за репрезентацијата - не заслужуваат такви глупости како што напиша.
 
Член од
8 декември 2008
Мислења
643
Поени од реакции
41
Абе и злато да освоеше марин си е марин,ПИЧКА БУГАРСКА!!!!
така да не верувам дека ке јаде рачки сезонава,очекувам нешто повеке......
Неќам да ви се мешам во тие ваши препукувања, ама како не ти е срам?!
 

C-13

Лудо маало
Член од
7 декември 2010
Мислења
260
Поени од реакции
60
А што тоа ме толерираат?!?!?!?
провоцирам????
само кажувам како што е....не го сакам кој го е*е
 
Член од
22 септември 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
прееска бев на тренинг на тренингот беа диме тасовски брендон кол хадзибулич ефтим богоев мираковски марко симоновски и овије младиве дилберовски станков и богевски..
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.135
Поени од реакции
46.154


На барање и инсистирање на фановите на КК Работнички ја разоткриваме мистеријата околу тренерската позиција во клубот. Како што предходно рековме сега и официјално потврдуваме дека Марин Докузовски ке биде шеф на стручниот штаб на клубот, а тренер на првиот тим ке биде Марјан Србиновски. По именувањето на шеф на стручниот штаб и тренер на првиот тим, за очекување е Работнички да го комплетира и играчкиот список. Нашиот клуб досега ангажираше две одлични засилувања во Диме Тасовски и американецот Брендон Кол, но за очекување е во следните петнаесетина дена да се засили со уште неколку одлични кошаркари. Изненадувањата допрва ке стигаат, затоа бидете спремни.

- официјален фан пејџ на КК Работнички.

All I can say is

 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Исто така и Гоцевски ви бил нов играч, меѓутоа од "шефот" бил избркан на сред тренинг и така човекот си потпишал во Бугарија. :)
 
Член од
24 септември 2011
Мислења
1
Поени од реакции
2

--- надополнето: Sep 24, 2011 11:43 AM ---

--- надополнето: Sep 24, 2011 11:43 AM ---

--- надополнето: Sep 24, 2011 11:45 AM ---
ова беа четирите нови транспаренти све е спремно за почетокот на новата сезона :)
--- надополнето: Sep 24, 2011 11:47 AM ---
денеска сите на забавата посветена на црвено белата легенда почеток 22 ч игралиште сокол карпош 1 :)
 
Член од
25 ноември 2010
Мислења
292
Поени од реакции
84
Интервју Марин Докузовски: Велеа, Господ нека ни е напомош со овој селектор



Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, која на нашиот народ му донесе месец на радост, Марин Докузовски, во интервју за Нетпрес искрено и насмеано говори за успесите и падовите на Евробаскетот во Литванија, за шокантниот пречек, за карактерите на неговите кошаркари и за критиките со кои бил испратен - “Господ нека ни е напомош со овој селектор“ и “тешко на оваа репрезентација со Марин“. Тој вели дека најверојатно ја напушта функцијата селектор, но останува да “гине“ за момците кои му го донесоа епитетот европски тренер.
Најпрво честитки за големиот успех. Ги средивте ли малку впечатоците досега?
“Се уште нема сумирање на резултати, немав време, меѓутоа дека се ова најубавите моменти кои сме ги доживеале и јас и кошаркарите во нашиот живот, тоа е сигурно. Ние бевме таму во една крајност, а дојдовме тука во една сосема друга крајност.Таму бевме изолирани, немавме време за радост, игравме натпревар по натпревар, и немаше време за еуфорија и славење. Кога дојде крајот, малку бевме разочарани од поразот со Русија, имавме голема желба да го освоиме, без разлика како течеше натпреварот. Вечерта бевме малку депримирани, но сепак едвај чекавме да се вратиме дома, бидејќи веќе бевме премногу изморени и тука очекувавме дека ќе се одмориме. Кога се вративме тука, не дочека таква еуфорија, таков пречек што не очекувавме. Сите бевме во шок, особено јас. Сеуште неможеме да ги средиме впечатоците, дури сега сфативме што сме направиле“, вели Докузовски.
Тој додава дека дури сега сфаќа колку радост ни донеле тие, дека на народот навистина му требало да се израдува со некоја ваква победа.
“Ние таму бевме како едно семејство, бевме сами, но кога се вративме назад се сплотивме со народот. Имавме голема желба да се израдуваме. Ние таму не бевме израдувани. Сето тоа беше голем шок за нас. Многупати таму додека правевме интервјуа, или додека бевме на некои посети, сите не прашуваа дали може да се сликаме. Нам тоа ни беше чудно. Ние сакавме да се сликаме со нив, не тие со нас. Мерак ни беше на сите“, додава Докузовски.
Вели дека повеќе не му е важен медалот, ниту премиите за кои се зборувало. Додава дека единственото важно е тоа што успеале да направат народот да се почувствува горд на нив.
Некои велат дека ова е инстант успех, како го коментирате тоа?
“Инстант успех беше натпреварот со Грција, инстант е една победа. Но, да направите шест по ред, седум од 11 натпревари... Тоа за мене не е инстант успех. Оваа година многу трениравме на физички план, имавме проблеми додека траеа подготовките, претпрпевме многу критики. Токму тие критики не сплотија. Критики од типот “тешко на оваа репрезентација со Марин“, “Господ нека ни е напомош со овој селектор“ и останати како за мене, така и за играчите. Ние бевме трпеливи, се исклучивме од сето тоа и станавме едно семејство“, вели Докузовски.


спесите Ви донесоа и прекар, кошаркарски Мурињо. Знаете ли за овој прекар?
“Право да ви кажам, прв пат го слушам тоа од вас. Најискрено. Мене знам дека ме викаат Доктор, и тоа навивачите на Работнички, ама за ова незнам. Но, годи во секој случај, а дознав дека ми направиле и графит, за кој ветувам дека ќе го видам уште денеска“, низ смеа вели Докузовски.
Малку за атмосферата внатре во тимот, кој е најголем шегобиец во тимот, кој метафорички, ве одржуваше во живот во Литванија?
“Најголем човек беше Тодор Гечевски. Значи тој беше човекот околу кој се’ се вртеше како личност и како карактер. Сигурно дека и другите беа карактери. Тука беше капитенот Перо, кој беше еден од клучните фактори. Генерално, ние бевме една фамилија. Мислам дека кога пак би бил селектор, многу ќе биде тешко некој да влезе во репрезентација ако не е карактер. Ние сите сме народни луѓе, затоа постигнавме успех“, вели Докузовски.
Тој додава дека тие се едно вистинско семејство, дека еден за друг би “изгинале“ и надвор од теренот. Селекторот го посочува и актуелниот случај со трансферот на капитенот Перо Антиќ во Олимпијакос, за што вели дека имал многу консултации со него, иако заврши првенството и тој веќе не мора да се консултира со него како селектор.
Запрашан за една од најголемите атракции на Евробаскетот натурализираниот Македонец Лестер Бо Мекејлеб, Докузовски ќе каже дека тој е многу специфично дете.
“Бо е едно многу специфично дете. Тој е многу добар. Тој највеќе се вклучи во нашата шема. Сега вели ќе си купи стан, тука во Скопје ќе си живее“, се шегува селекторот, додавајќи дека Бо е голем обожавател на македонските девојки.
Вели, Бо е многу среќен тука во Македонија.Како и репрезентацијата, така и народот, многу го цени. Додава, многу му помогнал во моментите по поразот од Црна Гора, кога дошол до него и му рекол да не се грижи, и дека натпреварот со Хрватска го добиваат сигурно.
“Кога јас нешто ќе ветам, го исполнувам“, му рекол Бо.
Односот со кошаркарската федерација, соработниците, играчите...
“Со играчите и соработниците сум во фантастичен однос. Значи нема играч со кој не сум во добар однос. Ние таму бевме како фамилија, а знаете во секоја фамилија мора да има некој што ќе одлучува. Тоа ми го препуштија мене, а десна рака во тие работи беше Тоше Гечевски, како најискусен. Тука беше Перо како капитен и Влатко Илиевски како искусен. Немаше никакво туторство. Ние бевме фамилија, секој имаше право да каже што мисли. Единственото нешто што беше забрането во репрезентација беше негативно да се зборува. Некогаш не одеше се’ како што треба, имаше нервози, и се’ останато, но негативно не смееше да се зборува“, посочува Докузовски.


Ваш близок пријател рекол дека “првиот момент кога ќе кажеш дека ја знаеш кошарката, готов си“. Ја знаете ли Вие кошарката?
“Не. Тоа ми е од постарите тренери, и тоа правилно сум го примил. Во животот сум примил два совети за кошарката, многу клучни. Едниот е “куферот да ти е постојано спремен“. Сега сум тренер, губам два натпревари и толку. Одам дома. Само што си стигнал дома, стигнува понуда и веднаш одиш. Значи куферот трба секогаш да ти е спакуван. Втората работа е за она кога мислиш дека знаеш се’. Значи кошарката оди секогаш напред и ако не ја следам, ќе бидам демоде тренер, не дека сега сум модерен, но...Мора да се надградуваш постојано“, вели Докузовски.
Според вас, има ли можност да се организираат во Македонија квалификациите за Олимписките игри?
“Мислам дека ќе биде тешко. Тешко заради тоа што другите репрезентации како Литванија, Русија, Грција се финансиски појаки од нас, а Литванија многу пари потроши на Евробаскетот, а не направи ништо. Мислам дека сега ќе има многу голема желба да го организира и ова. Сега ако имаме ние пари, и кога би се одржувало кај нас, навистина би било одлично. Ние, статистички гледано, едно пет години немаме пораз во Македонија. Правиме една супер атмосфера и неможе никој да не победи. Значи ќе имаме голема предност да се игра тука, но тоа се сепак големи финансии. Иако, ние почнавме и надвор да играме добро“, низ смеа вели селекторот.
Има ли некоја репрезентација која би сакале да ја предводите?
“А, неее... Јас би сакал постојано да сум селектор на Македонија. Народот ме сака тука, и никој не може да ме сака како мојот народ. Од егзистенцијална точка ако гледаме, човек треба се’ да прифати. Ако ме прашувате што сакам...не сакам (се смее). Тука е убаво, ама нема финансии, финансиите се на салдо нула. Меѓутоа тоа е, ова што се случи неможе со ништо да се замени. Ако очекував, ќе бев поподготвен, но вака, неможе да се опише“, вели Докузовски.
Потсетувајќи се на моментите на пречекот во Скопје, кога во еден момент виделе еден човек на трактор како им мафта, раскажува како му говорел на Влатко Илиевски за времето кога го чекале Тито да помине.
“На времето, ќе не собереа од школо, на Партизанска, два часа порано. Сите со знамиња Југославија, и чекаме да помине Тито. Ќе помине и на една секунда ќе ни мафне со белата ракавица, а ние сме го чекале два саати да дојде. И сега се потсетив на тоа, и се смеевме со момците“, раскажува Докузовски.



Вашите планови за иднина, Работнички, репрезентацијата или нешто сосема друго?
“Јас дадов изјава и пред почетокот на европското првенство дека повеќе нема да бидам селектор, дека завршив. Незнам сега какво е мислењето на општата јавност, но ќе треба да поразговараме за таа функција, ама мислам дека ќе останам на тоа дека нема да бидам повеќе селектор“, изјави во интервјуто за Нетпрес, селекторот на македонската репрезентација Марин Докузовски.
Тој вели дека е можно да се случи да биде на функцијата главен селектор на сите репрезентации, како државен селектор.
“Да помогнам за развој на младите, затоа што верувам дека ќе се создаде еден вид на вакуум за некоја година. Јас така мислам. Има деца, но не гледам работа. Не се обучени. Немаат тренери. Тука мора да се поработи. Ние дојдовме до тука и сега за некоја година ако ништо не се направи, да паднеш во дупка не е убаво. Ќе помогнам во тој дел во репрезентацијата. И на оваа селекција ќе и помагам се разбира, ќе бидам присутен на секаков начин. Сега е рано, не сум размислувал за функциите“, вели Докузовски.
Тој вели дека засега останува во Работнички, но и дека прв тренер ќе биде Марјан Србиновски.
“Во овој момент јас сум слободен агент. Има многу менаџери со кои сум во контакт, но со никој не сум потпишал ништо, затоа што сум рекол дека кој ќе ми најде најдобра работа, со тој ќе потпишам. Во моментов ниту физички, ниту психички не сум спремен. Морам да ги средам впечатоците, затоа што исцрпен сум максимално“, вели селекторот.
Докузовски вели дека засега ќе чека да се средат впечатоците и да ја одбере вистинската понуда за да не направи некоја грешка.

 
Член од
25 септември 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
нај вероватно нов тренер ке биде марјан србиновски почнавме со тренинзи веке 2 недела имаме малце за подготовки уште 20 дена до почетокот на новата сезона можно е да имаме барем една контролна околу играчкиот кадар ке се знае оваа недела се чека одговор од доста добри кошаркари :)
--- надополнето: Sep 25, 2011 6:40 PM ---
вчера поминавме не заборавна забава имаше и баклејада се запалија накај 100 бакли со ова покажавме што не очекува оваа сезона :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom