Бојан до кога штрајков бе да му ебам мајката?

--------------------------------------------------------
Димитровски до крајот на сезоната во дресот на Работнички
Повремениот македонски кошаркарски репрезентативец Александар Димитровски е нов играч на Фершпед Работнички. Најавите на „Нова Македонија“ од пред неколку дена вчера добија и своја официјализација откако популарниот Мачка потпиша договор со „шпедитерите“ со важност до крајот на сезоната. Тоа ќе биде враќање на Димитровски во „Градски парк“, каде што настапуваше во периодот од 2002 до 2005 година.
Управата на клубот вчера беше растрчана на релацијата „Градски парк“ - КФМ во обид за навремено регистрирање на новото засилување во пресрет на дерби-мечот со МЗТ Скопје, кој се игра утре.
- Брзо се договорив со управата на Работнички. Финансиските услови не ми беа во преден план, бидејќи барав клуб каде што ќе добијам можност да покажам што знам по подолгата пауза поради повредите. Мислам дека не згрешив што се вратив во „Градски парк“ каде што ќе имам можност да работам со Марин Докузовски, кого многу го ценам - ни изјави Димитровски.
Новиот бек на Работнички пред една недела го раскина договорот со Фени индустри, чиј играч беше во изминатава година и пол. Причина за неговото заминување од Кавадарци беше незадоволството од малата минутажа што ја добиваше од тренерот Емил Рајковиќ. Тој за Фени И. одигра само неколку средби поради неколкуте повреди во серија што му се случија во изминативе 18 месеци.
Димитровски кариерата ја почна во велешки Жито Вардар, од каде што мина во Работнички. Пред доаѓањето во Фени И., популарниот Мачка година и пол мина во дресот на полскиот прволигаш Сласк.
www.novamakedonija.com.mk